fbpx
Таг: квартален извештај

таг: квартален извештај

Народна банка: Економскиот раст годинава 2,1 отсто, инфлацијата ќе се намали

Народната банка на РСМ (НБРСМ) проценува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе изнесува 2,1 отсто, додека инфлацијата би се движела меѓу 8 и 9 отсто, до крајот на годинава. Проекциите за бруто-домашниот производ во наредните две години се непроменети, така што се очекува растот да изнесува 3,6 отсто во 2024 и 4 отсто во 2025 година. „Енергетската компонента во...

Во третиот квартал за над 30 отсто зголемен бројот на починати во споредба со лани

Бројот на починати лица во земјава и во третиот квартал од годинава продолжува загрижувачки да расте. Од јули до септември годинава во Македонија се регистрирани 7.209 починати лица, што претставува зголемување од 30,7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година. Во екот на ковид-19 пандемијата, земјава има негативен природен прираст, којшто изнесува  -2 144, што значи дека за...

Во второто тромесечје годинава починале за 40 отсто повеќе лица споредено со лани (инфографик)

Во периодот април-јуни 2021 година во земјава се регистрирани дури 7.496 починати лица, што е за 40,2 отсто повеќе во споредба со второто тримесечје од 2020 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачкиот тренд на зголемување на бројот на починати лица во земјава продолжува и во текот на 2021 година. Колку за потсетување, Мета.мк веќе пишуваше дека...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле најгледани телевизии на почетокот на годинава

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле трите телевизиски канали што биле најгледани од граѓаните во земјава, покажува истражувањето за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за првиот квартал од 2021 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Бројот на граѓани што гледаат телевизија во земјава останал висок и во првите три месеци...

МРТ официјално и во третиот квартал работела со добивка, но бројот на вработените и понатаму опаѓа

Македонската радио-телевизија (МРТ) во третиот квартал од 2020 година официјално работела со добивка, но бројот на вработени во јавниот радиодифузен сервис продолжил и понатаму да опаѓа. Во периодот од јули до септември 2020 година, МРТ остварила приходи од над 227 милиони денари (речиси 3,7 милиони евра) и вкупни расходи од над 209 милиони денари (речиси 3,4 милиони евра). Јавниот...

Речиси третина од граѓаните не гледаат телевизија, „Сител“ и во третиот квартал најгледан ТВ канал

Македонските граѓани сè помалку време минуваат пред телевизиските екрани, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот јули-септември 2020 година. Дури 30,7 отсто од анкетираните лица одговориле негативно на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Интересно е дека овој податок се однесува за периодот во кој се одвиваше предизборната кампања...

Пред изборите и за време на короната најгледани телевизии биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“

Трите домашни телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледаните радиодифузери за време на епидемијата со корона вирусот во земјава, како и во периодот пред одржувањето на парламентарните избори, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоците за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиите во вториот квартал...

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ најгледани, граѓаните пред телевизор најмногу следат вести

Најголем дел од македонските граѓани редовно гледаат телевизија, при што најмногу внимание посветуваат на следењето вести и информативна програма на телевизиските канали. Во првиот квартал од 2020 година, најгледани домашни телевизиски канали биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“, се наведува во Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците...

УЈП: Средствата од второто тримесечје од МојДДВ ќе легнат на сметките во февруари

Граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври - декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ во февруари 2020 година, информираат од Управата за јавни приходи. Тие информираат дека во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра. Заклучно со 30 декември, податоците на УЈП покажуваат дека за три месеци...

Во првото тримесечје нема барања за утврдување одговорност на судија

Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија во првото тримесечје од оваа година, односно во периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година, примил вкупно 121 иницијатива за утврдување одговорност на судија, стои во првиот квартален извештај на Советот. Според извештајот, во вкупниот број на претставки и на поплаки, во јануари до Советот...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...