fbpx
Таг: квалификации

таг: квалификации

Познати можните противници на нашата фудбалска репрезентација во баражот за Мондијалот

По натпреварите вчеравечер од европскиот дел на квалификациите, веќе се познати можните противници на македонската машка фудбалска репрезентација во баражот за Светското првенство во Катар следната година. Ова ќе биде првото вакво учество во бараж за пласман на Светско првенство, соопшти ФФМ. Можни противници на Македонија во обидот да се пласира на Мондијалот се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и...

Македонија ја победи Германија во фудбал на нивен терен, за квалификации за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија во Дуизбург со 2:1 во квалификациите за Светското првенство, а натпреварот беше вистинска фудбалска сензација. Двата гола за репрезентацијата ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмас. Македонија поведе со 1:0 со гол на Горан Пандев во продолжението на првото полувреме. Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Илкај Гундоган од пенал во 63.минута. Македонија на...

„Карпош соколи“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите

Кошаркарскиот клуб „Карпош соколи“ ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Кошаркарите од Карпош ќе одиграат три квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва домаќин на Италија

Македонија е домаќин на репрезентацијата на Италија, а фудбалскиот натпревар ќе се одржи вечерва на Национална арена „Филип Втори“ во 20.45 часот. Натпреварот е во рамките на квалификациите за Светско првенство во 2018 година. Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираат навивачите да дојдат навреме и нагласуваат дека вратите на арената ќе бидат отворени од 18.45 минути, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот...

Герила-акција на натпреварот Македонија – Чешка

„Шарената револуција“ вечерва изведе нова герила-акција на ракометниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Чешка. Демонстрантите, за време на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, извадија транспарент на кој беше испишана пораката „Шутка не ти гине Никола“. Вечерва се одигрува реванш-мечот од квалификациите за Светското првенство во ракомет, кое треба да се одржи следната година во Франција.

Македонија во Скадар ќе ги почне квалификациите за Светското фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација со мечот против селекцијата на Албанија, закажан за 5 септември, ќе го почне квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2018 година, што ќе се одржи во Русија. Мечот, како што одлучи албанската фудбалска федерација, ќе се игра во Скадар, на стадионот „Лоро Боричи“, кој има капацитет од 20.000 седишта и во моментов се реновира. Еден месец подоцна, предвидени...

МВР: Посебен сообраќаен режим за натпреварот меѓу Вардар и Апоел

Министерството за внатрешни работи (МВР) утре, 20 јули, ќе воведе посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во центарот на Скопје, а во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и на Апоел од Никозија, Кипар, кој се игра во рамките на квалификациите за Лига на шампиони. Како што информираат од МВР, мерките се преземаат поради големиот интерес за...

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата за ГН на Малезија

Возачот тимот на Мерцедес во Формула1, Луис Хамилтон, на утрешната трка за Големата награда на Малезија ќе стартува од првата позиција, откако на денешните квалификации постигна најдобар резултат и ја освои втората пол-позиција оваа сезона и вкупно 40. во неговата кариера. Зад Хамилтон, на патеката Сепанг, утре од втората позиција ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел, од третата ќе...

Фудбалската репрезентација без Ибраими против Словачка

Фудбалерот Агим Ибраими нема да игра на престојниот натпревар против Словачка, во рамки на четвртото квалификациско коло од групата Ц за пласман на Европското првенство во Франција во 2016 година. Како причина за отсуството на Ибраими се наведува дека фудбалерот има пневмонија, а селекторот Бошко Ѓуровски нема да внесе нов фудбалер на негово место. Натпреварот со Словачка, нашата фудбалска репрезентација...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...