fbpx
Таг: куршум

таг: куршум

Малолетник греел куршум со леткум, детонацијата му го повредила показалецот

Малолетник во гостиварското село Зубовце вчеравечер добил повреди на показалецот, откако експлодирал куршумот што го загревал со леткум. Како што соопшти полицијата, вчера, околу 21 часот, во куќата на неговиот дедо во Зубовце, 10-годишниот малолетник, додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што куршумотт пукнал и му нанел...

Две лица ранети во Сарај

МВР соопшти дека во два инцидента во селото Сарај вчера биле ранети две лица. Еден од ранетите е сопственик на менувачница, а добил куршуми во двете нозе при грабеж на менувачницата во трговскиот центар „Сарај“. Еден од разбојниците носел автоматска пушка, а другиот пиштол кога влегле во менувачницата во 20.20 часот вчера. Сопственикот на менувачницата поради повредите е однесен во Ургентен центар. Во...

Момче убиено на свадба во Липково

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу 22.45 часот, додека момчето и...

Tинејџер ранет во Брњарци, полицијата вели – од залутан куршум

Тинејџер ноќеска во селото Брњарци добил куршум во десната натколеница, соопшти СВР Скопје, велејќи дека станува збор за заталкан куршум. Инцидентот се случил во 1.15 часот, кога 17-годишен малолетник од Стајковци бил во Брњарци, по што бил ранет. Потоа е пренесен во Хируршката болница „Свети Наум Охридски“, каде е утврдена огнострелна рана, односно тешка телесна повреда, и е задржан на...

Петковски добил куршум додека бил во друштво со ексначалник на УБК и со поранешен градоначалник на Битола

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, кој вчера беше повреден со куршум во ногата, за време на инцидентот бил заедно со свои блиски пријатели, поранешниот градоначалник на Битола, Златко Вршковски, и бившиот началник на УБК за Битола, Љупчо Чкљамовски. Извори од полицијата за „Мета“ велат дека најверојатно е пукано од пиштол со придушувач. Од полицијата во Битола велат дека официјално ќе излезат...

МВР истражува како куршумот завршил во ногата на битолскиот функционер на СДСМ

СВР Битола потврди дека денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Оттаму за „Мета“ велат дека се врши увид и вештачење, а за подоцна најавија повеќе информации. Инаку, настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар. Куршумот, како што...

Функционер на СДСМ од Битола, погоден со куршум во нога

Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар. Куршумот, како што дознаваме, завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. Засега не се знае...

Наставник вчера пријавил пукотници во близина на училиште во Липково

Наставник во основното училиште „Исмет Јашари“ во кумановското село Липково вчера попладне, околу 14.45 часот, пријавил дека слушнал пукотници и нашол куршум пред влезот на спортската сала на училиштето, информираат од МВР. Според полицијата, наставникот С.А. (45) од Липково на полициските службеници што дошле на местото им рекол дека додека имал час, околу 14.30 часот, слушнал неколку истрели. Тој излегол надвор...

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување. На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, во делот за посетители, кое...

Куршум оштетил фасада на станбена зграда во Скопје

Вчера попладне, на улицата Тодор Александров во Скопје, била оштетена фасада на вториот кат од станбена зграда, најверојанто од истрелан куршум, информираат од полицијата. Како што додаваат оттаму, во случајот нема повредени лица, а екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Скопјанец повреден од заталкан куршум

Триесет и четиригодишен скопјанец добил повреда на стапалото на десната нога од заталкан куршум. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил ноќеска, околу три часот по полноќ, додека Г.А. бил во дворот на својата куќа на скопската улица Димче Милошевски. Повредениот е пренесен во Ургентен центар во Скопје за укажување лекарска помош, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...