fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Бујана Ахмети: Талентот е многу важен, но без работа не можете да постигнете ништо

Бујана Ахмети е 15-годишна девојка со потекло од Куманово. Родена е и израсната во Белгија. Целиот нејзин свет се врти околу харфата. Во Белгија е запишана на музичка академија. Таму Бујана поминува голем дел од денот. Таа за Порталб.мк зборува за нејзините достигнувања. „Татко ми многу ја сака музиката и тој беше еден од тие што ме мотивираа да се занимавам...

Мала пошта од населбата Перо Чичо во Куманово разубавена со мурали [фото]

Мала пошта бр. 1310, омилена на граѓаните од населбата Перо Чичо во Куманово, конечно доби ново руво, информираат од Центар за современи уметности Скопје, кои овој проект го спроведоа со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија. „Локалната иницијатива беше спроведена во соработка со АД Пошти на Северна Македонија кои дадоа одобрување за спроведување на оваа Локална иницијатива. Малата пошта...

Проблемот со третманот на отпадот никако да се реши во земјава, можна солуција е преработката за енергија

И покрај тоа што во Македонија една и пол деценија се зборува за регионални системи за управување со отпад и за негов современ третман, многу малку е направено во реалноста во изминатиов период за изградба на модерните регионални депонии. Во меѓувреме, количеството на создаден комунален отпад во континуитет расте, а бројот на диви депонии во земјава непрекинато се зголемува....

Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово, порача да се пријават сите граѓани

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ "Перо Наков", прими вакцина против ковид-19. Во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација, информираат од Кабинетот...

Шест години од „Диво Насеље“, Македонскиот полициски синдикат се потсети на загинатите колеги

Денеска се навршуваат точно шест години од почетокот 20-часовните борби во кумановската населба Диво Насеље, во кои загинаа осуммина полицајци и 10 припадници на вооружената група. Полициската акција и престрелките почнаа уште во раните утрински часови на 9 амј 2015 година. На загинатите колеги денеска се потсети Македонскиот полициски синдикат. „Шест години непребол и сеќавање нашите колеги,хероите од кои ги положија...

Куманово со „ГЕНЕРАЛКА викенд“, Димитриевски апелира да не се исфрла отпадот непрописно

Апелирам до граѓаните да не го исфрлаат отпадот непрописно, никогаш не можеме да исчистиме толку колку што самите може да уништиме и загадиме, порача градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на еколошката акција ГЕНЕРАЛКА викенд во рамките на проектот „Зелена сончева“, кој се одвива под мотото „За чисто како дома исто“. Во акцијата учествуваат и Секторот за комунални...

Бочварски: Санирана штетата на пругата кај Куманово, од утре повторно ќе биде во функција

фото: мин за транспорт и врски
Железничката пруга што беше оштетена кај Куманово поради излизгување на товарниот воз во четвртокот, од утре ќе биде повторно ставена во функција, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на 250 метри пруга што беше оштетена. Бочварски рече дека вработените во рекордно време...

ДИЖС: Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Државниот инспекторат за животна средина на 5 март извршил вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, информираат од таму. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео-запис на кој можел да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови и прашина од страна...

Со 13 милиони евра се рехабилитира делницата меѓу Куманово и Страцин од патот кон Бугарија

Во текот на годинава ќе заврши рехабилитацијата на втората фаза, а веќе во март ќе започне реконструкцијата на коловозот на првата фаза од патниот правец меѓу Куманово и Страцин на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи, информираат од Министерството за...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур. Одбележувањето на ваквите денови...

Државата и германската „Вибе“ преку арбитража ќе го решаваат спорот со недоградената пруга Куманово-Бељаковце

Спорот меѓу државата и германската компанија „Вибе“ околу недоградената пруга Куманово-Бељаковце ќе се решава пред меѓународен суд. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека преку арбитража ќе се решава прекинот со изградба откако фирмата-изведувач „Вибе“ на 29 мај годинава го известила Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ дека бара раскинување на договорот за изведба...

До почетокот на 2022 година ќе се патува по нов и реконструиран пат на Коридорот 8 кон Бугарија

Непречено се одвива модернизацијата на патната врска меѓу Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Најзначајниот проект - изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да се пушти во употреба до крајот на 2021 година. Патот е поделен на две делници со должина од 25 километри. Делницата од Крива Паланка до Длабочица во моментов е со физичка реализација од...

И по седум години изградба, не се знае кога ќе помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце (мултимедија)

Со многу помпезност и пред бројни телевизиски камери, на 2 март 2014 година беше поставен камен-темелник за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Почетокот на оспособувањето на пругата долга 30,8 километри го означи тогашниот премиер Никола Груевски, кој не пропушти да спомене многу амбициозни планови за развојот на железничката инфраструктура...

Куманово стана домаќин на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа

Од денеска, во следните шест години, касарната „Боро Менков“ во Куманово е седиште на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade), мировни сили формирани во 1999 година во рамките на СЕДМ-процесот на регионална соработка во одбраната. - „Сибриг“ се врати дома, бидејќи во далечната 1998 година, токму во Скопје е одржана конференцијата и потпишан договорот...

Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со...

Надзорот прави пресек на сработеното, пругата Куманово-Бељаковце ќе продолжи да се гради догодина

Откако германската компанија „Вибе“ како изведувач се одлучи да го раскине договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, надзорот над градежните работи на овој проект започна активности за изготвување на пресек на завршените работи. Досега се реализирани 55 отсто од физичките работи за изведба на пругата на терен, а по изготвувањето на пресекот, ќе биде изработена тендерска документација и ќе...

Над 2,2 милиони евра годинава се префрлени од државата до Железници за изградба на пругата Куманово-Бељаковце

Министерството за транспорт и врски на ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура од јануари до јуни годинава му префрлило над 2,2 милиони евра од кредот на ЕБОР за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, покажуваат податоците објавени на open.finance.gov.mk. Од кредитот во висина од 46,2 милиони евра што земјава го подигна во 2012 година, само во првото полугодие од државата на јавното...

Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во изјава за „Мета.мк“ велат дека...

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е дадена на усвојување во Владата,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...