fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

Пет лица во петокот биле приведени затоа што се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за четири лица-жители на Скопје – А.А. (31), М.А. (24), Д.С. и З.Р. и една жителка на Крива Паланка – И.М. (23). Тие минатиот месец стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти...

Пет македонски градови ќе се справуваат со аерозагадувањето со помош на Шведска и УНДП

Во пет општини -  Кавадарци, Струмица, Гостивар, Струга и Куманово, изворите на загадување на амбиентниот воздух ќе се идентификуваат со најсовремена опрема и методологија, при што за првпат во земјава ќе се спроведе и мерење на загадувањето на воздухот во затворен простор. Истражувањата ќе ги вршат Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (УГД) и лабораторијата „Амбикон“, а ќе се спроведат...

Дојави за бомби во 16 скопски и две кумановски училишта

Закана за поставена експлозивна направа денеска на своите електронски адреси добиле вкупно 18 училишта. Од нив, 16 се во Скопје, а две училишта во Куманово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Освен на електронските адреси на училиштата, заканата била упатена и на приватните меjлови на деветмина професори од истите училишта. Ова е трет ден по ред како училишта во Скопје и...

Возовите кон Куманово и Табановце повторно не сообраќаат, нема доволно машиновозачи

Патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаат од 4 јануари годинава, а граѓаните од кумановските села реагираат дека им е укинат најевтиниот превоз кон Куманово и Скопје. Според возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, дневно меѓу Скопје и Табановце сообраќаат по четири пара возови, со поаѓања од главниот град во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот и поаѓања од...

Дојави за бомби денес добиле 39 училишта во Скопје и 10 во Куманово

Денеска биле испратени рекордни 49 дојави со закани за поставена бомба во основни и во средни училишта. Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега дојави пријави стигнале до 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, како и до 8 основни плус еден клон на училиште и едно средно училиште во Куманово. „Во најголем дел од училиштата во Скопје се...

Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта во Куманово

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во училишта во Скопје и Куманово, потврди Министерството за внатрешни работи. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР. Меѓу училиштата во кои се врши евакуација се и основните училишта...

Пожар кај Ѓавато, поплава во Кочани

Пожарот кај место викано Погана на југот на земјава е активен и се движи од село Ѓавато кон село Грчиште. Кај Ѓавато е запрен на 100 до 200 метри од селото, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Освен тоа, вчера имало и поплави на повеќе објекти во општина Кочани, каде што исто така екипите на ЦУК интервенирале. „На...

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

Патници кои секојдневно патуваат на релацијата меѓу Скопје и Табановце се жалат дека четирите пара возови веќе неколку дена не сообраќаат. До редакцијата на новинската агенција Мета пристигна поплака од граѓанин за укинувањето на возовите, кои секојдневно поаѓаат од Скопје за Куманово и Табановце во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот, како и од Табановце и Куманово за Скопје...

Четири општини ги послушаа младите и започнаа да ги реализираат нивните еколошки идеи

Нови контејнери и велосипедски патеки во Куманово, фотоволтаични кровови во Чаир, селекција и чистење на отпадот и нови велосипедски паркинзи во Аеродром, како и нови паркови и повеќе зеленило, а помалку автомобили во Кисела Вода. Ова се проекти на кои се работи, а кои ги побараа младите од овие четири општини пред локалните избори минатата година, преку проектот „Дигитален...

ФИЛМАЈ ги објави наградените и селектираните кратки филмови за годинава

Стручното жири на овогодинешниот меѓународен фестивал на кратки филмови ФИЛМАЈ ги објави наградените и селектираните филмови. Наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија ја добива Самир Карахода од Косово за филмот „Изместени“, чија премиера беше во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал минатата година и до сега освои повеќе награди на престижни фестивали. Владимир Самоиловски е добитник на наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра...

ХЕРА го отвори младинскиот центар „Сакам да знам“ во Куманово

Во Куманово денеска беше отворен првиот младински центар „Сакам да знам“ во градот од страна на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Локацијата е отворена во соработка со Здравствениот дом во Куманово, каде што и ќе биде сместен центарот, информираат од ХЕРА. Овој младински центар, прв од ваков вид во Куманово, ќе нуди бесплатни и доверливи психолошки услуги...

Вистиномер: Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин во завршна фаза

Во продолжение ја пренесуваме проверката на едно изборно ветување што ја направи „Вистиномер“: ВЕТУВАЊЕ: Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делница долга 32 километри. Тоа што е значајно е  значително да ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен...

Падна првиот снег во Скопје, проблеми на патиштата во северните делови на земјава

Првиот снег денеска падна во Скопје, а врнежи од снег и температури околу нула степени се регистрирани и во Полошката котлина и во Куманово. Снежните врнежи кои започнаа претпладнево во главниот град засега не предизвикуваат поголеми проблеми во централното градско подрачје, но затоа пак стигнуваат првите информации за проблеми на патиштата коишто водат надвор од главниот град. Како што јавува...

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово

Проектот за гасификација на Општата болница во Куманово е завршен, со што оваа здравствена установа целосно ќе се загрева на природен гас, најави министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук страница. „За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа. Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во...

„Младите против насилство“ за општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза

Обезбедување подобри услови за живот и развој на младите, креирање стабилно општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза, како и промоција на позитивните вредности за изградба на психофизички здрава младина, беше повод за потпишување Меморандум за реализација на заеднички активности во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација - Младите против...

Димитриевски останува градоначалник на Куманово, извесна победата на Пецаков во Охрид

Независниот кандидат и досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на локалните избори. Од обработени 57 отсто од гласовите од страна на ДИК, Димитриевски води со над 2.000 гласови пред Оливер Илиевски. Кандидатот на СДСМ, Илиевски, го призна поразот и му честиташе на својот противкандидат. „Му честитам на победата и му посакувам успешен мандат“, изјави Илиевски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил...

Изборни инциденти во Куманово и Вевчани, боксерска пресметка и неовластено фотографирање лични карти

На неколку дена пред вториот круг на гласањето на локалните избори во земјава, Министерството за внатрешни работи (МВР) и различните политички партии информираат за изборни инциденти, кои влегоа и во билтените на МВР. Во Куманово, во саботата на 23 октомври во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко....

Започна свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври (Во живо)

Продолжуваат свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан. Денеска во Прилеп, делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен...

Вистиномер: Оливер Илиевски не му е братучед на Оливер Спасовски

И покрај ветувањето за чиста кампања, оценуваме невистина искажана од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник од СДСМ за во Куманово, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги кандидатите за градоначалници на СДСМ во повеќе градови, во соопштение до медиумите го тврди следното: Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот...

Вистиномер: Централниот одбор не го потврдува само исклучувањето на Димитриевски од СДСМ, туку расправа во негово присуство

Максим Димитриевски најверојатно ќе биде исклучен од партијата. Но, постапката не е така едноставна како што ја прикажува лидерот Зоран Заев, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот го пренесуваме во целост: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде изјава за постапката и причините за исклучување од членството на партијата на Максим Димитриевски, градоначалник од СДСМ, при што ја искажа следна изјава што...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...