fbpx
Таг: култура

таг: култура

Стружанка заработи кривична пријава поради испишување графити на споменик на културата

СВР од Охрид ѝ поднесе кривична пријава на стружанката  Ј.М. (24), поради постоење основан сомнеж дека сторилка казнено дело оштетување туѓи предмети. Пријавената, на 30 април, извршила оштетување на спомен-куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов, на улицата Коста Абраш во Охрид. Објектот е категоризиран како македонско културно наследство и културно-историски споменик, заштитен со закон од 1950 година. - Настанот се случил околу 1 часот,...

Македонскиот хор „Проарс“ настапи на фестивал во Солун

Солунската публика имаше можност викендов да ужива во настапот на македонскиот хор „Проарс“, на шестиот Светски фестивал на хорови за мјузикли во Солун. Фестивалот важи за една од поинтересните културни манифестации и веќе шест години се одржува во Солун. „Проарс“ имаше можност двапати на фестивалот да воодушеви со своите вокални и драмски можности. Хорот настапи на официјалното отворање, во фантастичниот антички...

„Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

Во Македонската опера и балет, по повод денот на виното и на вљубените, вечер ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Кантатата е во режија на Дејан Прошев, а ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Главни солисти се Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон). „Кармина Бурана“ со пораката „Среќата...

Министерката Канческа-Милевска се сретна со амбасадарот Пломп

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп, со кој разговарала за продлабочување на соработката помеѓу двете земји преку поголема размена на експерти, уметници и на проекти. Министерката Канческа-Милевска на средбата потсетила дека досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување на македонската култура во оваа...

Талески: Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата

Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата, во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави и концерти, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. - Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект од големо културно и историско значење....

„Три дена во септември“ премиерно прикажан во Охрид

Дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на „Скопје филм студио“, синоќа ја доживеја охридската премиера како филм од официјалната селекција на годинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. „Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос, ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава...

Трето издание на манифестацијата „Лето на тетовската култура“

На 20 јули, в понеделник, почнува третото издание на фестивалот „Лето на тетовската култура“ под покровителство на Општина Тетово. Манифестацијата опфаќа различни културни настани, кои ќе се одвиваат на повеќе локации во Тетово, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, на градскиот плоштад и во просториите на Државниот универзитет - Тетово. Петнаесет дена тетовци ќе имаат можност да уживаат во...

Меѓународен семинар за македонски јазик, лингвистика и култура во Охрид

Утре, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, свечено ќе биде отворена 48. по ред летна македонистичка школа, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој ќе трае до 27 јуни. Од УКИМ велат дека Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура веќе е препознатлив како летен универзитет по македонистика, за што сведочи...

„Свадба.док“ е добитник на главната награда на фестивалот на непрофесионален филм „Велес 2015“

Александар Андоноски од Прилеп за филмот „Свадба.док“ е добитник на главната награда и на наградата за режија на 44. Државен фестивал на непрофесионален филм „Велес 2015“ во организација на Кино-сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и на Народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес. На сцената на велешкиот театар, синоќа наградата му ја врачи претседателот на жирито, Јордан Витанов. Витанов, заедно...

Јубилејно 55. издание на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“

Денеска во Охрид, со правата прес-конференција годинава, официјално беа промовирани новите простории на Дирекцијата, но и програмата за претстојното, годинава -  јубилејно, 55. издание на музичко-сценскиот меѓународен фестивал „Охридско лето“. Во традиционалниот термин на 12 јули, Петровден, фестивалот ќе биде свечено отворен со музичко-сценскиот спектакал „Кармина Бурана“ на Карл Орф, во изведба на светски познатиот ансамбал од Шпанија „Ла фура...

Великаните на словачката книжевност, Валек и Михалик, на македонски јазик

Деновиве од печат излегоа две стихозбирки од двајца великани на словачката книжевност: „Минута пред заспивање“ од Мирослав Валек и „Еротикон“ од Војтех Михалик. Преводот го направи Стојан Лекоски, а препевите се од Матеја Матевски (Валек) и Тоде Илиевски (Михалик). Издавачи на книгите се: ИТВ – ЗКСП од Охрид и „Ирис“ од Струга. Двете книги ќе бидат промовирани в петок, 8 мај, во...

Средба на Канческа-Милевска со американскиот амбасадор Бејли

Министерката за култура, Елизабета Канческа–Милевска, денеска имаше средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, на која е оценето дека двете држави имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите области на културата. Канческа-Милевска, како што информираше ресорното Министерство, се заблагодарила за огромната поддршка што Амбасадата на САД во Република Македонија, преку Амбасадорскиот фонд, ја дава...

Промовиран шестиот том од „Толковен речник на македонскиот јазик“

Јазикот е значаен сегмент од целокупното културно наследство на еден народ. Тој е компонента што го детерминира потеклото на народот, неговото минато и без него идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа јазичното богатство, вметнато меѓу кориците на македонскиот толковен речник е непроценливо богатство за нашиот народ. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во обраќањето на денешната промоцијата...

Македонско-албанска соработка во сферата на културата

„Македонско-албанската соработка во сферата на култура се развива успешно и на обострано задоволство. Се остварува низ многубројни активности во делот на заштита на културното наследство, гостувања на театрите од Македонија во Албанија и реципрочни гостувања на театрите од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја. Значајна е и соработката во музичко-сценската, фолклорната и во издавачката дејност, како и во...

Дуке Бојаџиев и Филхармонија ќе настапат и во „Карнеги хол“ во Њујорк

Композиторот и пијанист со меѓународна кариера, Дуке Бојаџиев, е задоволен од одѕивот за неговите четири концерти што ги изведе изминатиот викенд во Скопје („Сон, верба, љубов“ со Македонската филхармонија во петокот, два концерта во МКЦ во саботата) и за концертот во Битола во неделата. Поради голем интерес од публиката, Бојаџиев деновиве ќе одржи концерт и за велешани во новиот театар, пред неговото заминување...

Реставрирана фасада на објект од староградска архитектура во Кичево

Во Кичево денеска беше претставен новиот лик на куќа – споменик на културата од прва категорија, на улицата Јанко Михајловски број 11 и 13, на која фасадата е обновена со 1.800.000 денари од Министеството за култура, во рамки на проектот за заштита, реставрација и конзервација на објекти од староградската архитектура во државата. Објектот е изграден во 1934 година, имал различни намени,...

Дигитализација на книжниот фонд во НУБ со нова опрема

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е ставена во функција современа висококвалитетна опрема за дигитализација на книжниот фонд, која Владата на Рeпублика Македонија ја набави во рамки на проектот дигитална библиотека. Со новиот сервер ќе продолжи дигитализирањето на печатените книги кои се чуваат во НУБ и кои во дигитална форма се ставаат на страницата на дигиталната библиотека (www.dlib.mk),...

Охрид догодина – Светски град на хуманизмот

Претседателот на Академијата на хуманизмот, Јордан Плевнеш, обзнани дека Охрид догодина ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. -Постапката е почната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот - вели Плевнеш. Формален повод ќе биде 1.100-годишнината од смртта на свети Климент Охридски. Плевнеш предлага дотогаш да се одбере локација...

Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014 година се доделени вкупно 375 стипендии за кои Министерството годишно наменува по околу два милиона денари. Стипендиите се доделуваат за...

Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“

Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула, која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 година, стигнале пријави и од Неготино и од Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...