fbpx
Таг: кучиња

таг: кучиња

Mинимални казни за трујачите, неодговорните сопственици и за мачењето животни

„Докторот што со патничко моторно возило влечеше куче врзано за автомобил заработи кривична пријава, а кучето му е одземено“. „Х.Х. организирал борби помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство“. „Обвинетиот,...

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. „Иако бил свесен дека на местото...

Уапсен тинејџер од Тетово за организирање борби со кучиња

Долго време активистите и невладините организации бараат да се стави крај на организираните борби меѓу кучиња за забава и профит кои се сметаат за кривично дело „мачење животни“. По голем број вирални фотографии и видеа на социјални мрежи од организирани борби со кучиња, вчера полицијата во тетовско Лавце го лишила од слобода 19-годишниот Х.Х. поради сомнение дека заедно со уште...

Застрелани шест кучиња во Прилеп, „Анима Мунди“ бара реакција од полицијата

На фотографијата е Шарче, куче од Прилеп, чиј сопственик вчера на социјалните мрежи објави дека завчера, на 5 февруари, било застрелано и убиено заедно со пет други кучиња. „Низ населбата Варош во Прилеп на улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски, Благоја Јовчески и Благоја Шукуроски (сите во периметар од 500 метри) граѓаните беа сведоци на трагите кои се сè уште видливи...

Јужна Кореја ќе го забрани производството и продажба на кучешко месо

Парламентот на Јужна Кореја усвои значајна забрана за производство и продажба на кучешко месо, откако се зголеми јавната загриженост за правата на животните, но и за меѓународниот имиџ на земјата, јавува Асошиејтед Прес. Одгледувачи на кучиња, револтирани од одлуката, изјавиле дека планираат да ја оспорат уставноста на законот и да одржат протестни собири, што е само уште еден доказ за...

(ВИДЕО) Ива Стојановиќ – кога љубовта кон животните се претвора во акција за менување судбини

Со своите емотивни стории на социјалните мрежи, Ива Стојановиќ од Скопје со години наназад се обидува да им го приближи она што македонските граѓани понекогаш имаат потешкотија да го разберат - зошто треба да се има емпатија кон секое живо суштество на планетава, зошто треба да се помага и пред сè, дека порастот на бездомните животни во државата се...

Возел 320 километри на новогодишната ноќ за да спаси од евтаназија што повеќе кучиња од Британија

Семи Вилкинсон, љубител на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) возел повеќе од 320 километри (200 милји) на новогодишната ноќ за да земе кучиња од оваа раса и да ги однесе Шкотска, само неколку часа пред да биде воведена забраната за оваа раса во Англија и Велс, пренесува Индипендент.  Забраната за оваа раса стапи на сила во неделата, на 31...

Во Британија на полноќ стапува на сила забрана за расата „XL бул“ кучиња

Забраната на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) од денеска на полноќ треба да стапи на сила во недела во Англија и во Велс, по најавата од септември од страна на владата на Обединетото Кралство дека постои пораст на фатални напади од оваа раса кучиња. Расата „XL бул“ беше додадена во септември на листата на кучиња забранети во Англија и...

Си го оставил кучето врзано во напуштена фабрика, Лајка најавува кривична пријава

Свирепа судбина за животот на едно куче сподели денеска ЈП „Лајка“, со апел да се согледа реалноста како завршуваат дел од кучињата кои имаат сопственици, а потоа се откажуваат од нив и ги напуштаат. Германскиот овчар бил пријавено од граѓани дека веќе подолго време е на јавен простор и напуштено. На 18-ти месецов, тоа било заловено од заловувачките екипи во...

Го оставиле кучето со ветеринарната книшка во парк за миленици, сега му се бара нов дом

Пред два дена, токму кога се одбележуваше Светскиот ден на животните, мало кутре било оставено во паркот за миленици кај објектот на поранешна „Нова Македонија“. Сопствениците кои го напуштиле, го оставиле и неговиот вакцинален картон и храна за него. Фотографии од напуштеното куче се вртеа низ социјалните мрежи, со коментари во однос на неодговорноста и несовесноста на сопствениците на милениците....

Идната сабота изложба на вдомени кучиња на Школка

По повод третиот роденден, јавното претпријатие „Лајка“ организира изложба на вдомени кучиња в сабота, 14 октомври во Градскиот парк на Школка. Сите заинтересирани за учество на изложбата треба да ја пополнат оваа апликација. „На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле...

Кучето на Бајден касна уште еден чувар во Белата куќа, единаесетти по ред

Двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џо Бајден каснал уште еден агент на Тајната служба. Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на службеникот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во вчерашното соопштение на Тајната служба што го пренесе Би-би-си. Ова е единаесетти пат кучето Командер да касне чувар во Белата куќа или во домот...

Првиот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи на 17 септември

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“ -  регионален настан за сите љубители на животните. „Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина - едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно...

„Бездомните“ животни во Истанбул – хармонија во секојдневниот живот, без напади и изживување

Пеколен летен ден во Истанбул. Бегство од сончевите зраци наоѓаме во најблиското продавниче за вода. За разлика од Македонија, во градот на Босфорот пречекот на муштеријата е изненадувачки. Покрај продавачот, речиси во секое дуќанче има барем по една мачка или куче. Испружени покрај тутунот и наргилето на полиците на киосци, распослани по подот во климатизираните сувенирници, поспани по столиците...

ВИДЕО-СТОРИЈА: Кучињата „инспектори“ од Царина – преку ден трагачи на дрога и пари, навечер членови на семејството

Марихуана, кокаин, хероин, екстази, амфитамини, евра, долари, фунти, оружје се само дел од работите кои петте ангажирани кучиња во К9 единицата при Царинската управа можат да ги „намирисаат“ при нелегален влез во државата. Во сторијата на Мета.мк направена во соработка со „А1он“, царинските службеници кои се грижат за овие кучиња, објаснуваат и демонстрираат како тече нивниот тренинг и каде се...

Царината доби засилување, лабрадорот од Германија го заврши тренингот за откривање наркотици, оружје и пари

На кучињата Бен, Рекс, Били кои во Царинската управа се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари ќе им се придружи нивниот нов шепаст колега Бади. Директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствуваа на последниот дел од обуката на царинско куче од расата лабрадор кое е донирано и обучувано од страна на Германското друштво...

Бесплатни стерилизации на кучиња во Берово и во Сопиште

Општина Берово ќе врши субвенционирање на 100% од трошоците за стерилизација на триесет женки-кучиња на територијата на општина Берово, во текот на 2023 година, соопшти општината. Cубвенцијата се состои од покривање на 100% од трошоците кои сопственикот ги има направено за стерилизација на истото. По основ на овој јавен повик ќе бидат субвенционирани 30 лица, а истиот ќе биде реализиран...

Домашните некастрирани кучиња напаѓаат многу повеќе отколку бездомните

Според неодамнешните статистики за каснување од кучиња, во 2022 година имало речиси 100 милиони каснувања од кучиња ширум светот, а приближно 10 милиони се случиле во САД. Од сите возрасни групи, помалите деца имале поголема веројатност да бидат каснати од кучето на соседот или пак од семејното куче отколку возрасните луѓе. Ова се вели во анализа на адвокатската канцеларија на...

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две години, од истата раса. Нападот, според...

Одземени две „булмастиф“ кучиња откако вчера до смрт беше изгризано 8-годишно момче

Дванаесетгодишен англиски булмастиф усмрти осумгодишно дете во скопската населба Пинтија во Кисела Вода откако детето влегло во дворот на соседите прескокнувајќи ја оградата, потврдија за Мета.мк два независни извора, по вчерашниот стравотен настан. Детето, поради нанесените повреди, починало на пат кон болницата. Според досегашните информации, во моментот во дворот имало три кучиња, сите од истата раса, а детето го нападнало...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...