fbpx
Таг: куче

таг: куче

Кучето Боби ја изгуби титулата „најстаро куче на светот“, по истрага на Гинисовата книга на рекорди

На кучето Боби, кое почина минатата година, наводно на 31-годишна возраст, му е одземена титулата за најстаро куче на светот, по истрагата на Гинисовата книга на рекорди. Ова го соопштија вчера од организацијата, а пренесува Си-ен-ен. Боби беше познат како најстаро куче на светот пред привремено да ја загуби титулата во јануари во очекување на резултатот од истрагата на Гинисовата...

Гинисовата книга на рекорди отвори истрага за „најстарото куче на светот“

Титулата „најстаро куче на светот“ која минатата година ја доби португалското куче по име Боби, сега е доведена во прашање, откако некои ветеринари се посомневаа во доказите за неговата возраст, пренесува Би-би-си. Боби се најде на насловните страници минатата година кога од Гинисовата книга на рекорди беше крунисано за најстаро куче на светот досега, соборувајќи го претходниот рекорд. Боби почина...

Условна казна доби трујач на животни кој расфрлил отров на јавна површина

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за предизвикување општа опасност и за мачење животни, според одредбите на Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, тој на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат за прскање винова лоза, ги ставил во ќеси како мамец и ги оставил...

Чендлер – кучето кое беше оставено врзано да умре на врвот од напуштена фабрика, доби шанса за нов живот

Среќен, весел и разигран. Вака сега изгледа германскиот овчар кој пред два дена беше оставен да умре, без храна и без вода, заврзан на врвот од напуштена фабрика во Скопје. Вработените во ЈП „Лајка“ кои го презедоа напуштеното куче, го нарекле Чендлер, во спомен на Метју Пери од серијата „Пријатели“, кој беше пронајден мртов во неговиот дом пред неколку...

Се вдоми Сики, кучето кое беше оставено во парк за миленици со ветеринарната книшка

Кучето Сики, кое пред десетина дена несовесни сопственици го имаа оставено во парк за миленици, заедно со неговата ветеринарна книшка, си најде нов дом. Од ЈП „Лајка“, каде што Сики беше сместен во последниве денови откако беше напуштен, соопштија дека среќата сепак му се насмевнала. „Сики, кучето кое беше напуштено на светскиот ден на животните во парк за миленици, му...

Битолчанец заврши во притвор: Пукал во куче па погодил такси возило

Битолчанец во населбата Горно Оризари, стрелајќи во куче со пушка  погодил и оштетил такси возило, кое било паркирано додека такситот чекал патници. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера таксистот слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Случајот го пријавил во полиција. „По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција...

Лида: Изработив скулптура од кучето Медена оти сме слични – одбиваме тешкотиите да нè огорчат

Изминативе неколку дена Струга повторно е во центарот на вниманието меѓу активистите за заштита на уличните кучиња. Но, овој пат не поради тоа што некој пука во нив или ги труе, туку затоа што светски познатата уметница Лида Шерафатманд, која веќе неколку години живее во Струга, изработи скулптура за бездомната кучка Медена, која ги обожава луѓето и лесно се...

Министерката Петровска не го напуштила уличното куче што ја избра за сопственик – ќе го чува дома и на работа

Фотографиите од министерката за одбрана Славјанка Петровска, како држи мало бездомно куче вчера масовно се споделуваа на социјалните мрежи. Стануваше збор за настан во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје, кога говор имаше министерката за одбрана, а малото улично кученце се качи на бината. Кученцето дефилирало и за време на честитањето на новите потпоручници и офицери во Армијата, по...

Приведен е маж кој влечел куче со автомобил на грчкиот остров Закинтос

Седумдесет и петгодишен маж е уапсен вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, бидејќи влечел куче зад своето возило, пренесува Екатимерини. Возач од друг автомобил го снимил моментот кога кучето, врзано за куката за автомобилот, кое се влече и се бори да се ослободи. Во видеото, тој му кажува на човекот да го запре автомобилот, што и го направил. Видеото...

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

Домашно куче од расата „англиски бул мастиф“ вчера усмрти осумгодишно дете, откако поради тешките повреди искрварило до смрт, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Трагедијата се случила во населбата Пинтија, Кисела Вода. Неофицијално, станува збор за раса „англиски бул мастиф“. Како што објавува МВР, вчера, во 18:25 часот, од градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај...

Полицијата го најде насилникот што тепаше куче со гумено црево

Откако Здруженето за заштита на животни „Анима мунди“ објави видео на кое се гледа како човек тепа куче со гумено црево, Министерството за внатрешни работи информирше дека насилникот е идентификуван. Според полицијата, станува збор за С.Т. од с.Ораовица. Со него е извршен службен разговор при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично...

Уапсен тинејџер од Шишево: Фрлил куче од мост, па се фалел на интернет

Полицијата на граничниот премин Табановце го уапси О.К.(18) од с. Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тинејџерот бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров...

„Синот“ на Марија Шерифовиќ лови кликови

Босанскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ разоткри еден тренд на некои сајтови, кои лажат во насловите за да привлечат читаност, притоа користејќи го името на српската пејачка Марија Шерифовиќ. Станува збор за наслови за некаков „син“ на Шерифовиќ, иако е познато дека таа нема син. Целата приказна почнува уште во 29 јули 2017 на порталот на...

Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија

Медиумите во Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен случај беше оној со фотката со кучето, што се покажа како лажна. BASHKE.TV:„Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“. Најсензационалистичко беше известувањето на порталот на политичката партија  Демократската унија за интеграција, кој фотката со кучето ја опиша како „трогателна слика“. „Трогателна слика денес кружи...

Пијан прилепчанец избоил куче со црвена боја за чевли

Прилепската полиција поднела известување против М. М. (56) од Прилеп поради кривично дело мачење животни. Според соопштението од МВР, во средата околу 11 часот, на плоштадот Методија Андонов - Ченто во Прилеп, пријавениот кој бил во пијана состојба дошол со куче, кое потоа го избоил со црвена боја за чевли. Случајот в полиција го пријавил граѓанин на Прилеп.

Шарпланинец воден на синџир каснал дете во Неготино

Шарпланинец воден на синџир од неговиот сопственик, каснал дете за рака во Неготино, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на местото викано Антена. Кога кучето дошло до група деца што си играле, каснало за левата рака едно десетгодишно дете. Детето потоа добило медицинска помош во најблиската здравствена ординација.

Скопјанец каснат од куче пред Ристиќева палата

Скопјанецот Б.Д. (71) вчера попладне во полиција пријавил дека на плоштад „Македонија“ пред Ристиќева палата бил каснат од куче. Според неговото тврдење, бил нападнат од група кучиња - скитници, при што едно од нив го искасало за раката, по што се упатил во болница каде добил лекарска помош.

Две кучиња искасале 10-годишно дете

Десетгодишно дете вчера попладне било нападнато и искасано од две кучиња на ул. „Волгоградска“ во Скопје, соопшти полицијата. Синоќа во 20.30 часот, 50-годишниот Т.С. во полициската станица Карпош пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, на ул. „Волгоградска“ две кучиња го нападнале неговиот 10-годишен син. Детето, како што се наведува во полициското соопштение, се здобил со видливи повреди - расекотини на...

Кучето што искаса десетина лица фатено и однесено во „Вардариште“

Откако вчера куче ротвајлер искасало девет лица на булеварот „АСНОМ“, нападнало и мајка и дете на улицата „Перо Наков“ по што било заловено од шинтерската служба и пренесено во стационарот „Вардариште“. Како што соопшти МВР, последниот случај го пријавил таткото и сопруг на нападнатите, по што полициската станица Гази Баба побарала шинтерската служба да го пронајде животното. Тоа се случило...

„Анима мунди“: Oдговорност за сопственикот на кучето што нападна деца во Аеродром

Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ вели дека шесте лица, меѓу кои и четири деца, во општина Аеродром биле нападнати од расно куче. Од здружениеето бараат одговорност од сопственикот кој го пуштил кучето на слобода. „Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во тие што го воспитале, односно го научиле кучето да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...