fbpx
Таг: ксенофобија

таг: ксенофобија

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023...

Обвинителството да отвори истрага за поткастот „Патриотски муабети“, бара Платформата за родова еднаквост

Јавното обвинителство да започне истрага за делото „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ за поткастот „Патриотски муабети“ и во најкус можен рок да покрене обвинителен акт, бара Платформата за родова еднаквост откако на Јутјуб во неделата беше објавено видео со наслов „Патриотски муабети: Подкаст на кој ЛГБТ заедницата одби да присуствува!“. Станува збор за...

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. Пресудата е неправосилна и тој има право на жалба до...

Одложено судењето на Латас и Лазаров за случајот со спорниот поткаст

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска требаше да започне судењето против Драган Павловиќ – Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Откако Лазаров и Латас седнаа на обвинителна клупа, судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас истовремено била на друго судење и не можела...

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени. Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, а покрај ова, му се...

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела Ширење на расистички и ксенофобичен...

Вистиномер: Бегалците од Авганистан наидоа на македонската хуманост и гостопримливост, но и на нетолеранција

На крајот на август, доцна ноќта во нашата држава пристигна првата група од 149 бегалци од Авганистан. Во Скопје стасаа по неколкудневна драма што се случуваше на аеродромот во Кабул откако Талибанците ја преземаа власта во оваа азиска држава. Страотни слики го опколија светот кога и главниот град Кабул падна во рацете Талибанците. Илјадници преплашени лица се најдоа на...

Стив Бенон, екс-советникот на Трамп уапсен за проневера на донации за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Стив Бенон, поранешниот советник – главен стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп, е упасен вчера и обвинет за измама на „стотици илјади донатори“ во онлајн-кампања за собирање пари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, јавија американските медиуми. Бенон (66) е обвинет за измама заедно со тројца други поддржувачи на Трамп. Тие собрале 25 милиони американски...

Хелсиншки комитет: Во изминатите три години само на пет лица им е доделен статусот бегалец

Во текот на изминатите три години во Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само пет лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита, информираат од Хелсиншки комитет, од каде нагласуваат дека Македонија е транзитна земја за...

Доза ксенофобија и најави за референдуми од општините за стратегијата за бегалци

Вкупно шест општини во земјава доставиле мислења до Минитерството за труд и социјална политика и до Владата во врска со нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 и за предложениот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Од МТСП за „Мета“ оценуваат дека делови од образложенијата на повеќето од општините се „на линија на ксенофобија“. Според дописот што...

Таравари да се приземји за да не дојде време да нè моли за нешто, порача ВМРО-ДПМНЕ

Само што помисливме, врз основа на биографијата, дека Арбен Таравари ќе биде солиден министер, кој ќе си ја гледа министерската и стручна работа, ние веќе гледаме разулавен националист кој едвај чека да влезе во конфликт по национални, етнички и партиски прашања, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната изјава на новиот министер за здравство. „Му порачуваме да не се сили...

Илјадници луѓе маршираа против Трамп, омразата, ксенофобијата…

Стотици илјади луѓе денеска излегоа на повеќе од 600 протести насекаде во светот, демонстрирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува. Организаторите на протестите истакнаа дека не протестираат само како движење насочено против Трамп, туку и против говорот на омраза, реториката исполнета со омраза, омразата кон жените, ксенофобијата, хомофобијата и верската нетолеранција. https://twitter.com/womensmarch/status/822898815715995649 Главниот протест се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...