fbpx
Таг: Крушево

таг: Крушево

Полицаец од Крушево исфрлил во ѓубре доверливи документи

Полициски службеник од Крушево исфрлил во ѓубре службени материјали сместени во картонски кутии, а меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 20 февруари, во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, полицискиот службеник З.Н. земал дел од кутиите со службени...

Во Крушево почнува конференцијата „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“

Од денеска па сè до понеделник, 9 октомври, во Крушево по 21 пат ќе се одржи меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во Крушево. Главната цел на конференцијата, како што информираат организаторите, е да се дадат конкретни, иновативни решенија и стратегии за надминување на предизвиците и активно вклучување на младите во процесот на европската...

Над 1000 млади извидници се собраа на 13-та македонска извидничка смотра

Денеска свечено беше отворена 13-та Македонска извидничка смотра во Крушево, која ќе се одржува до 21 јули под мотото „Достигни ги височините”. На смотрата учествуваат повеќе од 1000 извидници од 16 држави од регионот, Европа и од светот. Програмата на смотрата се состои од седум тематски области предвидени за следните 10 дена, меѓународен - отворен ден со културно-забавни едукативни настани...

Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучила комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот биле пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше. „По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди...

Со крводарителски акции и музички настан ќе се одбележи роденденот на Тоше Проески

Со крводарителска акција во Домот на АРМ во Скопје како и со музички настан насловен како „Ангел си ти“ во Крушево, денеска ќе биде одбележан денот на раѓањето на големиот хуманист и музичка ѕвезда, Тоше Проески. По деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Р. С. Македонија, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен...

Со кликбејт наслов и манипулативна фотографија за пожар во Крушево читателите се доведуваат во заблуда

Објавата на Фејсбук е придружена од фотографија од речиси комплетно изгорен автобус. Но, кога ќе се отвори текстот, веднаш може да се заклучи дека не станува за „ударна“ или „страшна“ вест до тој степен каква што е намерата на авторите. Текстот единствено содржи официјално соопштение на СВР Битола за запален мотор на автобус. Од битолската полиција за Вистиномер потврдија...

„Крушево низ корија“ викендов ќе понуди велосипедски тури, летање со параглајдери, видео проекции и забава

Во претстојниов викенд, односно 20 и 21 август, во Крушево по седми пат ќе се одржи фестивалот на отворено „Крушево низ корија“. Тој вклучува кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер, проекција на филмови од ЕХО фестивалот за планински филм, презентација на локални специјалитети подготвени од волонтерите...

Вистиномер: Македонската химна при пречекот на шпанскиот премиер не беше изведена надвор од протоколот

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија, согласно воениот и државен протокол, се ангажира при пречек на странски државници на највисоко ниво, при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални верзии на државните химни. Оттука, не може да се каже дека кој било стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии....

Илинден е нашиот код, идеја која развива и интегрира, а не што блокира и изолира

„Илинден е нашиот код, идеја за заедништво и прогрес, што гради мостови. Тоа е идеја која поврзува, а не што дели. Идеја која развива и интегрира, а не што блокира и изолира.“, рече премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево, на одбечежувањето на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден и додаде...

Ковачевски од Крушево: Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава

„Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава. Продолжуваме одлучно по европскиот пат, бидејќи тоа е патот на иднината и патот на прогресот“, порача премиерот Димитар Ковачевски вчера во Крушево, во предвечерието на големиот национален празник 2 Август, Илинден и Денот на Републиката. Ковачевски присуствуваше и се обрати на отворањето на традиционалната...

Објавена програмата за манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Програмата за Манифестација научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ е речиси комплетирана и истата содржи многу музика, филм, традиција и култура, соопштуваат од општина Крушево. Оттаму информираат дека на 1. август во 18:30 часот започнува поворката кон Гумење каде што ќе се полагаат цвеќиња. „Официјалниот дел започнува на споменик Илинден во 20:30 часот каде што свој настап ќе имаат...

Најдобрите параглајдеристи од светот го ишараа небото над Крушево [галерија]

Денеска е последниот ден од Светскиот куп Крушево 2022, во кој учествуваат најдобрите светски параглајдеристи. Во текот на изминативе седум дена настапија стотици натпреварувачи од 40 земји. „Натпревари од ваков ранг на светско ниво има само пет, а самите учесници во натпреварот велат дека условите на теренот го прават полетувалиштето за параглајдинг во Крушево едно од најдобрите“, рекоа од Општина...

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Во Прилеп до 14 часот вакцинирани сите лица што имале термин, во Крушево вакцинирање од петок

На еден пункт во Здравствен дом - Прилеп утрово почна вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години. До 14 часот вакцинирани се сите граѓани по планот, според редоследот по кој резервирале термин преку матичните лекари. „Пристигнаа 900 дози од вакцината „АстраЗенека“. Процесот на вакцинација почна и се одвива без какви било проблеми. Екипата денеска ќе...

Крушево конечно со театарска и кино сала

Крушевчани конечно имаат свое кино и сала за театарски претстави. Со ставање на новите модерни седишта во мултифункционалната сала од реконструираниот објект на горната училишна зграда во Крушево создадени се сите услови, овде да се вршат кино-проекции и да се изведуваат театарски претстави. За таа намена веќе е инсталирана стандардизирана аудио и видео опрема во салата, така што слободно може да се рече дека успешно се...

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење [инфографик]

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел да се оцени степенот...

Крушево наскоро ќе добие Младински културен центар

Старата училишна зграда, во повисокиот дел на Крушево, која што со години беше оставена на забот на времето, наскоро ќе биде Младински културен центар. Во овој објект ќе се вршат кино проекции, ќе се играат театарски претстави, во него ќе бидат сместени и граѓанските организации и здруженија кои што со својата работа ќе дадат придонес за развој на градот. Со...

МЖСПП со 9 милиони денари ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Крушево

Околу 5.000 жители на градот Крушево конечно треба да ги надминат проблемите со водоснабдувањето, по реализација на инфраструктурните зафати финансирани со 9 милиони денари, средства кои што Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги доби со ребалансот на буџетот за годинава. Со ребалансот на буџетот за 2020 година, на ова министерство му беа доделени финансиски средства во вкупна...

Пливачкиот маратон „Тоше Проески“ во Крушево треба да ја зголеми туристичката понуда

Вчера, на првиот пливачки маратон „Тоше Проески“, што се одржа во организација на клубот „Вардар 2018“ од Скопје околу 40 вљубеници во пливање на возраст од 9 до 55 години од повеќе пливачки клубови во Македонија се натпреваруваа во водите на вештачкото езеро во близина на Гумење, во Крушево. „Трката беше кружна во должина од 2,5 км, се пливаа 5...

Со мерки за заштита од ковид-19, земјава денеска го чествуваше Илинден

Без масовни собири и без културно-уметнички програми, под заштитни маски и со кратки церемонии Македонија денеска го чествуваше празникот Илинден. Пандемијата на ковид-19 влијаеше на намалување на масовноста на организираните настани и на примена на мерките за заштита од вирусот при прославувањето на двата Илиндена. Годинава, Денот на Републиката 2 – Август, Илинден, кој се празнува под слоганот „Победа за...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...