fbpx
Таг: кризна состојба

таг: кризна состојба

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

Советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на која ќе се бара прогласување на кризна состојба на територијата на општината, поради сè почестата појава на кафеавата мечка во населените места. Ова е денешниот заклучок од денешната средба во Маврови Анови, направена по иницијатива на ЈУНП „Маврово", меѓу претставниците на месните заедници од Општина...

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент...

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, претстои тешка зима

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката која ќе стапи на сила на 1 септември и ќе важи 30 дена. На последната седница на Владата која се одржа вчера, беа донесени одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. Како...

До крајот на неделава ќе се знае дали наставата ќе се одвива онлајн или со физичко присуство

Одлуката за започнувањето на наставата онлајн или со физичко присуство на учениците во второто полугодие ќе биде донесена на седница на Владата до крајот на неделава, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здраството, соопшти денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. „До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има...

Владата го продолжи зимскиот распуст за учениците до 1 февруари

На вчерашната втора седница на Владата на РСМ е одлучено зимскиот распуст за учениците и средношколците од основното и средното образование да продолжи до крајот на месецов, а второто полугодие да почне на 1 февруари. Инаку, второто полугодие требаше да започне задутре. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст е донесена на препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со...

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами за да штедат струја

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти оти е донесена одлука во следните 30 дена, сите експозитури и седишта на нејзините членки - банки и штедилници - да ги изгаснат светлечките реклами. Одлуката е донесена по вчерашното прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор од страна на владата. „Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за...

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Одлуката ја соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата. Тој рече дека одлуката е донесена врз основа на процената на...

Ќе биде прогласена енергетска криза, но нема да има рестрикции на струја

Прашањето за воведување на енергетска кризна состојба во земјава ќе се најде на следната владина седница во вторник. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде прогласена ваквата состојба, со цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО, да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот...

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, информираат од владината прес-служба. Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на земјава заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на...

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е активен во близина на селото...

Ден на Првата пешадиска бригада- лани спречиле 1.400 илегални минувања на границата

Првата пешадиска бригада на АРМ само лани спречила 1.400 обиди за илегално минување на границата и извршила 300 поправки на заштитната ограда во реонот на Гевгелија, како дел од поддршката на полицијата во обезбедувањето на јужната граница, каде што од 2015 година трае кризна состојба поради бранот мигранти, главно од Блискиот Исток. Ангажманот на бригадата беше нагласен на денешната...

Пендаровски нареди Армијата да се повлече од границите – Собранието не донесе одлука за продолжување на кризната состојба

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница прогласена во врска со мигрантската криза заврши на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот. Поради тоа, претседателот Стево Пендаровски му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник...

Ковид центрите во Клинички центар-Скопје ќе се зајакнат со воено медицински персонал

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники при Клиничкиот центар во Скопје, каде има неколку ковид оддели, информираат од Министерството за здравство. „Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата...

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена

На вечерашната 23. седница, којашто се одржа видеоконференциски, Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје поради пандемијата на ковид-19. Одлуката е на сила во следните 30 дена. Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на...

Кумановскиот кризен штаб бара владата да воведе 14-дневен карантин во општината

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од владата да се воведе 14-дневен карантин, кој би траел 24 часа во периодот од петок, 17 април до понеделник, 4 мај. Оваа мерка е всушност барање за воведување кризна состојба, за која што денеска јавно говореше и градоначалникот Максим Димитриевски. Општинските власти сметаат дека со ваквата радикална мерка би...

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, веќе 10 дена нема новозаразени

Изминатиов викенд заврши кризната состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, а владата на денешната седница одлучи истата да не се продолжи и да се укинат сите дополнителни мерки за овие две општини што беа на сила од 13 март, информираат од владината прес-служба. Од денеска во Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

Спасовски до Дебарчани: Верувајте, прогласувањето на кризна состојба е најдоброто решение

Бидете уверени дека ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултат. Ве молам, да не се создава поголема паника. Воспоставен е организиран систем кој ќе ги покрие сите аспекти, им порача техничкиот премиер Оливер Спасовски на жителите на Дебар и Центар Жупа каде од вчера е прогласена кризна состојба поради 11 регистрирани случаи на заболени...

Вкупниот број на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 13, најголем дел се од Дебар

Денеска во земјава се регистрирани четворица нови заболени со корона вирусот со што вкупната бројка на регистрирани заболени во Македонија достигна 13, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Сите четворица се од регионот на Дебар и се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија. На жената од брачната двојка...

Кризната состојба на границите поради мигрантите продолжува до крајот на годината

Собранието денеска до 31 декември ја продолжи кризната состојба на јужната и северната граница, прогласена на 20 август 2015 година, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ земјата. Ова е осмо продолжување на рокот на траење на кризната состојба, во чии рамки границата, покрај граничната полиција, ја обезбедуваат и армиски сили, но и полициски сили од неколку европски држави. Новата...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...