fbpx
Таг: кризен штаб

таг: кризен штаб

Оштетени домови од денешното невреме во Охрид

По пладневното невреме што го зафати Охрид, градоначалникот го свика на состанок општинскиот кризен штаб, при што донесена е одлука комисијата за проценка на штети да излезе на терен, информира охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. „Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите. Најпогодени се домовите во населбата...

ЕУЛЕКС го зголемува присуството на северот на Косово, на барикадите забележани руски воени симболи

Мисијата на ЕУЛЕКС во Косово соопшти дека ја следи ситуацијата на северот во земјата и дека го зголемиле присуството на терен поради безбедносната ситуација таму. „Внимателно ја следиме безбедносната ситуација во северниот дел на Косово преку нашето засилено присуство на теренот. Полските припадници на нашата специјализирана полициска единица и италијанските и литванските припадници на нашата резервна специјализирана полициска единица од...

Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19, информираат оттаму. „На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за...

Од среда да се укине полицискиот час и да се дозволат забави во клубови, предлага Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство информира дека утрово на Комисијата за заразни болести донеле неколку одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. „Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено,...

Од 1 јуни маските нема да биде задолжителни на отворено – прифатени предлозите за олабавување на мерките

Главниот координативен ковид-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година. Мерки кои се прифатени вкулучуваат укинување на мерката за носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење на заштитна маска...

Од среда полицискиот час да почнува од 23 часот, предлага Кризниот штаб

Полицискиот час да почнува од 23 часот до 5 часот наредниот ден, а угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел односно, само летни тераси, градини, но не и во затворениот дел од објектот да работат до 22:30 часот, овие предлози од Министерството за здравство денеска ги разгледуваше и ги подржа Главниот координативен кризен штаб. Наведените предлог-мерки на Министерството...

Србија од утре е во петдневен локдаун

Србија вовeдува нови, поостри мерки во борбата против корона вирусот. Од вечерва на полноќ сѐ ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, мерка што важеше изминатиот викенд. Тоа го изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која додаде дека ова мерка ќе важи најмалку до понеделник, како и дека засега нема да се воведува полициски час. „Апелирам...

Охридскиот кризен штаб со препораки и апели за заштита од ширењето на ковид-19

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени заклучоци во однос на состојбата со ковид-19 во оваа општина, а беа упатени и препораки и апели до различни субјекти. Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна, заклучил охридскиот кризен штаб. Според...

Јованоски: Состојбата со ковид-19 во Прилеп е сериозна

Состојбата со корона вирусот во Прилеп се влошува. За разлика од месеците јуни и јули, кога подолг период немаше, или имаше по еден заболен дневно, во изминатите два месеца бројот на заразени е зголемен. Во моментот, состојбата со корона вирусот е сериозна, но сè уште не е алармантна. На ова предупредува градоначалникот Илија Јованоски, кој раководи со Кризниот штаб...

Во Прилеп пандемијата ќе се спречува со зголемено полициско присуство и казнени мерки

Преземање засилени заштитни мерки за учениците и наставниците во сите училишта со почеток на новата учебна година. Активно вклучување на училишните одбори и советите на родители со цел доследна примена на заштитните мерки. Засилени редарски служби пред банките и поголемите маркети, со цел да се спречат поголеми групирања. Засилени протоколи, дезинфекција и забрана на влез на потрошувачи без заштитни...

Се санираат штетите од синоќешното невреме во Велес, исчезна едно лице

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците од синоќешното невреме во кое е нанесена голема материјална штета и исчезна едно лице, жител на велешко Белештевица, по кого се уште се трага. Според СВР – Велес, 51-годишниот Спасе Димовски во обид со својот трактор да и помогне на...

Истиномер: Математички егзибиции на српските власти со бројките за ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести,што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција...

За три дена десет новозаразени лица од ковид-19 во Свети Николе

Присуството на вирусот во текстилните фабрики во Штип нагло го зголеми бројот на заболени од ковид-19 во Свети Николе. Од оваа помала општина секој ден транзитираат автобуси со работници во штипските текстилни компании, меѓу кои и во две поголеми, каде има регистриран десетина заболени со корона вирусот. Заболени има и во фабрика за прехранбени продукти и во текстилна фабрика...

Српски функционер лажел за тестовите за Ковид-19, а портал дека Сорос е уапсен

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

Денеска почина маж на 69-годишна возраст, втора жртва на корона вирусот во Прилеп, а тројца се новозаразени. Како силна поддршка на мерките на локално и централно ниво, од денеска е вклучена и армијата. Во центарот на градот од изутрината има војници. Пред маркетите и банките има ставено налепници, со порака „Стој овде“, на пропишаното растојание од 2 метра, со...

Куманово бара проценка на функционалноста на болницата и давање приоритет на тестовите од општината

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово бара од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да направат итна проценка и согледување на функционалноста на кумановската болница и одделите каде што има персонал кој е заразен со вирусот Ковид-19. Воедно, од кумановскиот кризен штаб бараат од министерството, Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје да се...

Забрана за влез за жители од други градови за Велигден, бараат од охридскиот кризен штаб

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со корона вирусот, побара од Кризниот штаб на владата да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста...

По повикот од Кризниот штаб, жители на Кочани јавно кажуваат дека имаат Ковид-19

Откако пред неколку дена лекарите од Кризниот штаб во Кочани – двајца специјалисти и тројца матични лекари, ги повикаа граѓаните да излезат и јавно да кажат дека се позитивни на корона вирусот, веќе имаше неколку случаи во кои заразени со вирусот јавно го обелоденија тоа. „На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што...

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова е повик од Кризниот...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...