fbpx
Таг: криза

таг: криза

Мигрантските рути се затворени, владите во регионот ќе разменуваат информации

Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) ги поддржува шесте влади од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во усогласување на правната рамка со законодавството на Европска Унија, во изградбата на институции и персонал, како и размена на информации за мигрантите кои поминуваат низ овие држави. На денешната презентација на МАРРИ, беше истакнато дека...

Осум можни сценарија околу судбината на Законот за јазиците

Вчера со 64 гласа и во тензична атмосфера, на раб на физичка пресметка, беше изгласан Законот за јазиците во трето читање, откако еднаш претседателот Иванов одби да го потпише. Шефот на државата и синоќа во обраќање до јавноста изјави дека „Уставот и совеста не му дозволуваат да го потпише Указот за прогласување на Законот“. Од сите страни стигнуваат реакции во кои или се поздравува или...

Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос изјави дека кризата во Каталонија, по повод иницијативата за независност на тој регион, ја чинело државата една милијарда евра и дека локалната економија се уште ги чувствува последиците. Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната. „Каталонија имаше пораст повисок...

Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог

Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог, дури и ако постои општ консензус дека Каталонците го прекршиле шпанскиот закон за распишување реферндум за независност. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека каналите на комуникација помеѓу Шпанија и Каталонија мора да останат отворени. Тимерманс додал дека е време за разговор за да се најде решение за безизлезната ситуација, во...

Европска Унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европска Унија повторно ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци, до 15 март 2018 година, поради судирите во Украина. Санкциите се однесуваат на руски и на украински поединци и на правни лица. И покрај фактот што неколку членки на ЕУ се противеа за санкциите кон Русија и повикаа на нивно укинување, Брисел и понатаму ги продолжува рестрикциите кон Москва, кои...

Ердоган: Никому не му е во интерес продолжувањето на катарската криза

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул изјави дека „никому не му е во интерес“ да продолжи кризата во Персискиот Залив. Говорејќи пред почетокот на неговата дводневна поста на Катар и на Саудиска Арабија по повод дипломатската криза во регионот, Ердоган истакна дека веќе никој нема каков било интерес за пролонгирање на кризата. Претседателот на Турција ги обвини „непријателите“ дека се...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на Мирчевски: ЛЕД-дисплеите се набавени законски

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на денешната прес-конференција на  директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески, кој рече дека близу еден милион евра потрошила претходната влада за набавка на два ЛЕД-дисплеи и изрази очекување дека соодветна постапка ќе преземе Основното јавно обвинителство. Партијата вели дека се е законски со набавката и порача дека СДСМ, ако има сомнежи...

Мирчески: Во време на криза, претходната власт дала милион евра за два ЛЕД-дисплеи

Близу еден милион евра потрошила претходната влада за набавка на два ЛЕД-дисплеи, соопшти денеска пред новинарите и пред јавноста директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески. - Во услови кога Македонија била во севкупна економска и социјална криза, која била потребата некој да набавува ЛЕД-екрани за близу еден милион евра - праша тој. Според постојната документација, првата од...

Османи – Безак: Реално остварливи цели за европска интеграција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со словачкиот амбасадор, Мартин Безак. „Очекувам претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирање на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури“, изјавил Османи. Тој нагласил дека долгата политичка криза во земјата влијаела на сите сегменти...

Катар ги повика арапските земји на дијалог

Шефот на катарската дипломатија, Мухамед бин Абдул Рахман, денеска ги повика на дијалог арапските земји кои ги прекинаа дипломатските односи со неговата земја, уверувајќи дека врските на Катар со Соединетите Американски Држави ќе останат цврсти, јавуваат светските агенции. Помалку од 24 часа од одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Египет и на Либија да ги прекинат дипломатските...

„Форин аферс“: Дали македонските националисти ќе ја уништат земјата?

Големата поларизација на општеството носи демонстрации на улиците, а формална истрага виси над главата на најмоќната личност во државата, која пак дејствува да го спречи тој процес. Москва гледа на ситуацијата со радост додека се обидува да посее сомнение за институциите во земјата и за самиот концепт на демократија, пишува американскиот магазин „Форин аферс“ во опширна анализа за ситуацијата во...

Анкета на „Телма“: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Во најновата анкета на телевизија „Телма“ и на МЦМС, направена од 10 до 15 мај, на прашањето кој стои зад нападот во Собранието, 40,5 проценти изјавиле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 20 проценти изјавиле дека толпата влегла спонтано, 8,7 проценти сметаат дека упадот бил спроведен од странски служби, 4,6 проценти - СДСМ, а 25,4 проценти одговориле дека не знаат. Високи 81,3...

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто. Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со забетонирани ставови за изборот на собранискиот спикер

По изборот на Талат Џафери за собраниски спикер и по нередите и инцидентите во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите редовни утрински соопштенија остануваат на своите партиски ставови за начинот на избор на претседателот на Собранието и за настаните што следуваа потоа. „На парламентарното мнозинство треба да му биде овозможено да формира влада без понатамошно одложување. Тоа го очекува целата...

Бушати: Се надеваме дека нема да дојде до етничка криза во Македонија

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во емисијата „Топ стори“ на албанската телевизија „Топ ченел“, изјави дека, за среќа, ситуацијата во Македонија не резултирала во внатрешно-етничка криза, јавувата дописничката на „Мета“ од Тирана. - Ние ја поддржавме платформата на албанскиот политички фактор во Македонија како напор за имплементација на неспроведениот Охридски рамковен договор, за отворање на евроатлантскиот пат...

Дачиќ: Кризата во Македонија е регионален проблем

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека политичката криза во Македонија не е само локален, туку и регионален проблем и дека меѓународната заедница не интервенирала за да дојде до компромис туку за да се прифати една опција. - Ситуацијата не е добра. Србија ќе помогне колку што може, но ние можеме само да апелираме за мир и...

Политичката криза лани ја намалила кредитната активност на банките

Кредитите на банките ја завршија 2016 година со пораст од само 1,2 отсто, што е значително послабо остварување во споредба со претходната година, кога тој изнесуваше 9,7 проценти, велат од Народна банка во нивниот годишен извештај за 2016 година. „Сепак, движењата на кредитите во голема мера беа условени од измената во постојната регулатива од страна на Народната банка, според која,...

Стејт департмент: Лидерите да сторат сè што можат за брзо формирање влада

„Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат сè што можат за формирање на влада без понатамошно одложување, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евроатлантското семејство“, се вели во изјавата на Стејт департментот за политичката криза во Македонија, дадена за „Гласот на Америка на македонски“. Во неа се додава дека македонските...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со своето деструктивно однесување предизвика штета на економијата

„Лицемерно е СДС да се прикажува како партија на економски експерти ако се земе предвид дека во време на владеење на оваа партија, земјата достигна историски највисоко ниво на невработеност и највисока стапка на невработеност во Европа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Од партијата велат дека СДСМ со...

Билт дојде со црни прогнози, во Собранието нов обид за разврска на кризата

Продолжението на конститутивната седница на Собранието е закажано за денеска во 11 часот. Според партиските соопштенија, од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ  нема отстапување од рововските позиции на партиите. Ново е само што денеска во Скопје ненајавено е и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој на својот твитер-профил, исто така, напиша: „Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје....

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...