fbpx
Таг: кривични пријави

таг: кривични пријави

Амбасадорите им дадоа поддршка на Катица Јанева и на СЈО

Амбасадорите на ЕУ и евроамбасадорот Аиво Орав денеска во ЕУ-инфоцентарот се сретнаа со специјалната обвинителка Катица Јанева, на која, токму на нејзиниот роденден, ѝ изразиле поддршка за нејзината работа. „Сите амбасадори од Европската унија во Скопје изразуваат силна поддршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и на нејзината работа“, напиша на „Твитер“ евроамбасадорот Аиво Орав. All EU Ambassadors in Skopje expressed...

Дождот од кривични пријави, уличарска техника на притисок врз Јанева

Нови 12 кривични пријави се поднесени против повеќе лица кои работат во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на Катица Јанева. Со ова, бројката на кривични пријави поднесени до вработени во СЈО сега се искачи на 19, од кои три се против обвинители од тимот на Јанева. Првите кривични пријави, една против тројца обвинители од СЈО и една против вработен во Министерството...

Нови кривични пријави против обвинители од Специјалното обвинителство

Против обвинители во Специјалното јавно обвинителство, поднесени се нови кривични пријави, објавуваат медиумите. Пријавите се од лица од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Пријавите се за малтретирање при вршење на службата, според член 143 од Кривичниот законик. Претходно против вработени во Специјалното јавно обвинителство беа поднесени повеќе...

Две нови кривични пријави против двајца обвинители од тимот на Јанева

Нови две кривични пријави се поднесени против двајца обвинители од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Пријавите, како што информираат од јавното обвинителство за „Мета“, се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат на исто кривично дело - малтретирање во вршење на службата. Викендов јавното обвинителство потврди дека е поднесена една кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното...

Спасов: Ременски ќе одговара за лажно пријавување

„Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид јавноста да стекне лажен впечаток дека мора да поднесе кривични пријави. За овој хаос што го прави ќе одговара за кривично дело лажно пријавување“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на поднесените 13 кривични пријава од министерката за труд и...

Ременски поднесе 13 кривични пријави и иницијатива до Советот на судии

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, објави дека денеска до Основното јавно обвинителство Скопје и Основните јавни обвинителства во Берово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струмица, Штип и во Битола, поднела вкупно 13 кривични пријави. Дванаесет кривични пријави се за разрешени директори на јавните установи за социјална заштита, а другата кривична пријава е за дополнителниот заменик-министер Диме Спасов. Ременски...

Јанева денеска на сослушување во Советот на јавни обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска во 11 часот треба да се појави пред Советот на јавни обвинители и да даде одговор на прашањата за работата на нејзиниот тим што деновиве предизвикаа интерес во јавноста. Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане...

СЈО: Од медиумите дознаваме за кривичната пријава против тројца наши обвинители

Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 Вести“. Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева. Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство бидејќи од внатрешниот распит на...

Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева

Скопското јавно обвинителство потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон, објави телевизија „Телма“. Против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава во Обвинителството за организиран криминал заради незаконско влијание врз сведоци. Кривичните пријави се процесуирани...

Скопската полиција месецов запленила 27.000 парчиња петарди и пиротехника

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје месецов заплениле околу 27.000 парчиња пиротехнички средства и поднеле кривични пријави против две лица, осомничени за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Во првиот случај, кривична пријава е поднесена против А.И. (59) од Скопје, во чие возило, при претрес, полицијата пронашла и...

Заплената фалсификувана облека при претрес на куќа и на бутик во Куманово

По добиени оперативни информации и врз основа на судска наредба, екипи на Секторот на внатрешни работи Куманово, Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат вчера извршиле претреси во два објекти во Куманово и пронашле поголема количена на фалсификувана текстилна стока, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, во првиот случај, претрес бил извршен...

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

Кривична пријава против 43 лица во акцијата „Гора“

Во рамки на организираната акција „Гора“, МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и од Скопско, поради основан сомнеж дека ги злоупотребиле службената положба и овластувања, како и дека фалсификувале службена исправа, односно фалсификувале или уништувале деловни книги. Врз основа на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за еден кубен метар за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...