fbpx
Таг: кривични пријави

таг: кривични пријави

Пријава за вработени во Агенција за администрација – примале мито за полагање и за вработување

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против седум лица од Скопје, Прилеп и од Гостивар, под сомнеж дека во периодот од септември 2022 година до првата половина на март 2023 година, тројца од нив, како вработени во Агенција за администрација, на одредени кандидати кои конкурирале за работа во државни институции им овозможиле успешно да...

Прилепчанец лажел жена дека ќе ѝ купи апартмани во Струга, ѝ изнудил 23.000 евра

Измама од 23.000 евра сторена преку мобилни апликации е пријавена во полицијата од жена, која била доведена во заблуда дека 41-годишен прилепчанец ќе ѝ помогне да купи три апартмани во Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи. „СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“...

Сомнежи за пробиени матични книги и трговија со личните податоци на граѓаните

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани. Случајот се однесува на дигитализацијата на матичните книги, со податоци за умрени, родени и венчани, спроведуван преку Управата за водење на матичните книги, на распишан тендер кој го добила фирмата Новатек Инв ДООЕЛ. Антикорупциската комисија најави кривични пријави...

Мазнева не пријавила ниту во МВР ниту во обвинителството дека вработени земале плата, а не оделе на работа

Ниту во Министерството за внатрешни работи, ниту пак во Јавното обвинителство нема евидентирани кривични пријави, во врска со лицата за кои директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева-Николиќ, изјави дека живеат во Германија и Швајцарија, а земаат плата од Комунална хигиена. Мазнева ова го изјави на заедничката прес-конференција со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, по драматичните случувања во јавното...

Кривични пријави за три фирми – не платиле данок и го оштетиле буџетот за 295 илјади евра

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување. Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат...

Уште тројца обвинети за несреќата во Грција, ноќта си заминале порано од работа

Двајца вработени во железничката станица во Лариса кои си заминале порано од работа кобната ноќ и уште еден железнички инспектор што го именувал шефот на станицата во Лариса, се тројцата дополнително обвинети лица за железничката несреќа во Грција, во која на 28 февруари годинава животот го загубија 57 лица, пренесува грчкиот весник Катимерини. Грчките надлежни власти ги товарат трите лица...

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, проневериле 28 милиони денари

За сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“ против тројца вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава, информираат од Финансиската полиција.  „Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени...

Осуди за кривичното гонење на двајца грчки новинари што истражуваа капитален корупциски скандал

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис се соочува со обвинение за четири кривични дела и можност да добие 20 години затвор поради неговото известување за скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“. Неговата колешка Јоана Пападаку се соочува со обвинение за случајот „Новартис“, но и за таканаречната „Листа Лагард“ на можни затајувачки на данок. Врвни меѓународни организации за заштита на слободното изразување и за...

Хелсиншки комитет бара Обвинителството да реагира на заканите со насилство

Хелсиншки комитет за човекови права во врска со говорот на омраза предизвикан од последните политички случувања во државата, побара Јавното обвинителство да реагира на сите јавни повици на насилство. „Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти....

Обвинителството ги отфрли пријавите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за гласањето во скафандери во Собранието

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги отфрли кривичните пријави што ги поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица против собранискиот спикер Талат Џафери и двајцата пратеници од власта кои во скаfандери дојдоа на гласање во парламентот, поради тоа што беа заболени од ковид-19. Нивните гласови беа неопходни за усвојување на пакет мерки за помош за справување со пандемијата, кои беа со месеци...

МВР: 50 прекршувања на полицискиот час во текот на изминатата ноќ

Полициските службеници во текот на изминатата ноќ констатирале 50 прекршувања на полицискиот час од лица кои не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи. За овие 50 лица кои не ја почитувале забраната за движење меѓу 20 и 5 часот ќе следуваат кривични пријави. Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на...

Обвинителство поведе постапка за злоупотреби при издавањето пасоши за 11 лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и...

Изминатово деноноќие 23 прекршувања на забраната за движење, полицијата поднесува кривични пријави

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека од 22.00 часот на 30 март до 5 часот утрово констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци. „Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат...

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, 369 санкции за неносење маски

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека од 22 часот (20.03.2021) до 05 часот (21.03.2021) полициските службеници констатирале дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. За прекршувањето на полицискиот час, за овие лица Основното јавно обвинителство ќе треба да поднесе кривични пријави, кои досега беа во форма на парични казни. Од МВР велат дека текот на изминатото...

МВР и ДПИ затвораат кафеани и чајџилници, дел од угостителите не го почитуваат работното време до 21 часот

Министерството за внатрешни работи (МВР) има полни раце работа со угостителските објекти кои не ги почитуваат мерките за ограничување на работното време до 21 часот. Според податоците од билтенот на МВР, само во текот на вчерашната ноќ се регистрирани неколку прекршувања. „На 05.03.2021 во временскиот период од 21.30 до 23.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје во содејство со...

Порталб: Кривични пријави против 14 превозници без лиценци во Тетово, „легалните“ автобуси никаде ги нема

Во Општина Тетово продолжува акцијата за казнување на нелегалните превозници. Во рок од околу еден месец, 14 лица беа фатени од полицијата како превезуваат патници, без дозвола за дејност. Потсетуваме, дека друго решение за превоз на патници од околните села нема, пишува „Порталб.мк“. Лицата кои биле фатени како нелегално ја вршат оваа активност, живеат во околните тетовски села, како и...

Обвинителството поднесе две кривични пријави за дивите платформи на Матка

Изградбата на дивите платформи на Матка ќе има судски епилог. Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности, согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека узурпирале локација прогласена за споменик на природата во Матка. „Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши...

Изминатиов викенд инспекторите изрекле 27 кривични и 8 прекршочни пријави за угостители

Во изминатите три дена од продолжениот викенд, од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршени се вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи, информираат од...

СВР Охрид поднесе кривични пријави против организаторите на забавата на плажата Градиште која се случи на 2 август

Охридската полиција поднесе кривични пријави против организаторите на забавата на плажата Градиште која се случи на 2 август. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(33), Г.Ј.(34), С.Ј.(34), сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.08.2020 пријавените организирале музички настан во Градиште...

Јавното обвинителство отфрли четири кривични пријави против ТЕ-ТО

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица, претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат. Пријавите против нив биле за злоупотреба на службена положба и овластување и за оштетување или повластување доверители. ОЈО Скопје одлучи да ги отфрли и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...