fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Жена измамена преку „Фејсбук“: Ветил дека ќе ѝ помогне, а ѝ украл над 500 евра

Жена од Кочани била измамена од 65-годишно лице од охридскиот регион кое ветило дека ќе ѝ даде донација за нејзиното лекување, информираат од МВР. Таа му уплатила вкупно 34.100 денари до 12 април годинава, во надеж дека ќе добие помош за лекување. По овој датум, пријавениот ја блокирал жената на телефон и Фејсбук, а таа го пријавила во полиција. „Надворешната...

Се бара притвор за скопјанец – ја гризел и ја гребел сопругата пред двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство поведе постапка против 25-годишен скопјанец за семејно насилство. За него се бара притвор, поради нанесување телесни повреди и неизвршување на судска одлука. Како што известува обвинителството, осомничениот на 3 октомври годинава, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и прво со висок тон се обратил на жената со која биле во бракоразводна...

Пријава за злоупотреба на лични податоци: користеле слики од доктори за онлајн продажба на чаеви

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишно лице и фирма за злоупотреба на лични податоци. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во фирмата, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и презиме за онлајн продажба...

Пријава за кавадарчанка – со личната карта на мајка ѝ подигнала брз кредит

Гостиварското обвинителство поднело кривична пријава против Ш.А.(36) од селото Марена, кавадаречко, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против И.Н.(43) и Г.П.(30), двајцата од Гостивар, поради сомнежи за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според полицискиот билтен, на 2 октомври 2021 година кавадарчанката ја употребила личната карта на нејзината мајка во подружница на мобилен оператор во Гостивар и...

На фотографијата споделена во објавата не е новиот директор на МЕПСО, туку неговиот брат

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог, пишува „Вистиномер“ во својата...

Хорор во Струмица: 25-годишник силувал 81-годишна жена

Кривична пријава ќе добие 25-годишно лице од Македонска Каменица поради извршено силување на 81-годишна жена во Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко“,...

Тетовец злоупотребил Инстаграм профил на девојка му, заработи кривична пријава

Злоупотреба на Инстаграм профил во Тетово заврши со кривична пријава против 26-годишен жител на овој град. Иако ветил тој дека ќе ѝ го избрише профилот на Инстаграм на девојка му, таа летово открила дека нејзиниот профил е активен на Инстаграм и дека од тој профил дечко ѝ пишувал пораки на службениот профил на Инстаграм кој го користат на нејзиното...

МВР му поднесе кривична пријава на лицето кое вееше знаме со Голема Албанија во Тетово

Германски државјанин на возраст од 21 година е лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ на тетовскиот плоштад за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на 11 август година. Министерството за внатрешни работи (МВР) го открил идентитетот и на лицето му поднело кривична пријава за сторено кривично дело по членот 319 од Кривичниот законик. „Одделот за криминалистичка...

Обвинителството поведе постапка за насилство кон новинарска екипа на ТВ Алсат

Основното јавно обвинителство од Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на телевизија Алсат-М. Со тупаници го...

Затвореник од „Идризово“ со уцена спечалил речиси 15.000 евра

Затвореник од казнено-поправната установа „Идризово“ за време на издржување на казната затвор успеал преку упатување на закани и уцени да спечали речиси 15.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Заедно со уште едно лице, тој упатувал закани кон мајка на осуденик од истиот затвор да им исплати пари за да не го нападнат нејзиниот син. Откако таа...

МВР со кривична пријава против кочанскиот градоначалник, партиите реагираат

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност на кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, затоа што четири пати го именувал истото лице за в.д директор на средното училиште „Гошо Викентиев“, иако знаел дека тоа не го положило испитот за директор во законски утврдениот рок. По овој потег, реагираше кочанскиот градоначалник, но и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и...

Арсовска удри по антикорупционерите: Се занимаваат со тривијалности и политички агенди

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се огласи по денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата, од каде најавија дека против неа ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина Скопје. Од Град Скопје векат дека жалат што за ова дознале од медиумите и дека...

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи – собрала 10.000 евра

Поднесена е кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера на служба“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Вработената Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, од јануари до мај годинава во...

Кривична пријава против вработена во скопска осигурителна компанија за измама и фалсификување документ

Скопјанка се сомничи дека како вработена во осигурителна компанија, во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти измамила оштетена, убедувајќи ја дека доколку ѝ даде пари добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување, соопшти МВР. Против 44-годишната Т.П.М поднесена е кривична пријава поради сомнение...

СДСМ со кривична за битолскиот градоначалник оти не потпишува смена на одборите во јавните претпријатија

Советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник, Тони Коњановски, затоа што не ги потпишал одлуките донесени на 27-та седница на општинскиот совет за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија. Во поднесената кривична пријава од СДСМ се наведува дека битолскиот општински совет...

Компјутерска измама: Во име на тројца радовишани аплицирал за кредити и им ги менувал банкарските податоци

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднело кривична пријава против 31-годишниот П.С. од Струга, 51-годишниот З.А. од село Дедино, Општина Конче и 47-годишниот Ц.С. од Долно Оризари, битолско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“, „изработка и...

Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

Двајца велешани добија кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на исправи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираше полицијата, двајцата, претставувајќи се во име на скопско училиште за странски јазици, преку онлајн продажба продавале цедеа (ЦД-а) за учење странски јазици. Цедеата биле празни, односно без содржина, со што...

Пријава против вработен во „Идризово“, овозможил осуденик да избега

Вработен во затворската полиција во затворот „Идризово“ во Скопје заработил кривична пријава под сомнение дека му овозможил на осуденик од Куманово да избега од установата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што појаснува полицијата, додека Ј.Ј. бил на смена во саботата, му ја дал службената магнетна картичка за отворање на безбедносна врата на осудениот Д.К, со што го ослободил....

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во јавноста да ги каже сите...

Следи судско сценарио меѓу продукцијата „Банана филм“ и Агенцијата за филм

Откако Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против продукцијата „Банана филм“, правниот тим на режисерот Милчо Манчевски најави тужби и кривични пријави за кршење на законот по повеќе основи, за попречување на професионална работа, за замолчување укажувач на корупција и за клевета. „Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...