fbpx
Таг: кривичен законик

таг: кривичен законик

„Не сакаме да бидеме декор“ – Блупринт групата се повлекува од изработката на нов Кривичен законик

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопшти  дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Групата граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на...

Граѓански организации се повлекуваат од работната група за новиот Кривичен законик

Блупринт групата за реформи во правосудството се повлекува од понатамошното учество во процесот на изработка на новиот Кривичен законик, соопштија граѓанските организации кои се дел од групата. Детали за оваа одлука ќе изнесат в понеделник, но велат дека со овој чин сакаат да упатат порака дека групата нема да учествува во процеси каде вклучување на граѓанскиот сектор се користи како...

Аврамоска Мадиќ: Екоцидот ќе се казнува со најмалку 10 години затвор

Зачестената присутност на еколошкиот криминал е глобален проблем кој мора да се решава на различни начини преку ефикасни правни механизми, рече денеска заменик-министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ на обуката „Ефективни практики за еколошка правда“, финансирана од ЕУ во рамките на проектот „Зелена претставка за еколошка правда“. Аврамоска Мадиќ се осврна на измените во Кривичниот законик поврзани со кривичните дела...

Поранешниот судија Теофиловски прв ги осети измените во КЗ – застаре делото за злоупотреба тешка 860.000 евра

Последиците од измените во Кривичниот законик (КЗ), со кои се предвидуваат пониски казни, но и побрзо застарување на делата злоупотреба на службата, несовесно работење и злосторничко здружување, денеска за првпат се видоа во судница. Наместо во 2051 година, сега застаре делото за поранешниот член на Судскиот совет - судијата од Тетово Зоран Теофиловски, на кој му се судеше за...

Ковачевски за КЗ: За некои закони сакаме да се повикуваме на Германија, а за некои на Казахстан

Сè е сработено во согласност со закон и со процедурите и не гледам ништо спорно, дотолку повеќе што потврда има и од експертите. Вака денеска премиерот го оправда носењето на измените во Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за осомничените функционери кои ја злоупотребиле положбата и му наштетиле на буџетот, а со тоа и застарувањето на предметите се намалува...

Ниту Судскиот совет не бил консултиран околу контроверзните измени во Кривичник законик

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев вели дека ниту Судскиот совет не бил консултиран околу носењето на измените во Кривичниот законик, со кој се предвидуваат поблаги казни за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Истото го потврди и Антонио Јолевски, претседателот на Советот јавни обвинители, кој пак беше малку поумерен во изјавата и не сакаше да...

Гир со сериозни критики: Промените во Кривичниот законик можат да доведат до зголемување на неказнивоста

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир на денешниот настан на кој беше презентиран новиот проект на Европската Унија, излезе со сериозни критики за работата на институциите, особено во делот на владеењето на правото. „Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од...

Кривичниот законик ги сруши делата за „Скопје 2014“, Тодоровиќ пуштен од куќен притвор

На 30 јуни годинава, по поминати години и години во предистрага, Јавното обвинителство објави дека е почната истрага за случајот со кодно име „Феникс“, а кој се однесува на градењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО...

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, во кој обвинетите меѓу другото се товарат и за делото злосторничко здружување (за кое казната затвор со измените во Кривичниот законик се намалија од 10 на 3 години), воопшто не беа спомнати законските измени. Со новите законски измени, практично е настанато застарување на ова дело за обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, но...

И народниот правобранител Зибери ги проблематизира измените во Кривичниот законик

Народниот правобранител Насер Зибери пронајде проблематични сегменти во измените на Кривичниот законик, кои минатата недела во период од само неколку часа беа усвоени во Собранието на РСМ по скратена постапка и со европско знаменце. „Тие измени во Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата во која се донесени, многу кратка, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби...

Политичарите од уста не ги вадат оправдувањата за измените на Кривичниот законик

Македонските политичари веќе неколку дена од уста не ги вадат оправдувањата на измените на Кривичниот законик, кои експресно за период од неколку часа ја поминаа целата собраниска процедура за нивно усвојување, и тоа по скратена постапка и со европско знаменце. Кој ќе одел во опозиција, а кој е Дарт Вејдер е темата со која веќе неколку дена се замајува...

Контраспин: Премиерот извртува првични оценки на EУ за измените на КЗ

ЕУ бара „сеопфатна“, а не „некаква“ комуникација и „конзистентна примена“ на европското знаменце. Тоа беше поентата на првичната реакција на ЕУ преку портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, а не она што го тврди премиерот Димитар Ковачевски со што практично спинува делови од ставот на ЕУ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот на Владата на РСМ...

Ниту Врховниот суд не бил консултиран за измените во Кривичниот законик

Врховниот суд воопшто не бил побаран за мислење во однос на измените во Кривичниот законик што власта ги донесе по скратена постапка, а со кои се намалуваат или бришат казните за службените лица, за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. „Од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот...

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

Од утре почнуваат со примена измените во Кривичниот законик (КЗ), кои беа изгласани во Собранието за експресно време, по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна дебата. Со измените, меѓу другото, се предвидуваат пониски казни за дела поврзани со злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Обвинителите, судиите, адвокатите, сè уште се обидуваат да протолкуваат...

Над 1.220 луѓе лани биле пријавени во обвинителствата по членот 353 од Кривичниот законик кој ѝ пречеше на власта

Во јавните обвинителства во државата лани 1221 лице било пријавено по членот 353 од Кривичниот законик (КЗ), за злоупотреба на службената положба и овластување, говорат податоците од Годишниот извештај за работата на обвинителствата за 2022 година, кој беше доставен до Собранието на РСМ. По членот 353 биле поднесени 151 обвиненија, а донесени биле 95 пресуди. Во однос на делото „несовесно работење...

Вицепремиерката Грковска со резерва за усвоените измени на Кривичниот законик

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска на маргините на јавната расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2023-2026 година) денеска изјави дека уште на владината седница на која се одлучувало за предложените измени на Кривичниот законик, таа изразила резерва, затоа што, како била свесна дека ќе има реакции во јавноста за начинот на којшто тие законски членови...

Кацарска: Над 2 години чекаме избор на уставни судии, фрапирана сум од измените на Кривичниот законик

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска е изненадена и фрапирана од носењето на измените од Кривичниот законик, особено што истите се донесоа без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а во услови кога повеќе од две години не може да се комплетира Уставниот суд и да се изберат уставни судии. „Би сакала да кажам дека сум навистина изненадена со носењето...

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик се за побрзо казнување за кривичните дела и конфискација на имот

Измените на Кривичниот законик коишто беа изгласани во Собранието, а предложени од Владата се усогласување со ЕУ Директивата 42/2014, во која што се предвидува проширена конфискација во дела коишто се казниви согласно со Кривичниот законик, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање. Тој додаде дека има измени во еден општ член, 353(н.з. „Злоупотреба на службена положба и овластување“) кој...

Ќор-фишек за измените во Кривичен законик: „Службен весник“ ги објави, реакциите божем не стивнуваат

Ќор-фишек, термин во Дигиталниот речник на македонски јазик кој е опишан како „куршум за вежбање чие зрно не содржи смртоносно полнење“. Вака накратко може да се опишат реакциите по усвоените измени во Кривичниот законик, со кои значително се намалија затворските казни за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злосторничко здружување“ и „несовесно работење во службата“. Измените на Кривичниот...

Контраспин: Измените на КЗ по итна постапка сe доказ дека антикорупцијата е мртва

Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да се справат со корупцијата...

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...