fbpx
Таг: кривичен законик

таг: кривичен законик

Екоцидот и официјално е ново кривично дело, правниците сметаат дека тешко ќе се докажува

Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од најмалку десет години до...

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода и безбедност меѓу Европската комисија...

Контраспин: Од ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ, но, де факто, ги поддржаа

Илија Димовски говори вистина кога кажува дека ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ кои и зададоа голем удар на антикорупцијата и злоупотребите на моќ во државата, но не кажува дека со своето присуство во Собранието и отсуството на амандмани и други трикови, де факто ги поддржаа. Од друга страна, Петре Шилегов од СДСМ, од каде ги бранеа и гласаа...

Иако вети, Лога сè уште не ги презентирал измените во Кривичниот законик со кои се ублажија казните за функционерите

Измените во Кривичниот законик во Северна Македонија, со кои се спасија или ублажија казните за корумпираните функционери, продолжуваат да генерираат негативни ефекти врз правниот систем на државата, но и остри критики од внатрешниот и меѓународниот фактор. Министерот за правда Кренар Лога пред четири месеци најави презентација на новите измени, но до денес тоа не го сторил. Нивното донесување во...

Индекс на перцепција на корупцијата: Кривичниот законик ја сопна Македонија [инфографик]

Северна Македонија е на 76. место со 42 поени од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата. Земјата напредувала две места во споредба со извештајот за 2022 година. Сепак, и покрај напредокот, државата во најновиот извештај е означена како земја со сериозни проблеми со корупцијата. Во Извештајот се нотирани измените во Кривичниот законик, како главна забелешка, а додадени се...

Ковачевски е директно одговорен за владеење на правото

Премиерот Димитар Ковачевски целосно се амнестира од одговорноста за владеење на правото што е необјасниво и недоследно. Ако некој е прв во редот на одговорните, покрај другите во државата, тогаш тоа е и претседател на влада, кој е задолжен исто така како и други чинители, за владеење на законите и почитување на правото, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...

Судскиот совет – институцијата на срамот за правдата во 2023 година

Судството никако да се оддели од тешката сенка на недовербата. Минатата 2023 година, според проценките на Европската комисија во Извештајот за земјата, беше една од најлошите години за власта што треба да дели правда. За негативните резултати во голема мера оваа година придонесе Судскиот совет, кој наместо да обезбеди независност и транспарентност, се претвори во гнездо на скандали каде...

Контраспин: Јавното обвинителство не сака да ги наведе деталите за пречекорените истраги

Министерот за правда Кренар Лога излезе со мислење во име на Министерството за правда дека Годишниот извештај на Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) за работата во 2022 година има недостатоци, при што посебно го потенцираше долгото траење на предистражните и истражните постапки во Обвинителството, на што доби остро појаснувачко-кавгаџиско соопштение од ЈОРСМ.  Додека се подготвува овој текст, одржан е поширок...

Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик

Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, Љупчо Георгиевски, ексдиректор на ЈП...

Еврокомесарот за правда загрижен за кривичните предмети кои застаруваат

Една од најострите реакции во врска со измените на Кривичниот законик од страна на меѓународната заедница дојде денеска, од страна на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје. Тој изрази изненаденост и загриженост околу измените на Кривичниот законик, со кои досега застареа повеќе судски предмети за криминал и корупција....

Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири

Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано. Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции во јавноста, овој став беше...

Контраспин: Со измените на КЗ, асистирани и од опозицијата, се амнестирани многу поранешни и сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ

По пропаѓањето на крунскиот случај од поранешниот СЈО Таргет-Тврдина и де факто амнестијата од кривична одговорност за Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и други инволвирани во овој случај, да се тврди ако Пендаровски не ги потпишеше измените, ќе се спречела аболиција на идни случаи на функционери на СДСМ и на ДУИ, во најмала рака е лицемерно. Зашто, прво, ВМРО-ДПМНЕ не...

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ е последна која треба да реагира на измените на КЗ, бидејќи го направи кворумот

Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353, истакна претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју...

Речиси 200 обвинети функционери се засегнати од измените во Кривичниот законик

Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени. Во судот со кој тој раководи, како последица на овие измени, речиси секој ден застарува по некој предмет за висока...

И случајот „Топлик“ на Миле Јанакиески замина во историјата со измените во Кривичниот законик

Точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, а со тоа предметот поврзан со Сончев Град доби апсолутна застареност, согласно новите измени во Кривичниот законик. Со одлуката на Апелација, шестмината кои првостепено беа осудени за „Топлик“, на повтореното судење ќе бидат ослободени, бидејќи делата им застареа уште во февруари годинава. Со...

СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување

Премиерот Димитар Ковачевски одбива да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството - масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Случајот „Таргет-Тврдина“ вчера и официјално беше затворен поради апсолутна застареност,...

Се урна „Таргет-Тврдина“, сметката ќе ја платат граѓаните

За жал, нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, соопшти Ленче Ристоска, обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Таргет Тврдина“. За предметот настапува комплетна застареност, што е директна последица на измените во Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Со тоа, и периодот...

Измените во Кривичниот законик го застареа и предметот против Ивона Талевска

Уште еден предмет застаре, како последица на носењето на измените во Кривичниот законик. Станува збор за случајот познат како „Продуцент“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски. „Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените...

Со новите измени во Кривичниот законик застареа делата на 10 обвинети за случајот „Моќник“

Антонио Милошоски се спаси од едно обвинение, со новите измени на Кривичниот законик, со кој за делото за злоупотреба на службената положба апсолутна застареност настапува по 10 години (наместо како претходно, за 40 години). Милошоски беше еден од 13-те обвинети за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), познат како „Моќник“. Нему ќе продолжи да му се суди за...

„Не сакаме да бидеме декор“ – Блупринт групата се повлекува од изработката на нов Кривичен законик

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопшти  дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Групата граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...