fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

Судењето за „Титаник 3“ никако да почне

И третиот обид да почне судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ заврши полу успешно. Денешното рочиште на процесот за изборни нерегуларности во Чаир беше прекинато откако судијката Оља Ристова соопшти дека втората судијка Гордана Спировска добила итен повик од болница дека на нејзиниот сопруг, адвокатот Ефто Спировски од Скопје, му откажале сите витални органи, јави СДК. Претходните две рочишта -...

Одложено судењето за „ТНТ“ бидејќи обвинетата била повредена од тепање

Марика Зафировска, една од обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, не дојде на денешното рочиште, бидејќи е на болничко лекување по физичкиот напад на 1 мај. Kако што кажа нејзиниот адвокат, таа и сопругот биле нападнати во викендичка во Куманово и приложи лекарска документација. Во судницата во Основниот суд Скопје 1 беа присутни...

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. Како што соопшти овој суд, врз...

Протест за случајот „Монструм“ пред Кривичен суд

Стотина граѓани побараа правда за случајот „Монструм”, односно затворање на убијците на момчињата кај Смилковското Езеро, на денешниот протест пред Кривичниот суд во Скопје. Со транспаренти „Колку субвенции земаа монструмите” и „Спиеш ли мирно, Заев?” демонстрантите побараа конечно да се разреши случајот „Монструм” и убијците на момчињата кај Смилковското Езеро да завршат в затвор. Претходно родителите на убиените момчиња рекоа дека...

Мијалков ја кажа и втората адреса, судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беа на првото рочиште за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 1. Следното рочиште е закажано за 10 мај. Во врска со адресата на живеење која стои...

Дејан Митревски – Урко ќе сведочи на рочиштето за „Тенк“

Во Основниот суд Скопје 1 заденеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. Тој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес вреден близу 600.000 евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер...

Судење за „Тенк“ денеска, Јанкулоска поради ризичната бременост издвоена

Во Основен суд Скопје 1 за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“, во кој за малверзации околу набавката на близу до 600.000 евра скапиот блиндиран „мерцедес“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. На претходното рочиште, во средата,...

Судењето за нападот на Села прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите

Судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година, денеска беше прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет. На Војневски му се слоши за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош. Трпеноски, како втор сведок на обвинителството, рече дека критичниот ден...

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една телевизија дека во снимените аудио...

Само што почна, рочиштето за „Монструм“ се одложи за 15 мај

Рочиштето за случајот „Монструм“ е одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија. Денешното рочиште, кое беше прво откако СЈО го презеде предметот, беше прекинато на самиот почеток, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи. Таа истакна дека несериозно е, отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница,...

Денеска почна рочиштето за „Монструм“, прво откако предметот е под СЈО

Денеска во Кривичен суд почна рочиштето за случајот „Монструм“, прво откако овој предмет го презеде Специјалното јавно обвинителство. Во судницата се присутни обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен Фејзи Азири кој е хоспитализиран на пулмологија и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на петмината убиени кај...

„Транспортер“: Одбраната на Талески побара иземање на судиите

На новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1 денеска, на кое се присутни сите 21 обвинети лица, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет. Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по...

Одбиени барањата за изземање на Судечкиот совет и на Џолев за „Тенк“

Апелацискиот суд денеска го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“, за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет од Основен суд Скопје 1 за истиот предмет. Одбраната побара да и биде даден рок за жалба, но Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не...

Џафери во суд: Извикуваа дека сите ќе нè убијат

Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Кривичниот суд каде сведочеше за жестокиот напад врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во упадот во Собрранието на 27 април минатата година. На денешната главна расправа, Џафери е првиот сведок. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го...

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште...

Во новата зграда на Кривичен суд почна првото рочиште за „Титаник“

Во новата зграда на Основен суд Скопје 1 пристигнаа обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, во кој, на поранешни високи државни и функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се суди за изборни нерегуларности и влијание врз волјата на гласачите. Со денешното рочиште почнува да функционира новата зграда на Кривичниот суд. Прв од обвинетите пристигна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а потоа и...

Со „Титаник“ в понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје 1

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ, извести претседателот на судот, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите. Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети. Официјалното пуштање во употреба ќе се случи утре напладне, откако претходно ќе почне...

Полицијата два пати го барала Чавков дома, но тој бил на друга адреса

Разликата во одлуките на Кривичниот и на Врховниот суд за мерките притвор на Митко Чавков е сосема мала и двата суда се произнеле дека треба да има мерка притвор со тоа што Врховниот суд вели „во домашни услови“, додека Кривичниот „во установа“, образложи претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на денешниот брифинг со новинари. - Надлежност имаат и Врховниот и...

Одложено судењето на Драган Павловиќ – Латас, одбраната вели дека е во Германија

Новото рочиште за случајот на СЈО, „Тотал“ денеска се одложи, оти главниот обвинет, новинарот Драган Павловиќ Латас не се појави во Кривичниот суд. Наредното рочиште е закажано за 11 април. Како што објаснија адвокатите, Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да се одложи следното рочиште бидејќи...

Во Кривичен суд денеска судења за „Насилство во Општина Центар“, „Тврдина“ и „Таргет“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат две судски рочишта за три случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет. Во случаите за нелегалното преслушување, „Таргет“ и за уништување на опремата на прислушувањето, „Тврдина“, обвинети се 12 лица. Први се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...