fbpx
Таг: Кривичен совет

таг: Кривичен совет

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции...

Кривичниот совет ги потврди притворите за петмината од „Империја“

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ги одби жалбите на адвокатите на петмината притворени во случајот „Империја" што неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во притвор се Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска. Според судот, на јавна седница Кривичниот совет ценејќи ги фактите и доказите во предлогот од СЈО за притвор и во изјавените...

Мукоски, Арнаудов, Дамовски и Јовановски остануваат во притвор, одлучија Кривичен и Апелација

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите и ги потврди притворите на пратенците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и решенијата со кои им беше одредена мерка домашен притвор на нивните колеги Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Во врска со жалбата на пратеникот Сашо Василевски, судот дополнително ќе информира, откако ќе го донесе решението. Пратеникот Љупчо Димовски, пак,...

Тројца осомничени за 27 април од куќен притвор одат во истражен затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера уважил дел од жалбите на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на тројца осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, им го заменил куќниот притвор, што претходно им беше одреден, со построга мерка - притвор, потврдија од судот. Како што соопштија оттаму, станува збор за лицата М.П., Г.Ѓ....

За слободата на обвинетите во „Монструм“ сега треба да одлучува Кривичниот суд

Дали по укинувањето на пресудите на кривичниот и на Апелацискиот суд во Скопје обвинетите во случајот „Монструм“ ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода во текот на повторното судење, ќе одлучува Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. Ова за „Мета“ го изјави адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во случајот. Рауфи вели дека очекува...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

Врховен суд го потврди притворот за Грујовски и за Бошковски, Јакимовски останува без пасош

Врховниот суд денеска ја одбил жалбата на бранителите  на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и ги потврдил решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата, се вели во соопштението. Петчлениот совет на Врховниот суд истовремено ја уважил жалбата на бранителите на обвинетиот Тони Јакимовски, поранешен функционер...

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на одлуката на Кривичниот совет на...

Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1. Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека тоа не му е познато...

Повторно одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Кривичниот совет денеска вторпат го одби барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ поради истрагата за случајот „Талир“, во кој осомничени се 11 високи функционери на поранешната владејачка партија, меѓу кои и лидерот на партијата, поранешниот премиер Никола Груевски. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1, постапувајќи по несогласноста на судијата на...

Одбиени барањата на СЈО за замрзнување имот на ВМРО-ДПМНЕ

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 не ги прифатил 12. барања на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Судија на претходна постапка изразил несогласување за барањата за привремено одземање на имот, по што решавал Кривичниот совет, кој ја потврдил одлуката на судијата. „Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд...

Одбиена жалбата на СЈО, Кочан ќе се брани од слобода

Кривичниот совет синоќа ја одби жалбата на Специјалното обвинителство покрената поради укинувањето на мерката притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случјот „Труст“. Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на вчера изнесоа аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција. Одбраната...

Кривичниот совет за 48 часа треба да одлучи дали Кочан ќе оди во притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 48 часа треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан или пак тој ќе се брани од слобода. Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на денешното рочиште ги изнеле аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу...

Кривичниот совет денеска ќе решава по жалбата на СЈО за притворот на Кочан

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе решава по жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судијата на претходна постапка да не му биде одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомниочен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека рочиштето е закажано за денеска во 11 часот. Аргументите на СЈО дека е неопходно...

Кривичниот совет експресно го врати предметот за Кочан кај судија на претходна постапка

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 експресно ја спроведе пресудата на Врховниот суд и уште денеска донел одлука во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој Врховниот суд го укина и го врати предметот на повторно одлучување. Како што соопштија попладнево од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет на првостепениот суд не донел конкретна одлука дали на Кочан...

Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги определил незаконски, што значи две третини од решението се незаконски, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. - Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме...

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски. Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во...

СЈО: За определувањето притвор за Сеад Кочан дознавме од медиумите

Специјалното јавно обвинителство реагираше денеска на некои написи во медиумите поврзани со изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева и соопштува дека за притворот дознале од медиумите. „Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето притвор на еден од осомничените лица во...

СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска поднело жалба на решението на судијата на претходна постапка со која го отфрли барањето на СЈО да му биде определен притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, соопштија попладнево од канцеларијата на Катица Јанева. Според Законот за кривична постапка, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да одлучи по...

Кривичен суд: СЈО продолжува со притисоците и со заканите кон судиите

Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани кон судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми, стои во реакцијата на Кривичниот суд. Од судот велат дека јавноста имала можност да се запознае со...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...