fbpx
Таг: Крива Паланка

таг: Крива Паланка

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

Пет лица во петокот биле приведени затоа што се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за четири лица-жители на Скопје – А.А. (31), М.А. (24), Д.С. и З.Р. и една жителка на Крива Паланка – И.М. (23). Тие минатиот месец стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти...

Крива Паланка избрана за „Град на културата“ за 2024 година

Општина Крива Паланка е избрана да биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, соопшти денеска Министерството за култура. Вака одлучила комисијата по распишаниот конкурс за ова министерство, а покрај Крива Паланка, на конкурсот апликација доставила и Општина Велес. „По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од...

Ковачевски на пуштањето на патот Крива Паланка – Деве Баир „искара“ двајца бугарски премиери

На денешното свечено пуштање во употреба на реконструираната и рехабилитирана патна делница Крива Паланка - Деве Баир, македонскиот премиер во заминување Димитар Ковачевски ги искритикува поранешниот и сегашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков и Николај Денков дека не ги завршиле своите обврски за подобро сообраќајно поврзување на Северна Македонија и Бугарија. Делницата Крива Паланка- Деве Баир од државниот пат А2...

Уапсен 27-годишен маж за убиство во Крива Паланка

Одделот за криминалистичка полиција-сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово-ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д. (76) од Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 21 ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во...

Нови дојави за бомби во три скопски основни училишта и едно во Крива Паланка 

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 07 и 30 часот утрово, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така денеска околу 11 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана...

Вистиномер: Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни програми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за изградба на овој експресен...

Италијанците си заминаа, се бара нов изведувач за довршување на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Откако со италијанската компанија „Тирена Скави“ е прекинат договорот, за довршување на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на патниот Коридор 8 се бара нов изведувач. Јавното претпријатие за државни патишта го објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја догради првата подделница од Длабочица до Чатал со должина од 15,5 километри. Тендерската документација е достапна на...

Од ВБИФ очекуваме грант од 150 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија

Владата на вчерашната седница ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-от повик за техничка помош и 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка - граница со Република Бугарија, со укажување до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ВБИФ). ЈП...

Со 13 милиони евра се рехабилитира делницата меѓу Куманово и Страцин од патот кон Бугарија

Во текот на годинава ќе заврши рехабилитацијата на втората фаза, а веќе во март ќе започне реконструкцијата на коловозот на првата фаза од патниот правец меѓу Куманово и Страцин на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи, информираат од Министерството за...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Државата и германската „Вибе“ преку арбитража ќе го решаваат спорот со недоградената пруга Куманово-Бељаковце

Спорот меѓу државата и германската компанија „Вибе“ околу недоградената пруга Куманово-Бељаковце ќе се решава пред меѓународен суд. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека преку арбитража ќе се решава прекинот со изградба откако фирмата-изведувач „Вибе“ на 29 мај годинава го известила Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ дека бара раскинување на договорот за изведба...

До почетокот на 2022 година ќе се патува по нов и реконструиран пат на Коридорот 8 кон Бугарија

Непречено се одвива модернизацијата на патната врска меѓу Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Најзначајниот проект - изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да се пушти во употреба до крајот на 2021 година. Патот е поделен на две делници со должина од 25 километри. Делницата од Крива Паланка до Длабочица во моментов е со физичка реализација од...

И по седум години изградба, не се знае кога ќе помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце (мултимедија)

Со многу помпезност и пред бројни телевизиски камери, на 2 март 2014 година беше поставен камен-темелник за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Почетокот на оспособувањето на пругата долга 30,8 километри го означи тогашниот премиер Никола Груевски, кој не пропушти да спомене многу амбициозни планови за развојот на железничката инфраструктура...

Жителите на Осоговијата сакаат да се заштити и зачува природата

Жителите на четирите општини од Осоговијата, Крива Паланка, Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица сакаат дел од Осоговските планини да станат заштитено подрачје. На тој начин ќе се зачуваат природните реткости, традициите и културата на овој крај, а ќе се промовираат одржливото живеење, руралниот туризам и органската храна. По последната јавна расправа, која вчера се одржа во Крива Паланка, генералниот заклучок...

Предлогот за заштита на Осоговските планини на јавна расправа во четири општини

Министерството за животна средина и просторно планирање ги објави термините за јавните расправи за предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје. Почнувајќи од 18 па до 26 август ќе бидат организирани четири отворени средби, на кои јавноста ќе може да ги даде своите забелешки и коментари во врска со актот со кој ќе се заштитат...

Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија

Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 милиони евра, колку што...

Кон Бугарија за две години ќе возиме по нов асфалт – потпишан договор и за Куманово – Страцин

Само неколку дена по отпочнувањето на реконструкцијата и проширувањето на делницата Крива Паланка - Деве Баир, Јавното претпријатие за државни патишта објави дека е потпишан договорот за втората фаза од рехабилитацијата на патот Куманово - Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 километри, која што ќе ја реконструира скопски „Бетон“. За изведба на овој градежен зафат се издвоени над...

Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце - Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората фаза од железничкото поврзување...

Годинава ќе се инвестираат над 31,7 милиони евра во железничката инфраструктура

Почеток на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, завршување на изведбата на железничката делница Куманово - Бељаковце и почеток на реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 8 се трите главни проекти што планира да ги реализира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во 2020 година. Во изградба, реконструкција и надградба на железничката инфраструктура за годинава се...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип -...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...