fbpx
Таг: критики

таг: критики

Вучиќ: Не ми пречи што Заев ме навредува, важно ми е како ќе се однесува кон Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува, туку го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија. - Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам ниту можам да зборувам остро, иако тоа некои можеби го сакаат....

Хан ја искритикува опозицијата во Албанија поради одлуката за бојкот на изборите

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска преку отворено писмо до граѓаните на Албанија ја искритикува опозицијата за одлуката да ги бојкотира изборите, закажани за 18 јуни. Тој им порача на политичките лидери во земјата дека „ќе сносат одговорност доколку се обидат да ги попречат аспирациите на граѓаните за подобра иднина“. „Актуелната опозиција намерно одлучи да не...

Иванов ја одложи посетата на Австралија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, каде, како што велат од...

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја од земјата

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, поради неговото критикување на истрагата за убиството на полубарот на лидерот на Северна Кореја, соопштило денеска малезиското министерство за надворешни работи, јавува „Би-би-си“. Шефот на малезиската дипломатија, Анифах Аман, изјавил дека до амбасадата на Северна Кореја било испратено известување дека амбасадорот Канг Чол има 48 часа да ја напушти Малезија. Аман...

Полска ги отфрли критиките на ЕУ за спорната реформа на уставниот суд

Полска вчера испратила одговор до Европската комисија во кој ги отфрла критиките на Брисел во врска со спорната реформа на полскиот уставен суд, со оценка дека „спорот е решен“, јавуваат светските агенции. Инаку, Европската Унија ѝ се закани со санкции на Варшава, што е прв ваков случај, кога станува збор за земја членка на ЕУ, поради спорната реформа во уставниот...

Британија ги укинува истрагите за кршење на човековите права во Ирак

Британската влада донела одлука да го укине државниот орган задолжен за истраги во врска со обвинувањата против британски војници за кршење на човековите права во Ирак, соопшти минитерството за одбрана на Обединетото кралство. Државниот орган (ИХАТ), кој беше основан во 2010 година од поранешната лабуристичка влада, во моментов истражува 675 предмети, меѓу кои има и обвинувања за убиства. Само...

Трамп им порача на вработените во ЦИА дека „илјада отсто“ стои зад нив

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го посети седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Ленгли, Вирџинија, при што истакна дека целосно ја поддржува агенцијата и им порача на вработените дека е „со нив илјада отсто“. Според светските медиумите, обраќањето на Трамп во седиштето на ЦИА, на првиот ден по преземањето на должноста претседател, се толкува како негов обид да...

Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ. „Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја почна борбата за...

„Конрад Аденауер“ жестоко ja искритикува ВМРО-ДПМНЕ

Во анализа под наслов „Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија - ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата, потпишана од Јоханес Реј, наведува...

Владата на Србија им даде 48 часа на пратениците да го проучат предлог-буџетот од 1.300 страници

Српското собрание денеска попладне ја почна седницата на чиј дневен ред е предлог-буџетот за 2017 година, кој, според тврдењата на владата, предвидува најнизок дифицит „во современата историја на земјата“. Со предложениот буџет, предвидени се приходи од 1.092,9 милијарди динари (околу 8,8 милијарди евра) и расходи од 1.162 милијарди динари (околу 9,4 милијарди евра), со што дефицитот изнесува 69,1 милијарди динари...

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани игри и да не упатуваат...

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција да преземе соодветна акција при...

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги критикувал Соединетите Американски Држави дека ги...

Павлопулос продолжува со радикалните пораки за Македонија, овојпат од Солун

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, вторпат неделава, овојпат од Солун, испрати порака дека Македонија е една и грчка и дека тој ќе направи сè што е во негова надлежност да го заштити грчкиот карактер на Македонија и нејзиниот територијален интегритет. Павлопулос рече дека Грција сака да има добри и пријателски односи со Македонија, но никој нема право да бара и да...

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“. Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата на печатот. Аселборн во интервјуто за...

Франгов: Водата е чиста, но со новиот водовод сакаме да го тргнеме сомнежот дека има арсен

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, денеска за „Мета“ изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода. Тој тврди дека водата во Гевгелија е чиста, но дека локалните власти сакаат да го тргнат секој сомнеж. - Одлучивме да градиме нов водоснабдителен систем затоа што имаме потреба од дополнителна количество вода. Исто...

И во поплавите поделени: За едни хаос, за другите потемкинови села

Седум дена поминаа од поплавите во скопско, а медиумите во Македонија откако известија за катастрофалните поплави, имаа различна перцепција за тоа како државата се справува со несреќата. Додека едни критикуваат дека состојбата е катастрофална, тешко се организира помош, се краде храната, по партиска линија се делат намирниците, останатите медиуми пренесуваат дека се работи деноноќно, ситуацијата е ставена под контрола,...

Полскиот парламент го донесе новиот закон за Уставниот суд

Полскиот парламент денеска го усвоил новиот закон за Уставниот суд, во обид да ја одблокира работата на оваа важна институција, јавуваат светските агенции. Поради контроверзните реформи во Уставниот суд, кои предзвикаа парализа во неговата работа, конзервативната полска влада, во која мнозинството го има Партијата на правото и правдата, беше остро критикувана од Европската Унија и од НАТО. Парламентот денеска со мнозинство...

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции. Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да се придржуваат на планот. Тој оценил...

Селективната аболиција не поминува кај меѓународната заедница

Претседателот, Ѓорге Иванов во петокот, минатата недела, реши да ги поништи помилувањата на 22 политичари од вкупно 56 аболирани лица, одлука која наиде на жестоки критики од претставниците на меѓународната заедница. Денеска, според најавите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да излезе со официјален коментар за поништувањето на аболицијата за 22 лица. Во кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева ги чекаат...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...