fbpx
Таг: критики

таг: критики

Невозможно е над 40 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да имаат „нула резултати за 2 години“

И теоретски е невозможно во над половина од општините во Северна Македонија, кои ѝ припаднаа на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори, да не се случувало ништо. Може да се зборува и да се има аргументи дека некаде потфрлиле, како што пратеникот Каевски го набројува специфичниот пример со Град Скопје, но да се тврди дека сите општински власти на ВМРО-ДПМНЕ покажале...

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да...

Агелер за МИА: „Бехтел“ работи законски, опозицијата критикува заради политички поени

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан. Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што...

Дамева: Судскиот совет немаше правна основа да ја исклучи јавноста

Разрешената претседателка на Судскиот Совет (СС) на РСМ има право кога вели дека вчерашните седници (три) на кои СС ја повлече одлуката за разрешување од 28 април, па изгласа нова за разрешување со повеќе гласови, па закажа трета на која избра нов претседател на СС, се, де факто, настани кои не се во целост засновани на правото и на...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им го нарушила угледот. Ова,...

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“, што доведува до намалена функционалност на парламентот при сосема нова улога што треба да ја...

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три години, а до денешен ден...

Никола Димитров: Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров денеска упати критики кон Владата околу процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој на прес-конференција рече оти нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи за преговорите со Бугарија. „Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство...

Вистиномер: Не може да се тврди дека „законот за дивоградбите“ се однесува на сиромашните

Изјавите на премиерот Зоран Заев и на дел од претставниците на извршната власт дека со законот за легализација на дивоградбите се штитат, пред сè, сиромашните, како и дека мора да има своевидна амнестија, се спинови, зашто ниту има точна проценка колку дивоградби има и дали тие се доминантно на сиромашни граѓани, ниту, пак, е уставно дозволено или во најмала...

ЕК: Неопходна е засилена акција на институциите во борба со климатските промени

Институтот за демократија, ИДСЦС, Центарот за европски стратегии „Евротинк“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оценуваат дека фокусот на надлежните институции, на среден и на долг рок, треба да се стави на праведната транзиција на регионите зависни од јаглен, декарбонизацијата (елиминирање на фосилните горива и примена на нови одржливи обновливи извори на енергија) во сите...

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање....

Русија со критики кон САД за свикување на Советот за безбедност за протестите во Иран

Русија остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради свикувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за протестите во Иран, во кои настрадаа најмалку 21 лице. Рускиот амбасадор при ОН, Василиј Небензја изјави дека мешањето на САД во внатрешните работи на Советот на безбедност на Обединетите нации ќе му нанесе штета на највисокото тело на ОН. Критики кон САД упатија и...

Трамп ја критикуваше Кина поради наводите дека ѝ дава нафта на Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја критикуваше Кина во врска со објавените информации во медиумите дека нафта од кинеските бродови незаконски била префрлана во севернокорејски бродови на море, јавуваат светските агенции. Трамп на „Твитер“ наведе дека Кина е „фатена во прекршок“ и дека е „многу разочаран што Кина дозволува нафтата да стигне во Северна Кореја“. Американскиот претседател додаде...

Лондон со остри критики до Трамп поради „твитовите“ за терористичкиот напад

Високиот британски функционер Демијан Грин денеска го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите пораки на „Твитер“ во врска со полициската истрага за терористичкиот напад во метро-станицата во Лондон. Грин, кој ја има почесната титула прв државен секретар, за „Скај њуз“ изјавил дека „твитот“ на Трамп за полициската истрага не бил од помош. Тој ѝ се придружи на британската...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена заштита што го воведе претходниот...

Хан: Барањата на граѓанскот сектор од Балканот се прифатливи

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата шефот на македонската дипломатија...

Северна Кореја успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека извршила успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, јавуваат светските агенции. Лансирањето на ракетата „хвасонг-14“ го следел и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој го наредил тестирањето, било наведено во специјалната емисија на севернокорејската телевизија. „Тестирањето на интерконтиненталната ракета е голем успех во историјата на нашата Република. Северна Кореја е јака нуклеарна сила која може да...

Димовски: Владата на Заев има мал и слаб економски тим

Пратеникот Илија Димовски, кој беше прв говрник по експозето на мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде активна и конструктивна опозиција, која нема намера да ги повторува грешките на СДСМ, кога тој беше во опозиција. - Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе доаѓаат на работа и ќе бидат активни на пленарните и на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...