fbpx
Таг: криптовалути

таг: криптовалути

Бугарски бизнисмен со криптовалути убиен и распарчен во Софија поради долг од 2.000 лева и пропаднат бизнис

Долг од 2.000 евра и пропаднат бизнис-проект со криптовалути. Тоа се најверојатните причини за грозоморното убиство на 42-годишниот Кристијан Пеев кое се случило минатата седмица во Софија, известуваат бугарските медиуми. Убиецот, кој е во притвор, откако со тежок предмет го удрил по главата бизнисменот со криптовалути, го распарчил неговото тело и деловите ги фрлал во канализацијата. Според досегашните сознанија, убиецот...

„Ворлдкоин“ забранет во Кенија, илјадници граѓани чекаат во редици за пари

Владата на Кенија му наложи на новиот проект за криптовалути наречен „Worldcoin“ (Вордлдкоин) да престане со регистрација на нови корисници, повикувајќи се на загриженост околу приватноста на податоците на граѓаните. „Ворлдкоин“ – криптовалута основана од американскиот претприемач Сем Алтман, нуди бесплатни дигитални токени за секој човек што ќе се согласи да му биде скенирано окото. Алтман е извршен директор на...

Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора

Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора. Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ Лабс“ за организирање измама со хартии од вредност со крипто-средства од повеќе милијарди долари. Јужнокорејските власти...

Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува...

Наскоро електронски пари и нови услуги за плаќања – Народна банка ги донесе подзаконските акти

Советот на Народна банка на Република Северна Македонија донел 12 подзаконски акти, во рамки на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година, и што ќе овозможат трансфери на пари на повеќе начини отколку сега, како и користење на електронски пари. „Примената на новата правна рамка се очекува да ја засили...

Гигантот за криптовалути „FTX“ пропаѓа во банкрот

Платформата за тргување со криптовалути „FTX“ поднесе барање за стечај во САД, барајќи судска заштита додека е во потрага по начин да им ги врати парите на корисниците. Оваа компанија беше втора по големина во светот за тргување со дигитални валути. Според Би-би-си, Сем Бенкмен-Фрид се повлекол од функцијата извршен директор на компанијата. „Повторно, навистина ми е жал што завршивме овде....

БЈН: Некој со неовластен пристап направил измени на сајтот, проблемите се отстранети

Бирото за јавни набавки поднело барање до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) и до Агенцијата за електронски комуникации за обезбедување услуга за надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации, откако беше откриено дека два дена минатата седмица, од понеделникот до средата, преку веб-страницата на БЈН се копале криптовалути, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По...

„Crypto.com“ се повлече од договорот со УЕФА Лигата на шампиони

Сингапурската компанија за размена на криптовалути „Crypto.com“ се повлече од спонзорскиот договор со УЕФА за Лигата на шампионите. Договорот вреден 428 милиони фунти, кој беше предвидено да трае пет сезони, пропаднал во последен момент поради загриженоста од зголемената регулација на криптовалутите, пишува „Би-би-си“, Сајтот за размена на криптовалути требаше да го замени „Газпром“, откако УЕФА ги прекина врските со рускиот...

Продажбата преку огласи, заработка или ризик од злоупотреба на лични податоци

Покрај специјализираните веб-страници за онлајн продажба преку огласи на физички лица, редовна пракса стана секаков вид на производи да се нудат на продажба и преку огласи на социјалните мрежи. Но, радоста дека некој сака да го купи тоа што се продава може „скапо“ да чини. Анализата на ваквата купопродажна комуникација јасно покажува дека постојат повеќе ризици. Особено е важно...

МВР: Сè почесто преку изамама за криптовалути граѓаните остануваат без илјадници евра

Криптовалути
Сè почесто се случува граѓаните да бидат намамени да вложат илјадници евра во криптовалути за потоа, повеќе никогаш да не ги добијат назад. Секторот за компјутерски криминал при МВР информира дека во изминатиот период зачестена е појавата непознати лица преку социјалните мрежи или преку имејл да испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со...

Бугарската „криптокралица“ Ружа Игнатова се најде на листата на 10 најбарани лица на ФБИ

Бугарската државјанка Ружа Игнатова, позната и како „исчезнатата криптокралица“ е ставена на листата на 10 најбарани лица на ФБИ во САД, јавува „Би-би-си“. Игнатова се бара поради нејзината наводна улога во водење измама со криптовалути позната како „OneCoin“. Федералните истражители ја обвинуваат бегалката дека ја искористила шемата за измама на жртвите за повеќе од 4 милијарди американски долари. Таа се води...

Првото издание на Tech@FEIT со фокус на криптовалутите и блокчејн технологијата

Како функционира блокчејн технологијата, што се криптовалути и каде истите наоѓаат примена во општеството? Ова беа главните прашања за кои се зборуваше на денешното, прво издание на Tech@FEIT – настан кој има за цел да им ги доближи актуелните технологии на студентите. Настанот е во организација на Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) на...

ФСС ФЕИТ в сабота организира научен настан за промовирање на актуелни технологии

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) в сабота, 07.05.2022 година, организира еднодневен, отворен настан за промовирање на актуелни технологии и запознавање на студентите со нив, насловен TECH@FEIT. Настанот ќе започне во 10 часот и ќе се одржува во Амфитеатарот на ФЕИТ. Концептот на годинашното прво издание на TECH@FEIT е составен од низа на предавања преку...

Украина ги легализираше криптовалутите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој ефикасно се легализираат криптовалутите во земјата. Овие промени доаѓаат откако Украина доби донации во криптовалути во вредност од десетици милиони долари од поединци и групи кои се надеваат дека ќе помогнат во воените напори на земјата против Русија, јавуваат светските медиуми. Предлог-законот потпишан од Зеленски беше одобрен од украинскиот парламент минатиот...

Обединетото Кралство нареди да се затворат сите банкомати за криптовалути

Сите машини за вадење готовина и купување криптовалути во Обединетото Кралство работат незаконски и мора да бидат затворени, објави Управата за финансиско однесување во земјата, пренесува „Би-би-си“. Крипто - банкоматите изгледаат како обични банкомати за готовина и им дозволуваат на луѓето да купуваат криптовалути, како што е Биткоин, користејќи ги своите банкарски картички. Но, ниту една компанија која нуди услуги...

ЛДП и ДОМ ќе бараат законски измени за регулирање на „копањето“ криптовалути

Криптовалути
Коалициските партнери Либерално демократска партија (ЛДП) и Демократска обнова на Македонија (ДОМ) соопштија дека, имајќи ја предвид енергетската криза и последиците врз животната средина, преку своите пратеници во парламентот ќе побараат законски измени кои се однесуваат на „копањето“ криптовалути. „Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци. Бидејќи...

Порталб: Во состојба на енергетска криза, се краде струја за копање криптовалути [инфографик]

Додека Северна Македонија, како и остатокот од светот, се соочува со енергетска криза, односно е во кризна состојба со снабдување на електрична енергија, во земјата незаконски со кражба на струја се копаат криптовалути. Несовесни граѓани, незаконски приклучуваат машини за копање криптовалути кои трошат многу струја и со тоа ја влошуваат кризната ситуација со снабдувањето електрична енергија. Според статистичките податоци што...

Ел Салвадор го усвои биткоинот како официјална валута

Ел Салвадор
Средноамериканската држава Ел Салвадор стана првата земја во светот што го прифати биткоинот како национална валута, со што започна радикален монетарен експеримент што може да претставува ризик за кревката економија, јавуваат светските новински агенции. Претседателот Најиб Букеле вчера соопшти дека неговата влада купила уште 200 биткоини пред официјалното усвојување на валутата во земјата. Како што информира „Си-ен-ен“, Ел Салвадор сега...

Хакерите кои украдоа криптовалути во вредност од 600 милиони евра, вратија половина од средствата

Речиси половина од средствата што беа украдени во една од најголемите кражби во светот на криптовалутите се вратени кај финансиската платформа „Поли Нетворк“ (Poly Network), пишуваат светските новински агенции. Во вторникот беше соопштено дека од „Поли Нетворк“  се украдени криптовалути во вредност од над 600 милиони американски долари. Од платформа, преку писмо објавено на Твитер, им се обратија на хакерите...

„СпејсЕкс“ најави мисија на Месечината финансирана во криптовалутата Доџкоин

Месечина
Компанијата „СпејсЕкс“ во сопственост на Илон Маск следната година планира да ја лансира мисијата наречена „DOGE-1“ на Месечината, а целото патување ќе биде платено преку криптовалутата Доџкоин (Dogecoin), која започна како шега во 2013 година, извести „Си-нет“. Доџкоин е криптовалута слична на Биткоин, која е поврзана со одамна познатото меме со куче - Шиба Ину. Мисијата ќе биде финансирана од корпорацијата...

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...