fbpx
Таг: криминална група

таг: криминална група

Притвор за петмина од криминалната група од Грчец

На петмина од криминалната група од Грчец кои вчера беа уапсени во голема полициска акција им беше изречена мерка 30-дневен притвор, додека за шестиот осомничен изречени се мерки за претпазливост, информираа од Основниот кривичен суд. „Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на: Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од...

(ВИДЕО) Разбиена криминалната група од Грчец осомничена за убиства и шверц на кокаин

Полицијата соопшти дека разбиена е меѓународна организирана криминална група чии членови биле инволвирани во организираше набавка на кокаин од земји од Јужна Америка, а осомничени се и за убиства извршени на територијата на Северна Македонија. Станува збор за три убиства и еден обид за убиство. Истрагата, како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски била водена од Бирото за...

Наплаќале „билет“ помеѓу 600 и 800 евра – разбиена мрежа шверцери на илегални мигранти

Во координирана акција што денеска ја спровело МВР под водство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), полицијата уапси голем дел од 13-члена криминална група која криумчарела мигранти. Еден од уапсените е полицаец, а двајца од групата веќе лежат затвор за криумчарење мигранти. Денешните апсења се случуваат по шестмесечна истрага, односно од мај до октомври...

Вељко Беливук: Вучиќ бараше да ги заплашувам организаторите на протестите против него

Вељко Беливук, водач на криминалната група осомничена за значителен број брутални убиства и масакрирања, на сослушување во српското Обвинителство за организиран криминал пред две седмици негирал дека е убиец, но затоа зборувал за „соработката“ со претседателот на Србија Александар Вучиќ и други личности од врвот на владејачката Српска напредна партија. Беливук пред обвинителите зборувал дека Вучиќ и неговите соработници му...

Измамени Тајванци работеле како робови во Бардовци, вршеле телефонски измами за „газдите“

Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција од МВР разбиле криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван, соопшти македонското МВР. Групата со измама наведувала Тајванци „на...

Разбиена криминална група што тргувала со дрога и шверцувала мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска во координирана акција со Министерството за внатрешни работи разбило шестчлена криминална група чии членови се товарат за трговија со дрога и за шверц на мигранти. Акцијата, како што соопшти обвинителството, била спроведена денеска во Скопје, Велес и во Тетово. Според обвинителството, криминалната група од април до септември оваа година организирала купување...

ОЈО за организиран криминал гони две лица осомничени за трговија со марихуана

Во координирана акција со Секторот за криминалистички истраги - единица за недозволена трговија со дрога при МВР, Jавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција разбило група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Надлежен јавен обвинител, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, денеска до судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, поднел...

МВР: Во тек е акција против организирана криминална група – дилери на дрога

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во тек е оперативна акција против организирана криминална група, која се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. Од МВР не соопштуваат повеќе детали за акцијата и каде се споведува. Оттаму велат дека по нејзиното завршување јавноста ќе биде детално информирана.

Поднесено обвинение против криминална група за шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинителен акт против три лица - членови на криминална група, кои се товарат за шверц на 100 килограми марихуана. Како што соопштуваат од обвинителството, станува збор за четиричлена група, која организирала шверц на 100 килограми марихуана од Албанија во земјава. Дрогата, според обвнителството, била наменета за нарко-пазарот во Турција,...

Разбиена банда крадци на луксузни возила во акција на Европол

Европската полиција (Европол) денеска соопшти дека разбила меѓународна организирана криминална група, чии членови се осомничени за кражби и за препродавање на луксузни автомобили во Европа и во Северна Африка. Полициите на Италија, Шпанија и на Белгија извршиле 28 апсења и претреси на 29 локации во Италија и во Шпанија, соопшти Европол. Според информациите, водачите на криминалната група се со потекло од Италија...

Уапсени пет членови на нарко-банда во акцијата „Брана“ на МВР

Министерството за внатрешни работи во криминалистичка истрага под кодното име „Брана“ разбила повеќечлена криминална група која од јули минатата година до јуни годинава продавала марихуана, кокаин и екстази во земјава. Како што соопшти денеска МВР, тројца од осомничените биле идентификувани како организатори на групата, а двајца дејствувале како посредници. Полицијата извршила претреси во нивните домови, каде, како што информираат оттаму, биле...

Разбиена криминална банда која шверцувала мигранти од Балканот во Италија

Четири лица, осомничени дека шверцувале мигранти од Балканот во Италија, се уапсени во координирана акција на италијанската, унгарската и словенечката полиција, јавуваат светските агенции. Италијанската полиција соопштила дека двајца од осомничените биле уапсени на северот на Италија, еден во Будимпешта и еден осомничен во градот Марибор во Словенија. Сите четворица се осомничени за злосторничко здружување. Како што соопштиле од италијанската полиција,...

Албанската полиција со помош на колегите од регионот разби меѓународна нарко-банда

Дирекцијата за борба со наркотици и за нелегална трговија на албанската полиција и Обвинителството за сериозен криминал успешно ја завршиле операцијата под кодно име „Балкан“, почната во 2015 година, и разбиле организирана криминална група што тргувала со дрога во повеќе земји во регионот. „Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови...

Колумбиската полиција запленила рекордни осум тони кокаин

Колумбиската национална полиција запленила осум тони кокаин долж границата со Панама, соопштија властите во Богота. Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во оваа земја, во изминатите неколку години. Полициската акција за заплена на дрогата, според колумбиските власти, била изведена во подземно скривалиште на плантажа со банани во општината Турбо. Во операцијата биле...

Запленети три килограми марихуана и уапсени тројца членови на криминална група

Министерството за внатрешни работи (МВР) запленило околу три килограми марихуана и уапсило тројца членови на организирана криминална група, осомничени за трговија со дрога. Како што соопштуваат од МВР, кривични пријави се поднесени против пет лица, М.А. (32), А.А. (37) и К.М. (55) од Скопје, Ф.Т. (33) од Струга и Д.Б. (29) од Република Албанија. Двајца од членовите на групата се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...