!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Данев: Заев ќе прави отстапки за да се спаси од 9 години затвор


Скопје, 17 февруари, 2017 - 15:38 (META) 

Лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само за да формира владина коалиција, оти во спротивно ќе заврши во затвор на 9 години поради земање поткуп и поради насилство кон претставници на највисоките државни органи, порача Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција попладнево.

– Јасно е зошто Заев е подготвен на секакви отстапки и секакви пазарења. Заев знае дека ја нема поддршката од народот. Знае дека изгуби на изборите на 11 декември и дека народот се спротивстави на можноста аболицирани криминалци да ја водат државата. Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-поправниот дом Идризово – рече Данев.


ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат


Скопје, 26 септември, 2016 - 14:36 (META) 

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите на аболираниот криминалец Зоран Заев, преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“.

„Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ и на Сорос е резултат на желбите на аболираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на власт апелираат „притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на аболираниот Зоран Заев“.


ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главен статист во фарсата која ја играат со Катица Јанева


Скопје, 16 септември, 2016 - 16:40 (META) 

Аболираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации.

Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешните изјави на специјалната јавна обвинителка и на лидерот на опозицијата.

„Аболираниот криминалец Зоран Заев е човекот кој јавно ги погази македонските судови, изјавувајќи дека нема намера да ги почитува нивните наредби и одлуки. Истиот тој аболиран криминалец сега е главен статист во фарсата која што ја играат со Катица Јанева. Заев е комотен затоа што знае дека има заштита од Катица Јанева. Аболираниот криминалец Заев е комотен затоа што доби јавна благодарност од Соња Верушевска бидејќи Катица Јанева го ослободила од притвор Зоран Верушевски“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека тоа се двојните аршини кои политички ги наметнува Катица Јанева.

„Благодарение на Катица Јанева, битолскиот градоначалник Владимир Талевски е трет месец во притвор, а аболираниот криминалец Зоран Заев на слобода“, реагираат од владејачката партија.