fbpx
Таг: криминал

таг: криминал

Битолските советници на пауза поради „некултура“ и „немање домашно воспитување“

Плановите за вработување на 67 лица во јавните претпријатија во Битола предизвика нова политичка кавга во Советот на Општината. На расправата паднаа тешки обвинувања за власта и навреди за опозицијата, иако и двете страни се согласни дека законска обврска на јавните претпријатија е да ги изнесат плановите за вработување во тековната година пред градскиот Совет. Од опозицијата истакнаа дека во...

Криминалците блиски до Заев го труеја Скопје со кокаин, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Криминалците блиски до Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Дали аболираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател? Дали Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов молчи како успеал за две години да купи три нови станови

Аболираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Партискиот портпарол Петре Шилегов иако обично е гласен, се уште молчи како успеал за две години да купи три нови станови. Тој се уште не одговори дали сам на себе...

СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара

Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ напразно бараат утеха, секој кој правел криминал ќе одговара, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ: „Граѓаните избраа промени и правда и тоа никој нема да го спречи. Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да се обидуваат да најдат оправдувања за својот криминал, но тоа...

Заев го претвори СДСМ во синоним за криминал, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев го претвори СДСМ во промотор и заштитник на криминалот и партијата стана дувло и синоним за криминал, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин. Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која што го затрупувале Скопје со дрога. Од...

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Шилегов како да не се дадани при целосна свест

Како што наближува денот кога ќе се дознае вистината за криминалот, така зачестуваат изјавите на Петре Шилегов кои наликуваат дека не се дадени при целосна свест, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ. „Аболицираниот криминалец Зоран Заев никогаш немал проблем да најде некој што јавно ќе се посрамоти со разни небулози, бидејќи Петре Шилегов...

Јанева: СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на власта

Судот треба да сфати дека СЈО не гони обичен криминал, туку ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта и затоа судот мора совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата должност кога станува збор за случаите на Специјалното јавно обвинителство. Ова денеска го изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која беше гостин на презентацијата...

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос...

Контраспин: Криминалот и корупцијата не исчезнаа за СЈО да биде беспредметно

СЈО е стожерот кој треба да обезбеди правна разврска на кризата, без која нема излез од спиралата што Македонија ја води во регрес и во опасност од дезинтеграција. СЈО беше продукт на Договорот од Пржино и констатација во анализата на Рајнхард Прибе за измена на системот на електронско следење на комуникациите и надворешна, надзорна контрола врз тој систем, пишува...

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе. „И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и понатаму си игра...

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале. Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите. При рацијата, за време на божиќниот викенд, полицијата запленила и 45...

Попоски: Судот ќе одлучи кој ќе заврши во затвор

Треба да ја почитуваме презумцијата на невиност и да оставиме судските инстанции да одлучат дали е некој виновен или не, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна...

НСДП: Изборите на 11 декември имаат референдумско значење за државата

„Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите и за возобновување на правниот поредок и на демократијата“, истакнал претседателот на НСДП, Тито Петковски, во Битола на средбата со ракводствата и со членовите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица. „Криминалот и корупцијата вгнездени...

ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Богоевски за сите невистини ќе добие тужба за клевета

Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи телевизија „Телма“ и времето што му беше дадено во емисија „Топ-тема“ за да изнесе лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и на функционери од партијата, реагираат од владејачката партија по синоќешното интервју. За сите невистини што ги изнесе, како што...

Европол уапси повеќе од 300 лица и заплени еден тон кокаин

Полицијата уапсила повеќе од 300 лица и запленила повеќе од еден тон кокаин во еднонеделната акција против мрежа што се занимава со трговија на наркотици, криумчарење на луѓе и со криминал во Европа и пошироко, соопшти денеска Европол. Преку истрагата била откриена една лажна туристичка агенција во Грција која помагала во трговијата со луѓе и бордел во Австрија каде што канабисот бил одгледуван,...

СДСМ: Во буџетот за 2017 година не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки

Во буџетот за 2017 година што владејачката партија сака да го донесе, како што може да се види од документот во прилог, не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки како што лажеше Никола Груевски, се вели во соопштението што од СДСМ го испратија до медиумите. Во него се додава дека во ставката за изградба, опремување и за одржување објекти за...

Грчката организација Огнени јадра презеде одговорност за нападот во Атина

Грчката терористичка организација Огнени јадра презеде одговорност за синоќешниот напад во центарот на Атина. Од организацијата потврдија дека мета на нападот била грчката јавна обвинителка Георгиа Цатани. Во соопштението со кое преземаат одговорност, од организацијата посочуваат дека ја одбрале Цатани бидејќи е дел од група јавни обвинители кои при големи судења ѝ помагаат на политичката и бизнис-мафија да се извлече од одговорност,...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ не сака СЈО да ги расчисти докрај истрагите што ги почна

Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници, обвини денеска Петре Шилегов, по собраниската седница на која пратениците не ги изгласаа измените на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци. - Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не сакаат да се овозможи непречена...

Омбудсманот да побара толкување дали Талески смеел од притвор да ја води Општината

Народниот правобранител Иџет Мемети да побара толкување од Собранието на Република Македонија, дали битолскиот градоначалник Владимир Талески од куќен притвор можел да ја води Општина Битола. Вакво барање до Мемети испрати советничката на ВМРО-НП од Битола, Габриела Илиевска, откако Собранието го одби нејзиното барање да даде толкување на член 163 од Законот за кривична постапка во врска со тоа дали...

Зврлевски денеска се сретнал со амбасадорот Жбогар

Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, попладнево се сретнал со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар, информираа од Основното јавно обвинителство. „На средбата, која беше од протоколарен карактер, се разговараше за улогата и за поставеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, како надлежен орган за спречување и борба против криминалот“, пишува во соопштението на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...