fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно - приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и...

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за идната фабрика,, се очекува германската...

Бектеши: И за домаќинствата и за стопанството ќе има мерки за ублажување на енергетската криза

Од почетокот на август кога ќе се прогласи состојба на енергетска криза, Владата ќе може да преземе соодветни одлуки за помош на домаќинствата и на стопанството, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по средбата со претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев, на која присуствуваа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, директорот на НЕР АД...

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку сè оди според планот

Очекуваме тешка зима и затоа Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија, најави денеска ресорниот министер Крешник Бектеши на брифинг со новинарите и порача дека нe очекува да има рестрикции доколку сè се одвива според планот. „Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме...

Бектеши: Од вчера сe пониски цените на основните прехранбeни продукти

По донесување на одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат, а очекувам дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарните инспектори се на терен за да утврдат дали трговците ја почитуваат одлуката, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето...

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач - ЕВН хоум ќе биде да...

Бектеши: Tрговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, двојна дневница за работниците

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион. Министерот Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде...

Бектеши и „Макпетрол“ велат дека нема прекин во снабдувањето со гас во земјава

Снабдувањето на Северна Македонија со руски гас преку „Гаспром“ не е прекинато, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по прекинот на снабдување со гас на Бугарија. Бектеши на прес-конференција потврди дека прекинот на испорака кон Бугарија и Полска не е поврзано со земјава и информира дека трговците со гас во земјава, ГА-МА и НЕР, ги подмириле сите обврски...

Зејтин ќе има во доволни количества, директорот на „Кристал“ не очекува нови поскапувања

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сончоглед во земјава, а со тоа и количествата на суровина за масло за јадење. Тој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска беа во посета на фабриката за производство на масло за јадење „Кристал“ (поранешна „Благој Ѓорев“) од Велес. Двајцата министери остварија...

Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаична електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема. „Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат...

Бектеши: 10-дневна забрана за извоз на одделни житарици и сончогледово масло, од понеделник поевтинување на горивата

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
Владата донесе одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, соопшти на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бектеши информираше дека согласно Одлуката од денеска 11 март,...

Нафтени деривати има доволно, не си ја трошете безцелно семејната заштеда кога бензините се најскапи

Јавување по телефони на членови на семејството и на пријатели и споделувања по социјалните мрежи. На овој начин, во земјава вчера се создаде паника кај населението дека треба да се складираат нафтени деривати и да се оди на бензинските пумпи, бидејќи ќе снема гориво поради ограничувањето на купувањето на горива кај некои помали бензински пумпи. Низ Скопје, Штип и...

Бектеши: Зголемувањето на цените се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција изјави дека зголемувањето на цените на основните прехранбени производи се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало. Тој потсети потсети дека замрзнувањето на цените важи до крајот на февруари. „Оваа и следната недела ќе имаме директни средби со сите инволвирани страни, особено со производителите и...

Бектеши предлага цените на основните прехранбени производи да се „замрзнат“ до крајот на февруари

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
Два дена пред истекот на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил информираше дека до Владата е доставен предлог мерката да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година. „Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи...

Владата ќе префрли 6 милиони евра на АД ЕСМ за да се покријат трошоците за парно греење во Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе добие 6 милиони евра од владата за да се покријат плаќањата на трошоците што произлегуваат од разликата меѓу реалната цена и постојната цена за парното греење на корисниците во Скопје. Тој додаде дека овој износ е проекција на АД ЕСМ, нивната подружница ЕСМ-Енергетика која...

Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
"Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија", извести министерот за економија, Крешник Бектеши. Согласно оваа Уредба...

Владата одлучи ЕСМ да откупува струја од ТЕ-ТО, ќе има и засилено парно греење во Скопје

Когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје ќе произведува енергија со максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати, а државната компанија АД ЕСМ ќе ја откупува дополнително произведената количина електрична енергија. На овој начин, дополнителните количини на набавена струја ќе овозможат обезбедување и на производство на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија, односно за БЕГ, којшто снабдува најголем дел од...

Владата го забрани покачувањето на цените на оризот, јајцата и тестенините

Цените на оризот, јајцата и тестенините се „замрзнуваат“, односно за нив ќе важат цените кои се применувале во трговијата на мало и на големо од 1 декември годинава, соопшти денес министерот за економија Крешник Бектеши на неговата Фејсбук страница. Ваквата одлука ќе важи до 31 јануари. „Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и...

Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
По одлуката на управата на АД ЕСМ за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, министерот за економија Крешник Бектеши изрази целосна поддршка и побара одлоговрно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Тој нагласи дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и нема да има рестрикции на електрична енергија. „Давам целосна поддршка...

Ќе биде прогласена енергетска криза, но нема да има рестрикции на струја

Прашањето за воведување на енергетска кризна состојба во земјава ќе се најде на следната владина седница во вторник. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде прогласена ваквата состојба, со цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО, да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...