fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Цените на тестенините од утре ќе се замрзнат, најавува Бектеши

По замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари од почетокот на март, министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините, при што тој очекува во маркетите овие производи да се продаваат по цени пониски за над 10 отсто. Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на...

Бектеши: До крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на ТВ 24. Согласно анализите на Министерството за економија, изјави тој, а од информации на производителите, цената на маслото за јадење во наредните 10...

Владата ги обврза производителите да произведуваат и продаваат леб, тие најавија реакција денеска

Владата синоќа донесе одлука со која ги обврзува производителите и трговците на леб да произведуваат и продаваат леб по утврдената цена од најмногу 33 денари. Ваквата одлука следува откако пред два дена големите производители и трговци со леб престанаа да доставуваат леб во маркетите како реакција на „замрзнатата“ цена. Од владата велат ако не се придржуваат до одлуката ќе...

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

На компаниите не им се ускратува ништо, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. „Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител...

Пекарите со уцена: Ќе престанеле да произведуваат леб ако се замрзне неговата цена

Пекарската индустрија со уцена до владата откако министерот за економија Крешник Бектеши во саботата најави дека владата утре ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. По денешниот состанок на компаниите од пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија тие се заканија дека ќе престанат со производството на леб, доколку стапи на...

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне на цената на лебот на 33 денари

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства...

Бектеши: Од јули очекуваме да се намали цената на струјата

Од први јули не се очекува зголемување на цената на струјата, туку се очекува дополнително намалување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг на новинарите заедно со директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски. Очекувањата дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија, според Бектеши, се базирани на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и...

Македонската влада ќе забрани увоз на нафта од Русија поради воената агресија врз Украина

Македонската влада ќе ги следи политиките на ЕУ и ќе воведе забрана за увоз на руска нафта во земјава, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши по најновата одлука на Европската Комисија да забрани увоз на руско дизел гориво. Во одговор на новинарско прашање за тоа колкаво количество на руска нафта се увезува во земјава, министерот Бектеши одговори: „Согласно податоците што...

Гасовод кон Грција ќе има до крајот на 2024 година, тендерот за изградба следи нареден месец

Во втората половина на февруари ќе биде распишан јавниот повик за изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, а изградбата би требало да заврши до крајот на 2024 година, информираат од Министерството за економија. Во моментов се работи и на нов интерконектор со Република Србија, додека за интерконектор со Косово, обврските од наша страна се завршени и се...

Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според донесената одлука оваа мерка ќе се применува до 30 април 2023 година, информираат од Министерството за економија. „Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на...

Откако „Макпетрол“ се откажа, ЕСМ со нов повик за избор на компанија што ќе ја снабдува земјава со гас

Откако „Макпетрол“ вчера информираше дека од 1 јануари нема да увезува и испорачува природен гас на неговите потрошувачи, државната компанија ЕСМ Продажба денеска информира дека објавила повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и...

Бектеши тврди дека цените по маркетите ќе опаднат штом се потрошат залихите, билетите и понатаму по иста цена

Производителите на храна добија поевтина струја од 1 декември од Владата, додека автобуските превозници возат со нафтени деривати кои се поевтини и до 40 денари од литар во споредба со летниот период, кога ги поскапеа меѓуградските и меѓународните билети за патување. И покрај брзата реакција за зголемување на цените од компаниите, кои доведоа инфлацијата во земјава да се искачи...

Мета факт: Не се исполни ветувањето на министерот Бектеши за забрана на увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард

Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дадена на крајот од јануари 2021 година дека во Северна Македонија лани ќе се забранел увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови е невистинита. Заострувањето на критериумите за увоз на половните возила во земјава не се случи во 2021 година, ниту пак се има случено до...

Сите штедат струја, Железница и Арачиново трошат неконтролирано

Македонски Железници-Транспорт и Општина Арачиново во октомври годинава се натпреварувале кој ќе потроши повеќе струја во однос на истиот месец лани. Железница минатиот месец потрошила за 760 отсто повеќе струја во однос на октомври 2021 година, додека Општина Арачиново за една година ја зголемила потрошувачката за дури 474 отсто во споредба со десеттиот месец лани, објави денеска министерот за економија...

Бектеши: Eлектраната ТЕ-ТО ќе почне да работи на 1 ноември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека од 1 ноември ќе започне со работа когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, односно дека топлинска енергија за скопските потрошувачи во претстојнава грејна сезона ќе има. Она што засега останува нејасно е што предвидува договорот меѓу ТЕ-ТО...

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за органот кој ја раководи...

Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима. Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Компанијата...

Ковачевски: Имаме највисоки стапки на инфлација во последните 50 години, пред нас е исклучително тешка зима

Никого нема да заборавиме, никого нема да оставиме сам да се справува сам со последиците од оваа криза. Ќе ја пребродиме сите заедно оваа исклучително тешка зима која е пред нас, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Тој ги презентира мерките за ублажување на кризата кои главно се насочени кон граѓаните од ранливите категории. Кажа дека...

Контраспин: Не е време за политички суети, а уште помалку за спинови кога станува збор за набавката на енергенси

Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и Ковачевски. Најблизок неспинерски став...

Бектеши повтори дека БЕГ треба да ги сторнира августовските сметки за парно

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека Балкан Енерџи Груп (БЕГ) ќе мора да ја послуша одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и да ги сторнира августовските сметки за парно греење кои веќе им се испратени на корисниците во Скопје. БЕГ има обврска да им испрати нови сметки на потрошувачите за август. Тој потсетува дека...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...