fbpx
Таг: Кремљ

таг: Кремљ

Повторно се шири рускиот лажен наратив за биолаборатории во Украина управувани од САД

Неточно се тврди дека во Украина имало биолаборатории на САД под директна команда на Пентагон. Лабораториите се под суверена команда на Украина и се национални, а СЗО после воената инвазија на Русија врз Украина, препорача патогените да се уништат за да не им паднат во раце на руските воени сили. Ова тврдење не е ново, всушност, тоа е лажен...

Захарова со наративи полни со дезинформации ја учи Европа за демократија и безбедност

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно ќе биде „колатерална жртва“,...

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за изградба на железничката пруга ...

Главен дезинфо наратив за февруари: Западот започна војна во Украина, Русија употреби сила за да ја запре

Главниот дезинформациски наратив во февруари во македонскиот медиумски простор беше изречен од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на само три дена пред одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина. Тој го преврте „огледалото“ и де факто рече дека Русија морала да влезе со воена сила во Украина за да се одбрани од Западот. „Сакам да повторам –...

Путин ги користи „традиционалните и семејни вредности“ како оправдување за војната во Украина

Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови...

На експлицитната фотографија не е германската министерка Бербок

Во постот неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. На експлицитната фотографија е прикажна друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години, кога таа беше кандидат на Зелената партија да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Путин ја обнови главната дезинформациска мантра – војната ја почнала Украина, а Русија војува за мир

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго...

Рускиот наратив дека Полска планира да ја анектира западна Украина стигна и во С. Македонија

Освен тврдења на измислен автор објавени на полскиот  веб-портал Niezależny Dziennik Polityczny со про-Кремљ ставови и кој шири лажни вести, нема апсолутно никаков друг доказ, официјален став или каква било поткрепа на тврдењето на наводните намери на Полска да анектира дел од Украина. Според сите наведени информации, оваа објава дезинформира и е дел од пошироката руска пропаганда поврзана со...

ТОП 5 појави на штетни странски влијанија во С. Македонија во 2022 година

Пропагандната машинерија на Кремљ доминира во ширењето на дезинформациите, но на хоризонтот се појавува и кинеската пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Русија води војна во Украина, но руската пропаганда води војна во целиот свет. Таа војна во 2022 година имаше различни цели. Примарна беше да ја соопшти „руската вистина за специјалната операција“. Неретко цел...

ТОП 7 дезинформации за украинскиот претседател Володимир Зеленски

Претседателот на Украина, Волдомир Зеленски ја води украинската држава од 2019 година кога извојува убедлива победа над тогашниот претседател Петро Порошенко. Но неговото лидерство за време на руската инвазија врз Украина му донесе глобално признание, но и глобални напади на неговата личност и стана прва мета на дезинформации поврзани со оваа војна која се води повеќе од десет месеци,...

Руската амбасадорка во Софија не знае зошто Москва го бара истражувачкиот новинар Христо Грозев

Откако Русија покрена потерница за истражувачкиот новинар Христо Грозев, бугарски државјанин, новинар и извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова денеска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија. Таа во изјава за медиумите по излегувањето од МНР кажа дека не ја знае точната причина зошто Русија го бара...

ТОП 5 дезинформации за војната во Украина во 2022 година

Војната во Украина, покрај тоа што произведе големи страдања, воени и цивилни жртви, стотици милијарди долари унитшена инфраструктура, таа произведува и редовен наплив на дезинформации. Значителен дел од нив пристигнуваат и во С. Македонија со цел да ги замаглат фактите и да му помогнат на Кремљ во борбата за јавното мислење во земјава, пред сѐ, за да ја оправда...

„Западот, Истокот и јас“: Про-Кремљ пропаганда која згасна откако само четирипати излезе во трафиките

Во земјава неретка е појавата и феноменот што го претставуваше весникот „Западот, Истокот и јас“, кој во октомври го објави првиот број, а веќе во ноември последниот. За време на важни и клучни политички, геостратешки случувања, а и за време на пандемии, се јавуваат медиуми и движења кои се формираат со една единствена цел, во еден краток период се...

Преку дезинформации, Кремљ се обидува да ја избегне вината за предизвикување на енергетската криза

Преку „чад, огледала и гас“, Кремљ се обидува да ја избегне вината за зголемувањето на цените како резултат на енергетската криза. Фразата „чад и огледала“ се однесува на илузија од 19 век што магионичарите ја користеле за да проектираат слика во воздухот. Оттогаш оваа фраза го доби значењето на измама и делузија, пишува Еувсдисинфо, пренесува Portalb.mk. Од инвазијата на Украина...

Меѓународна конференција за дезинформациите околу војната во Украина: Првата одговорност на новинарите е кон вистината

Војната во Украина, руските агресорски дејствија, пропагандата и дезинформациите што се шират од руските центри на влијание во онлајн просторот и во некои медиуми, практиката на спротивставувањето на ваквите дезинформации и полувистини, преку искуствата на украински, бугарски па дури и руски новинари што ја напуштиле земјата. Меѓу нив и потресни сведоштва за ситуацијата и страдањата во Украина. За овие теми...

Дезинформациите во војната со енергенси – гасот, нафтата и струјата станаа оружје

Како одговор на економските санкции на западноевропските земји и САД кон Русија заради воената агресија врз една суверена земја, Кремљ отвори фронт во срцето на Европа и ги „затвори славините“ за гас. Со тоа ги крена во астрономски височини цените на енергенсите на светскиот пазар, го соочи континентот со брутална економска криза и рецесија и ја стави на тест...

Руски советник за безбедност „фатен“ како кажува дека дроновите-самоубијци во Украина се ирански

Советник на Министерството за одбрана на Русија неодамна во телевизиско интервју, несвесен дека разговорот оди во етер, кажал дека дроновите-самоубијци коишто Русија ги користи за нападите врз градови во Украина се ирански, јави „Бизнис Инсајдер“. Официјална Москва во континуитет ги отфрла наводите дека се користат дронови произведени во Иран. Руслан Пухов, директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии и...

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за еколошка штета

НАТО Алијансата изрази длабока загриженост за штетата од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница инцидентите се наречени „намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа кои меѓу другото претставуваат и ризик за сериозна еколошка штета“. „Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа....

Русија веќе нема целосна контрола врз регионот Луханск

Украина повторно зазеде област во близина на источниот град Лисичанск, во мала, но симболична победа што значи дека Русија повеќе нема целосна контрола врз регионот Луханск, една од клучните воени цели на Владимир Путин, пренесе Гардијан. Гувернерот на Луханск, Серхи Хаидаи, рече дека вооружените сили на Украина се под „целосна контрола“ на Билохоривка. „Тоа е предградие на Лисичанск. Наскоро со...

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој може да ги надмудри...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...