fbpx
Таг: кредит

таг: кредит

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони евра грант за претпријатијата

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони грант за малите и средни претпријатија (МСП), за подобрување на нивните производствени капацитети и квалитетот на проиозводите преку воведување на ЕУ-стандарди. „Ако една компанија земе еден милион евра кредит, тоа значи дека 150.000 евра се грант, а 850.000 евра треба да врати. Нашата економија ја сочинуваат најголем број на мали...

За олеснување на трговијата и транспортот, 26,2 милиони евра заем од Светска банка

За да се намалат трошоците за трговија и да се зголеми ефикасноста на транспортот, Министерството за финансии во име на Владата ќе склучи договор за заем со Светска банка во износ од 26,2 милиони евра, информираат од таму. Договорот ќе биде потпишан по донесувањето на Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем за...

Општина Струмица поднесе барање до Владата за намалување на стапката на ДДВ за гасот

Општина Струмица доставила барање до Владата за намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на пет проценти. Според градоначалникот Коста Јаневски, решението на проблемот со загадениот воздух, во кое во најголем дел учествува затоплувањето на домовите е преку гасификација, како и проширување на гасоводната мрежа. За таа цел Јавното претпријатие „Срумица гас“ аплицирало до...

Собранието одобри заем за набавка на еколошки автобуси за Скопје

Собранието денеска го усвои Законот за гаранција на Република Македонија за обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на 30 до 40 нови автобуси на еколошко гориво за Скопје, со што ЈСП треба да замени дел од сегашните дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Според информациите од Градот, новите автобуси ќе бидат нископодни и ќе...

Анѓушев: Со 1,5 милиони евра кредит, „Југохром“ ќе се рестартира до јуни 2019 година

По одлуката на владата за обезбедување кредит од 1,5 милиони евра за комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на фабриката порача дека комбинатот може профитабилно да работи, а работниците можат да ја гледаат својата егзистенција во „Југохром“. - Преку одобрувањето на кредитот е постигнат договор за рестартирање на „Југохром“. Повторно ќе работаат најголемите печки,...

Тевдовски: За сегашната нова зграда на Клинички парите ќе се враќаат

Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар и од септември, заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија, ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место. Тоа беше кажаното од министерот за...

Заев: Уште размислуваме дали новиот Клинички центар да се гради во Бардовци

Сè уште немаме донесено одлука, и чекаме во наредните денови сите надлежни институции да ги достават побараните информации, па ќе решиме дали новиот Клинички центар во Скопје ќе се гради на сегашната локација или пак во Бардовци или во Индустриската зона Визбегово, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничкото прашање на Павле Богоевски, дали изборот на изведувачот, италијанската компанија...

Заев: Изградбата на новиот клинички центар е еден од приоритетите за оваа година

Премиерот Зоран Заев денеска со министерот за здравство Венко Филипче, имале средба со делегација на Банката за развој на Советот на Европа (ЕЦБ), предводена од регионалниот менаџер на банката, Витомир Мајлс Рагуз, на кој тема бил „најновиот статус за изградбата на новиот клинички центар во Македонија“, за кој е обезбеден кредит од ЕЦБ. На средбата, како што соопштија од Владата,...

Грција и кредиторите постигнаа договор за новите обврски од мерките за штедење

Грчката влада и кредиторите успеаја да постигнат договор за новите грчки обврски и мерки за да може државата да добие зелено светло за исплаќање на новата рата од кредитот за Грција. По неколкумесечни тензични преговори и натегања, грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, рано утринава објави дека е постигнат договор и дека преговорите се успешно завршени. Владата во Атина е...

Напредок во преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори

Грција и европските министри за финансии успеаја да постигнат напредок во разговорите за реформите што треба да ги спроведе грчката влада заради исплаќање на следната рата од грчкиот кредит. Според информациите во Грција, со постигнатиот напредок и со прелиминарен договор е договорено во Атина да се вратат претставниците на европските кредитори пред Велигден за да се довршат разговорите и да се...

ВМРО-ДПМНЕ ја дала партиската зграда под хипотека

ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред изборите зела кредит од три милиони евра од Комерцијална банка и за таа цел го заложила под хипотека новото седиште, палатата „Христо Татарчев“, објави „Призма“. Како што пишува во Службен весник, партијата зела „рамковен риволвинг кредит“, што значи дека не морала да ги подигнe сите три милиони евра одеднаш. Освен својот дел од објектот, ВМРО-ДПМНЕ во банката...

Изградбата на автопатиштата доцни, а трошоците се зголемуваат, констатира ДЗР

Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови - април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија. Делницата на автопатот во западниот дел од земјава е...

Јавниот долг изнесува 50,6 проценти од БДП, објави Министерство за финансии

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг, кои изнесуваат 41,9 отсто и 50,6 проценти за третиот квартал од 2016 година. Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и на јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето на еврообврзницата во јули 2016 година, која е наменета за покривање...

Британската економија ќе претрпи штети од одлуката за напуштање на ЕУ, смета Тереза Меј

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека британската економија ќе претрпи штета од одлуката за напуштање на Европската Унија, но таа нема да биде толку сериозна како што предвидуваат некои аналитичари. - Ни претстојат тешки времиња. Видовме дека податоците во овој, актуелен момент, даваат противречни сигнали за ситуацијата во економијата. Сметам дека таа реагира подобро отколку што имаше некои претскажувања по референдумот,...

Неизвесно исплаќањето на ратата од 7,5 милијарди евра за Грција

Грчката влада повторно брка време за да го заврши договорот со кредиторите за да си отвори пат за исплаќање на ратата од 7,5 милијарди евра од европскиот кредит за земјата. Владата на Алексис Ципрас мора неделава да ја заврши „домашната задача“ за измена на неколку закони и амандмани од новиот пакет мерки кои ги бараат европските кредитори, кои забележаа...

Еврогрупата даде зелено светло за исплаќање на 10,3 милијарди евра за Грција

По речиси 11 часа состанок, Еврогрупата заврши со договор и зелено светло за исплаќање на рата од грчкиот кредит. Европските министри за финансии договорија Грција да добие 10,3 милијарди евра кои ќе бидат исплатени во две фази и договорија насоки за намалување на грчкиот долг во три фази. Покрај несогласувањата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму останува во финансиската програма...

СДСМ: Злосторничкото здружение на колена посегна по нови 4,3 милиони евра

Опозициската партија СДСМ денеска го осуди новото задолжување на Владата, додавајќи дека граѓаните протестираат и поради тоа. „Додека Македонија е на нозе поради злосторничкото здружение кое Иванов го помилува од криминалите што ги правеле изминативе 10 години, Ставрески ги задолжува граѓаните со нови 4,3 милиони евра. Граѓаните се на нозе и поради огромното задолжување што го прави злосторничкото здружение на...

Русија ѝ одобри на Ерменија заем од 200 милиони долари за купување оружје

Русија денеска ѝ одобри заем на Ерменија од 200 милиони долари за купување руско оружје. Кредитот е за десет години со поволна каматна стапка. Ерменија е еден од сојузниците на Москва на чијашто територија Русија има воена база. Средствата за набавка на ново оружје ќе го разгневат Азербејџан, кој има спор со Ерменија околу областа Нагорно-Карабах.  

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. - Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон...

Партијата на пензионерите: Драги Аргировски го става членството на СЗПМ во позиција на продолжена рака на власта

Изјавата на претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски, дека ветото на дополнителниот министер Кире Наумов ќе ја загрозело исплатата на платите и на пензиите, ги става и членовите на Сојузот во позиција на продолжена рака на власта, реагираат од Партија на обединетите пензионери и граѓани на Македонија. - Со кое право еден претставник на граѓанско здружение, изигрувајќи партиски јуришник, ги става...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...