fbpx
Таг: крадци

таг: крадци

По кражбите и нападите на студентите, ПМФ доби чувари и улично осветлување (ВИДЕО)

Студентското собрание при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и деканот на ПМФ, Даворин Трпевски, во вторникот, 14 ноември, ги извеестија студентите на Природно-математичкиот факултет дека објектот ќе има чувари, а вежби веќе нема да се одржуваат по 16 часот и дека ќе се зголеми безбедноста на ова место. За да го потврдат сето ова, новинарите на Порталб.мк и Мета.мк вчера...

По алармирањето на Порталб, студентите на ПМФ ќе имаат чувари

По алармирањето на Порталб.мк за поплаките на студентите дека по патот за на Природно-математичкиот факултет во Автокоманда тие се мета на крадци, Универзитетското студентско собрание (УСС) преку социјалните мрежи ги извести студентите дека ќе има чувари на факултетот, а вежбите нема да се одржуваат по 16 часот, како и дека ќе се зголеми безбедноста на локацијата, известува Порталб.мк.   Студентите...

Студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје мета на крадци, бараат итни безбедносни мерки

Студенти на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје се жалат дека во близина на факултетот во доцните попладневни часови, по наставата, непознати лица под закана со нож ги напаѓаат и ограбуваат. Полициските власти потврдија дека од јуни досега, во полиција биле пријавени три вакви случаи, но дека сторителите не се приведени. Студентите потпишале петиција...

Двајца полицајци убиени на должност во Сараево

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил. Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје. Притоа бил убиен Адис Шеховиќ (46),...

Провалници во домот на новинарот Томислав Кежаровски, сопругата со сомнеж за мотивите

СВР Скопје денеска извести дека во 4 часот утринава „Т.К. од Скопје“ пријавил во Полициската станица Аеродром дека во текот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила...

Четири лица уапсени за кражбата на накит во Монте Карло

Француската полиција уапси четворица мажи поради сомневање дека ја ограбиле продавницата за накит „Картие“ во Монте Карло, а вратен е и поголем дел од украдениот накит. Грабежот се случил вчера, сред бел ден, а веднаш по инцидентот, полицијата ги блокираше улиците и набргу уапси еден од осомничените кај кого пронашла дел од украдениот накит. Крадците по грабежот подметнале пожар во тунелот кој се користи...

Крадци од Скопје „оперирале“ во деловни објекти во Охрид

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против две лица на 21-годишна возраст, како и против уште две малолетни лица на 16-годишна возраст, сите од Скопје. За сите пријавени постојат основи на сомнеж за сторени шест казнени дела „тешка кражба“. Кривичните дела, пријавените ги извршиле во неколку деловни објекти во Охрид, Агенцијата за привремени вработувања, продавници, во кафе барови, сендвичара, во магацински...

Кривични пријави за двајца разбојници од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Љ.Ј.(22) поради сомневање дека сторил три кривични дела, од кои две разбојништва и еден напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, и против скопјанецот В.П. (34) поради постоење сомнеж дека сторил две разбојништва, при што обајцата стекнале противправна имотна корист од околу 15.050 денари. Судија на претходна постапка на...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...