fbpx
Таг: КоцеТрајановски

таг: КоцеТрајановски

Промовирани електромобили и електротротинети за туристичко разгледување

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, денеска ги промовираа новите електромобили и персонални транспортери - електротротинети за изнајмување. - Станува збор за седум нови електромобили и за пет нови електротротинети, кои ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот....

Градоначалникот Трајановски им посака успех на учениците од „Панче Арсовски“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, на првиот училишен ден го посетија средното училиште „Панче Арсовски“, каде на учениците запишани во прва година им посакаа добредојде во училиштето, успех во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи. - Денеска почнува новата учебна година, а на учениците запишани...

Почна втората фаза од реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и на Општина Аеродром, Ивица Коневски, го означија почетокот на реконструкцијата на булеварот Јане Сандански, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата Васко Карангелевски, во должина од 475 метри. - Овој проект е продолжување на проектот за реконструкција на булеварот Јане Сандански што Градот Скопје го реализира во 2012 година, кога...

СДСМ: Сликањето на Коце Трајановски со атмосферска канализација е навреда за скопјани

За главен град на европска држава во 2015 година, трагично е градоначалникот да се фали со изградба на атмосферска канализација сред Скопје, велат од СДСМ. „Да не беа спомениците на лавови, фонтани, барокни фасади и останатиот раскош и луксуз на Никола Груевски и на Коце Трајановски, атмосферската канализација на улицата Боца Иванова во Скопје ќе беше одамна изградена. Не само тоа,...

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од осумте канцеларии каде се издаваат електронските картички. - Паралелно со издавањето на овие картички, од денес...

Пуштена е во употреба реконструираната улица Јордан Мијалков

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски денеска официјално ја отворија за сообраќај улицата Јордан Мијалков. Сообраќајницата во изминатиов период се прошируваше и се реконструираше на потегот од крстосницата со улицата Герман до раскрсницата со улицата Павел Шатев. - По проширувањето, оваа сообраќајница доби три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, улично осветлување, сервисна коловозна...

Почна јубелејното десетто издание на „Баскерфест“

Вчеравечер на плоштадот Филип Втори почна јубилејното, десетто по ред издадние на Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2015“, кој оваа година ќе трае од 12 до 21 јуни. Новитет на годинешното издание е тоа што првпат ќе има детска креативна работилница, на која најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер-изведувачите. Покровител на манифестацијата е Град Скопје,...

Трајановски: Кафулињата во Скопје ќе работат по старо

На угостителските објекти нема да им се скрати работното време и ќе работат како и досега, до 24 часот, потврди градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. - Би сакал да го демнатирам тврдењето дека на кафанџиите ќе им биде скратен еден час од работното време. Тоа не е точно. Кафулињата и кафеаните ќе останат со истото работно време како и...

Одбележан почетокот на пролетта

Со низа активности за заштита на животната средина, денеска почна одбележувањето на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата 2015“. Во паркот на природата Гази Баба се одржаа едукативни предавања за заштита на бувот, како и акција за садење дрвца, на која присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, членови на Советот на...

Почна изградбата на надвозник преку автопатот Скопје – Петровец

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски, и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на пешачки надвозник преку автопатот Скопје – Петровец. Овој надвозник ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба.

Трајановски: ГУП на Град Скопје е донесен транспарентно

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вели дека сè што било донесено во Советот на Град Скопје било транспарентно, а во тоа учество имала и јавноста. - Прво би сакал да кажам дека се неточни искажувањата кои се дадени. Градот на еден крајно транспарентен начин го донесе Генералниот урбанистички план. Претходниот беше донесен во 2002 година, овој е од 2012 година. Планот...

Дератизацијата да се почне во ист период во цело Скопје

На денешната 15. седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, се дискутирало за данокот на имот, за процесот на подготовка на регулациони планови и за спроведување на дератизација на територијата на Град Скопје. - Спроведувањето на дератизацијата на територијата на Град Скопје е надлежност на општините, додека Градот Скопје е надлежен за спроведување на дезинсекција. Оваа година Градот Скопје ќе...

Акција за чистење на просторот во индустриската зона Визбегово

Град Скопје и јавните претпријатија, во соработка со Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово, почнаа акција за чистење и уредување на просторот во оваа зона, покрај Јадранската магистрала (Качанички пат). - Градот Скопје посветува големо внимание на индустриските зони во Скопје и оваа акција произлегува од одличната соработка што ја имаме со Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово. Ние редовно...

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа. Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на поранешниот македонски претседател Борис...

Град Скопје најави инфраструктурни проекти за 2015 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција се осврна на проектите што Градот Скопје ги реализира во годинава што изминува, а ги најави и градските проекти што се планираат за наредната 2015 година. - Годинава што полека ја оставаме зад нас, за Градот Скопје беше успешна. Завршивме значајни инфраструктурни проекти и решивме долгогодишни проблеми на граѓаните. Скопје во...

Трајановски се сретна со борците од НОБ

Во чест на 70 години од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија. Борците на средбата во кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 70 години, а градоначалникот Трајановски изрази длабока...

Почнува акцијата за чистење во Карпош

Утре во 13 часот, кај фонтаната во Карпош 3, меѓу улиците Никола Русински и Карпошово востание, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината.

Утре почнува акција за чистење во Аеродром

Утре во 13 часот, на булевар Јане Сандански, на паркиралиштето зад ТЦ „Капитол“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, ќе присуствуваат на акција за чистење која се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина Аеродром, на која ќе разговараат за...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...