fbpx
Таг: кота 59

таг: кота 59

Попоски: Не е прв пат да ѝ правиме услуга на ЕУ, а да не го добиваме соодветниот третман

Нема да биде прв, ниту последен пат да ѝ правиме услуга на Европа, а да не го добиваме соодветнио третман од другата страна, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски за време на денешната посета на „котата 59“ на македонско-грчката граница, со својот австриски колега и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц. Попоски, алудирајќи на ангажманот на земјава околу справувањето со...

Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Балканската рута ќе остане затворена за мигранти сè додека Брисел не реши поинаку

Границите долж т.н. балканска рута ќе останат затворени сè додека крајните дестинации на мигрантите, односно земјите од Западна Европа, не одлучат поинаку, заклучиле претседателите на Македонија, Хрватска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, кои денеска беа во посета на јужната граница, пишува „Радио Слободна Европа“ (РСЕ). Тројцата претседатели го посетија привремениот прифатен камп за бегалци „Винојуг“...

МВР за инцидентот: Повредени двајца полицајци, употребен солзавeц и шок-бомби

Двајца полицајци биле повредени во вчерашните инциденти кај граничната кота 59 на македонско-грчката граница, кога неколку стотици мигранти се обидоа да ја пробијат жичената ограда и да влезат во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалната информација од МВР за настанот, при интервенцијата не била употребена физичка сила и биле користени шок-бомби и солзавец. Оттаму велат дека нема повредени мигранти...

Грчките специјалци ги отстранија мигрантите од Идомени

Грчката полиција утрово, околу 6 часот, почнала да ги отстранува мигрантите што останаа заглавени кај Идомени откако вчера македонските власти го затворија преминот за авганистански државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. Како што пренесуваат грчките медиуми, припадници на полициската единица за справување со нереди ја расчистиле железничката пруга, која беше бликирана, и ги отстраниле неколкуте...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

МВР: Повредени 18 полицајци во судирите со мигрантите на границата со Грција

Во денешниот судир меѓу мигрантите и припадниците на безбедносните сили на границата со Грција, повредени биле 18 полициски службеници, од кои двајца имале потешки повреди на главата, а биле демолирани и неколку полициски и армиски возила, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, каде припадниците на Армијата на Република...

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...