fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Жбогар: Специјалниот суд ќе ја исчисти борбата на ОВК

Специјалниот претставник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар, денеска соопшти дека првите обвиненија покренати од Специјалниот суд за воени злосторства ќе бидат објавени на почетокот на 2016 година. - Специјалниот трибунал ќе ја исчисти борбата на ОВК бидејќи долго време тоа стои како црн облак или како јамка околу вратот на Косово – рече Жбогар. Косовскиот парламент се очекува наскоро...

Тачи: Одбивањето на мојата посета на Белград ќе има последици

Шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, изјави дека одлуката на официјален Белград да не ја одобри неговата посета се коси со дијалогот и со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија. Тачи изјави дека ваквата постапка ќе има последици, но рече дека нема да има директни контрамерки за српските политичари.

Весели: Косово не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

Косово не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, изјави претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, коментирајќи го вчерашниот напад врз полициската станица во Гошинце. Весели, како што јавува косовскиот весник „Газета експрес“, рекол дека официјална Приштина е заинтересирана за добри соседски односи со Македонија. - Не сакаме да имаме недоразбирања, ниту да се мешаме во нејзините внатрешни работи....

Рама тврди дека односите со Србија никогаш не биле подобри

Изјавата за обединување на Албанија и на Косово е извадена од контекст, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Ал Џезеира Балканс“. Рама оцени дека односите меѓу Албанија и Србија никогаш не биле подобри, додавајќи дека „мора да се разбере процесот на интеграција како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме едни кон други...

МНР на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце

Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце. Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него, исто така, стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професионална и нееднострана истрага. Официјална Приштина искажува подготвеност...

Зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово

Уставниот суд на Косово денеска едногласно ја донесе одлуката со која даде зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово. Според Уставниот суд, амандманот од Уставот на Косово, кој се однесува на основањето на специјалниот суд за воени злосторства, не го намалува човековите права и слободи, одредени со второто и со третото поглавје од уставот. Судот го оцени...

Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на владата во Приштина, соопштил дека следниот месец ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада. Мустафа најави дека средбата ќе се искористи за да покренат одредени иницијативи од двете страни, како и за да се постигнат договори за олеснување на економската соработка меѓу двете земји, но и за други...

Луначек: Земјите од ЕУ што не го признале Косово, да го направат тоа

Европратеничката и известувачката на Европскиот парламент за Косово, Улрике Луначек, денеска побара визна либерализација за граѓаните на Косово и ги повика членките на ЕУ што не ја признале независноста на Косово за промена на политиката. Луначек ги повика Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар да ја признаат независноста на Косово по примерот на другите членките на ЕУ, кои веќе го направиле тоа. -...

Тачи: ЕУ да ја прекине изолацијата на Косово

Заменик-премиерот на Косово, Хашим Тачи, ја повика ЕУ да ја прекине „неправедната изолација“ на Косово. Тачи денеска во Германија се сретна со група пратеници за Југоисточна Европа, а кои се членови на Бундестагот. - Пред пратениците нагласив дека иднината на Косово се ЕУ и НАТО и оти на тоа е посветено косовското општество и целата политичка класа - напиша Тачи на својот...

Повеќе од 18.000 граѓани на Косово влегле во Германија од почетокот на годинава

Од почетокот на годинава до 12 февруари, во Германија пристигнале 18.000 државјани на Косово, кои бараат азил и се распоредени по германските покраини. Министерството за внатрешни работи на Германија предупредува дека драстичниот пораст на бројот на азиланти претставува опасност за дестабилизација на Косово и на целиот регион. Бројот на одобрени барања за азил на граѓани на Косово во 2014 година...

Могерини: Косово и Србија постигнаа договор за правосудството

Премиерите на Србија и на Косово денеска ја довршија спогодбата во делот за правосудството, едно од клучните прашања од спроведувањето на бриселскиот договор за нормализирање на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. „Двајцата премиери ја довршија спогодбата за правосудството на Косово, затворајќи го клучното поглавје во спроведувањето на бриселскиот договор, што значително ќе го подобри...

Унгарија: Приведени 880 илегални мигранти од Косово

Унгарската полиција во текот на вчерашниот ден привела 937 мигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница. Како што јавуваат локалните медиуми, 880 од имигрантите се косовски Албанци, додека останатите се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и на Нигерија. Во последните три дена унгарската полиција привела повеќе од 2.000 илегални мигранти, од кои повеќето се жители на Косово.

Косовците ги надминаа Сиријците во барањето азил во Австрија

Жителите на Косово во јануари станаа најголема група поднесувачи на молби за азил во Австрија. Со поднесени 1.029 барања, Косовците ги надминаа Сиријците, кои бегаат од војната во својата земја. Во јануари годинава, вкупно 910 Сиријци поднеле барање за азил во Австрија. На трето место се Авганистанците, со 622 барања, а четврти се Ирачаните со 286 молби. Минатата година Сиријците беа најголема...

Албанија: Косовските политичари преку дијалог да најдат решение

Официјална Тирана ги повика косовските политичари да се дистанцираат од протестите во Приштина и повика на дијалог за наоѓање решение за отворените прашања. „Воспоставувањето на редот и на мирот е значајно начело за да се отвори патот за решавање на проблемите и е во служба на демократската стабилност на Косово“, стои во соопштението на албанското МНР.

Осумдесет повредени на протестите во Приштина

Најмалку 56 полицајци се повредени за време на денешните протести во Приштина, а повеќе од 100 лица се приведени, соопшти директорот на полицијата на Косово, Спенд Маџуни. - На еден полицаец му е тешко повредена главата, на друг раката. Останатите добиле повреди по телото - рече Маџуни. Српските медиуми јавуваат дека 80 лица се повредени за време на протестите, кои ескалираа откако демонстрантите со...

Јахјага повика да запрат судирите на улиците на Приштина

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, преку својот фејсбук-профил ги повика демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата и да се врати редот и мирот на улиците на главниот град Приштина. „Апелирам за смиреност и за враќање на редот на улиците и на плоштадите на главниот град. Апелирам до демонстрантите кои сè уште се на улиците на Приштина мирно да се разотидат и да...

Косово: Полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Косовската полиција со водени топови се обиде да ги растера демонстрантите во центарот на Приштина. Активистите на „Самоопределување“ со камења фрлаа по полицијата. Повредени се 30 полицајци, како и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери. Инцидентот настана откако претставникот на „Самоопределување“, Дардан Муличај, ѝ постави ултиматум на полицијата за 15 минути да ги отстрани блокадите поставени пред Владата на Косово. Муличај првин ја...

Косово го екстрадираше Алмир Дрпљанин

Косовската полиција го екстрадираше Алмир Дрпљанин, кој во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на Африм Арифи, припадник на полициските „Алфи“, што го уби пред Природноматематичкиот факултет во Скопје. Дрпљанин беше уапсен пред две години во Урошевац, а попладневно ѝ беше предаден на македонската полиција. За убиството на полицаецот, освен Дрпљанин, осудени на доживотен затвор се и...

На протестите во Косово повредени 23 лица

На протестите во Приштина повредени се 23, а приведени се 20 лица, изјави портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани. Неколку илјади граѓани учествуваа на маршот од зградата на владата до собранието на Косово за да го искажат своето незадоволство од положбата на металуршкиот комбинат „Трпеча“ и побарале оставки на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи. Дел од учесниците во протестот фрлале...

Отворање контакт-центар на граничните полиции на Македонија и на Косово

Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска, денеска на граничниот премин Долно Блаце, заедно со својот косовски колега, Скендер Исени, ќе го отвори новиот заеднички контакт-центар на граничните полиции на двете земји. На промовирањето на контакт-центарот ќе присуствува и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.