fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Антитерористички операции во Албанија, Косово и во Македонија

Заедничка антитерористичка операција беше спроведена минатата недела во Албанија, Косово и во Македонија, соопштија албанските власти. Во Албанија, специјализирани структури за борба против тероризмот во државната полиција, а во соработка со обвинителството за сериозен криминал, уапсија четири лица со албанска националност. Операцијата беше спроведена од државната полиција во координација со локалните полициски сектори на Тирана, Скадар, Дебар, Елбасан, како и со...

На Косово поведено обвинение против експратеник и неговата криминална група

Меѓународниот обвинител на Еулекс обвини група косовски Албанци и Срби, вклучувајќи и еден поранешен пратеник, за организирање криминална група што се занимавала со перење пари, мито, измами, злоупотреба на овластувања и со даночно затајување. Европската мисија за спроведување на владеењето на правото и законот, Еулекс, денеска поведе обвинение против групата. Во соопштението на Еулекс се наведува дека 39-те обвинети ги предводел пратеникот...

Холандскиот парламент потврди: Судот за злосторствата на Косово ќе биде во Хаг

Долниот дом на холандскиот парламент го усвои предлогот на министерството за надворешни работи на Холандија, седиштето на Специјалниот суд за злосторствата извршени од поранешните членови на ОВК да биде во Хаг, пишува „Косово сот“. Функционер на холандското МНР рече дека не е сигурно колку долго Специјалниот суд ќе работи затоа што тоа зависи од бројот на обвиненија, но оти неговиот...

ФИФА ќе ги казни Косово и Хрватска

ФИФА поведе дисциплински постапки против Косово и Хрватска поради тоа што навивачите на двете репрезентации за време на квалификациските натпревари за Светското фудбалско првенство извикуваа антисрпски пароли. Навивачите на своите јазици скандирале „Убиј го Србинот“ на натпреварот на кој Хрватска победила со 6:0. Натпреварот се одиграл на 6 октомври во албанскиот град Скадар, затоа што фудбалските стадиони на Косово не се...

Рама: Односите меѓу Албанија и Србија се променети на подобро

Еди Рама, премиерот на Албанија, синоќа во Белград го промовираше српското издание на книгата „Жртвување“. Тој вчера оцени дека изминатите две години, колку што поминале од неговата последна посета во Белград, односите меѓу двете држави се променети на подобро. - Работите се променети. Се сеќавам на изразот на лицето на вашиот премиер пред две години, кога го споменав Косово. Мислев дека...

Рама во Белград повторно ја повика Србија да го признае Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој е во посета на Белград, денеска повторно ја повика Србија што поскоро да го признае Косово. Тој истовремено посочи дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина. - Косово е прашање за кое во целост не се согласуваме, бидејќи мојот став е дека што поскоро Србија го признае Косово, тоа е подобро за...

Србија не го дава Трепча, но не сака судири, порачаа Вучиќ и Николиќ

Владата на Србија денеска одлучи да ги поништи правните последици од сите акти и дејства на Приштина кои се однесуваат на рударско-металуршкиот комбинат Трепча, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. На прес-конференцијата, по седницата на владата, премиерот Александар Вучиќ рече дека Трепча е од витално знаење за опстанокот на северот на Косово и додаде дека не разбира зошто Албанците го...

Нехат Тачи сослушан во Белград

Директорот на косовската полиција за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи, кој е осомничен за тероризам, од нишкиот затвор е префрлен во Белград каде денеска е сослушан во обвинителството за организиран криминал. Обвинителството соопшти дека осомничениот во целост го негира делото и дека истрагата ќе продолжи. Српската полиција го уапси Тачи на 29 септември, кога тој се обидел да влезе во Србија...

Србија ќе побара заседавање на Советот за безбедност на ОН поради законот за Трепча

Директорот на канцеларијата за Косово на владата на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјавил дека не го признава законот за Трепча, кој синоќа го усвои собранието на Косово, и дека ќе предложи српската влада итно да побара заседавање на Советот за безбедност на ОН, поради кршење на Резолуцијата 1244. Имено, законот за Трепча предвидува овој рударско-металуршки комбинат да стане акционерско друштво...

Србија пред тешка одлука за сопственоста на телекомот во Косово

Србија до недела треба да се изјасни за тоа дали ќе се согласи со предлогот за примената на договорот за телекомуникациите со Приштина, со које се предвидува Белград да се откаже од сопственоста над имотот на телекомот во Косово. Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека станува збор за тешка одлука, која може да има големи политички последици. „Многу е тешко...

Судот му одреди притвор од 30 дена на директорот на косовската полиција

Вишиот управен суд во Ниш му одреди 30-дневен притвор на директорот на косовската полиција за регионот Косовска Митровица, Нехат Тачи. Тачи беше уапсен пред два дена, додека патувал кон Ниш за да присуствува на судски процес. Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело тероризам.  

Дачиќ: Нема да има референдуми за одвојување на Војводина и за спојување на Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ја отфрли можноста за одржување референдуми за одвојување на Војводина од Србија и за спојување на Косово кон Албанија. - Референдумот во Војводина секако не е можен затоа што за тоа треба да се донесе одлука, а оние кои го предлагаат тој референдум немаат мнозинство да донесат одлука ни во месна заедница, а камоли...

Шефот на косовската полиција бил уапсен поради тероризам

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска потврди дека полицијата го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а како причина за апсењето се наведуваат обвиненија за тероризам. Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело „тероризам“, информираат од министерството. Во соопштението на министерството...

Уапсен директорот на косовската полиција

Српската полиција го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а причините за апсењето засега не се познати. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа, изјави дека Тачи бил уапсен синоќа, нешто по полноќ, на преминот Бела земја кај Бујановац. Според неговите зборови, Тачи преку територијата на Србија патувал кон една западноевропска земја со автомобил. Тој не кажа која е...

ЕУЛЕКС нуди награда од 82.000 евра за информација за убиецот на нивни вработен

За информација која би довела до убиецот на нивниот цариник Аудриус Шеневичиус, ЕУЛЕКС денеска понуди награда од 82.000 евра. Шеневичиус беше убиен од заседа на денешен ден пред три години, во северниот дел на Косово. Шеневичиус е убиен на 19 септември 2013 година по вооружениот напад врз две возила на ЕУЛЕКС кои се движеле кон преминот Јариње.

Албански демонстранти спречија Срби да стигнат до црква во Косово

Албански демонстранти го блокираа патот кон остатоците од манастирот посветен на успението на Пресвета Богородица, а за каде беше најавена богослужба за христијанското население во тој дел од Косово. Полицијата се судри со група од неколку стотини Албанци, кои го блокираа патот по кој 150 раселени Срби се упатија на литургија до местото Мушутиште кај Сува Река. Повредени беа неколку лица,...

Советот за безбедност на ОН ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот на политичко ниво, со оценка дека и понатаму постојат бројни предизвици кога е во прашање безбедносната ситуација на Косово. На денешната седница, на која бил претставен извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на УНМИК, амабасадорот на Русија во ОН, Виталиј...

Експлозија пред зградата на косовската радио-телевизија

Силна експлозија синоќа одекнала во дворот на Радио-телевизија Косово (РТК), во непосредна близина на сателитските предаватели, соопшти телевизијата. Во експлозијата, која одекнала синоќа околу 22 часот, нема повредени лица. Веднаш по настанот, полицијата ја блокирала зградата на телевизијата и трага по докази за да утврди дали зградата на телевизијата била цел на напад со експлозив. Во моментот на експлозијата, во просториите на...

Македонија и Косово ќе ја подобруваат трговската размена

Министерот за економија, Дритон Кучи денеска оствари билатерална средба со косовската министерка за трговија и индустрија, Хикмете Бајрами. Тие оцениле дека постоечките билатерални односи се добра основа за натамошно надградување и унапредување на соработката. Косовската министерка за трговија и индустрија рече дека меѓу Косово и Македонија има одлична трговска соработка, но додаде дека се уште има простор за нејзино понатамошно подобрување. -...

Солзавец повторно фрлен во косовскиот Парламент

Косовската опозициско движење „Самоопределување“ денеска фрли солзавец во косовскиот Парламент, за време додека Комисијата за надворешни работи го разгледуваше предлог документот за демаркација на границата со Црна Гора. Полицијата трага по Дритон Кауши од „Самоопределување“, кој со солзавец се обидел да го спречи усвојувањето на документот. Како што јавуваат косовските медиуми, документот сепак е усвоен со шест гласови, а на...

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...