fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Европскиот парламент го повика Косово на засилена борба со корупцијата

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ја усвои предлог-резолуцијата за Косово со 40 гласови „за“, 12 „против“ и со пет „воздржани“. - Денешното гласање повторно праќа силен сигнал дека иднината на независно Косово е во Европската Унија. Со само неколку чекори до либерализација на визниот режим, извештајот ги охрабрува сите политички страни на Косово да продолжат со својата...

Бангладеш го призна Косово

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, преку „Фејсбук“ соопшти дека Бангладеш ја признал независноста на Косово. „Со години се вршеа напори за ова признавање. Сега имаме 114 признанија“, напиша Хоџај. Веста за признавањето на Косово ја потврди и Министерството за надворешни работи на Багладеш.

Косово заслужува полноправно членство, смета новиот амбасадор на САД во ОН

Новиот амбасадор на САД во ОН, Ники Хејли, се заложи за полноправно членство на Косово во ОН, пренесува„Коха нет“ (koha.net). - САД веруваат дека меѓународната заедница треба да признае оти Косово направи големи чекори од прогласувањето независност. Косово заслужува да го заземе местото што му припаѓа во меѓународната заедница, вклучувајќи и полноправно членство во ОН - рекла Хејли на седницата...

Заедницата на српските општини ќе биде формирана, тврди Хоџај

Официјална Приштина ќе го исполни договорот за основање заедница на српски општини (ЗСО), соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај. - Тоа е во наш интерес и во интерес на српската заедница на Косово, да има тело кое може да ги поддржува, координира, кое може да им го подобри животот и да им помогне во интеграцијата во државните структури...

Бушати: Албанците во Македонија го бараат тоа што Србите на Косово веќе го имаат

Албанците во Македонија се клучен фактор за демократската стабилност и за иднината на евроатлантските интеграции на Македонија, а веќе една деценија бараат признавање на албанскиот јазик како официјален јазик, иако се неколкупати побројни од Србите на Косово, кои се 6 отсто, но нивниот јазик е официјален, рече шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати. Зборувајќи пред студентите на Универзитет „Луиѓи Гуракуќи“ во...

Хоџај: Приштина не може да каже со кого да коалицираат Албанците во Македонија

Во Македонија не треба да се постигне административен договор, туку политички, меѓу албанскиот фактор и македонската партија која ќе го добие мандатот, за идната владејачка коалиција да го реши еднаш засекогаш прашањето со употребата на албанскиот јазик, рече вчера косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај гостувајќи во емисијата „Арена“ на албанскиот телевизиски канал „Ора Њуз“. Тој им порача на...

Албанија и Хрватска му пишаа на НАТО дека Србија му се заканува на Косово

Министрите за одбрана на Албанија и на Хрватска, Мими Кодели и Дамир Крстичевиќ, му пишале на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за најновите случувања на Косово, пишуваат приштинските медиуми. Во писмото, Кодели и Крстичевиќ ја осудуваат националистичката реторика на српските власти, кои како што се наведува, има за дел да го поткопа суверенитетот на Косово и да ја дестабилизира...

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд...

Попоски: Дачиќ добро знаеше во која земја е дојден

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добро знаеше во која земја доаѓа, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Дачиќ знае која земја ја посетува. - Да, добро знаеше каде дошол и не е единствениот во Србија што знае која е оваа земја. Ги поканувам да дојдат и да ја посетат Македонија затоа што...

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и да не го напуштаат Косово,...

На Косово од денеска во функција е повикувачкиот број +383

„Пошта и телеком Косово“ денеска го реализираа првиот повик со повикувачкиот број +383. Директорот на компанијата, Агрон Мустафа, рече дека спроведувањето на договорот за повикувачки број го идентификува Косово на меѓународната сцена. Тој додаде дека со тек на време ќе се елиминираат сите повикувачки броеви што досега беа во употреба, а тоа се +377, +381 и +386. Спогодбата за повикувачки број е...

Четириесет и четири жени од Косово биле на боиштата на Блискиот Исток

Косовскиот центар за безбедносни студии соопшти дека од почетокот на конфликтите во Сирија и во Ирак, од 2012 до 2016 година, 44 косовски жени биле вклучени во тие конфликти, а меѓу нив има и 27 деца. Врз основа на истражувањето на овој центар, „жените кои учествувале во терористичките организации давале нега, промовирале идеологија на ектремно насилство и регрутирале други жени...

Вучиќ и Николиќ заедно ќе одат во Брисел на продолжението на дијалогот со Приштина

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на продолжението на дијалогот со Приштина, закажно за вторник следната недела, во Брисел, покрај него ќе учествува и претседателот на земјата, Томислав Николиќ. Вучиќ додаде дека очекува и другата страна, односно Косово, да ги испрати своите највисоки претставници. „Се надевам дека ќе има доволно разум и рационален пристап да не се повторни...

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата издадена од српските власти за...

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“,...

Возот украсен со фрески, наместо на Косово, ќе вози од Краљево до Пожега

Возот во боите на српското знаме, испишан со паролите „Косово е Србија“ на дваесетина јазици, нема да сообраќа од Белград до Косовска Митровица, како што претходно беше планирано, туку од утре ќе превезува патници од Краљево до Пожега, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. - Поради безбедност на патниците и на вработените во железницата, одлучив овој воз повеќе да не...

Вонредна седница на албанскиот парламент поради српскиот воз на Косово

Одборот за надворешна политика на парламентот на Албанија одржал вонредна седница за неодамнешните случувања на Косово, јавува приштинскиот весник „Коха“, додавајќи дека од истите причини е свикана седница и на албанскиот парламент. На седницата се разговарало за пробната линија на возот Белград – Косовска Митровица, како и за апсењето на лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, по...

Лавров: Не смее да се дозволи вооружен конфликт на Балканот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека војна на Балканот не смее да има, како и дека на албанските сили не им е местото на северот на Косово и Метохија. Тој го истакна ова на годишната конференција на руското министерство за надворешни работи, на кој една од темите беа и неодамнешните „искри“ помеѓу Белград и Приштина. - Силите на косовските...

Николиќ: Испраќањето војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, ги отфрли обвинувањата дека „ѕвечка со оружје“ и додаде дека неговата изјава за испраќање војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност. - Ние не ѕвечкаме со оружје туку на тоа предупредивме доколку биде загрозен српскиот народ на Косово и Метохија. Србија ќе ги одбрани Србите. И тука постои согласност помеѓу владата и...

Николиќ: Ако бидат загрозени Срби, ќе испратиме војска на Косово

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, вели дека Србија е подготвена да испрати вооружени сили на Косово и Метохија доколку биде загрозено српското население. - Ако бидат убиени Срби, да – рече Николиќ на прашањето дали Србија е подготвена да испрати војска на Косово и Метохија. Николиќ по седницата на Советот за национална безбедност, одржана во Генералштабот на војската на Србија, рече...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...