fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

ЕУ отвори пат кон сепаратизам по признавањето на Косово, тврди Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги критикуваше САД бидејќи не го почитуваат својот дел од договорот кога станува збор за меѓународните договори. Тој додаде дека Москва нема да излегува од таквите спогодби, но вети „инстантен, симетричен одговор“, ако Вашингтон прв го направи тоа. Говорејќи на форумот за меѓународна политика „Валдаи“ во Сочи, Путин говворел за новата криза со Каталонија и навел...

Земан: Во евроинтеграцијата на Западен Балкан, под знак прашалник е Косово

Претседателот на Чешка, Милош Земан, по дводневниот самит на шефовите на државите од Вишеградската група, изјави дека ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но наведе дека Косово е под знак прашалник затоа што сè уште го немаат признаено некои членки на ЕУ. Претседателите на Полска, Анжеј Дуда, на Чешка, Милош Земан, на Словачка, Андрек Киска,...

Истепан главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“

Главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“, Вехби Кајтази, бил нападнат денеска во центарот на Приштина. Тој добил тупаници в лице и по нападот побарал лекарска помош. Кајтази вели дека знае кој го нападнал и дека мотивот е тоа што го пишувал, но поради полициската истрага не смее да го открива идентитетот. - Знам кој ме нападна и овој случај...

Косово го одложи барањето за членство во УНЕСКО

Косовското министерство за надворешни работи соопшти дека Косово го одложи поднесувањето барање за прием во УНЕСКО. „Прагматичното одложување на зачленувањето на Република Косово во Интерпол и во УНЕСКО е договор во координација со САД,  Велика Британија, Франција, Германија и со Италија“, стои во соопштението. Министерството, исто така, верува дека ваквата одлука придонесува за зајакнување на меѓународната позиција на Косово, унапредување на...

Каталонија и Косово не се споредливи бидејќи Шпанија е во ЕУ, тврди Европска комисија

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија. - Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена од различни декларации и резолуции на Обединети нации и на меѓународната заедница....

БИХ немаат намера да го признаат Косово

БИХ нема да ја признаат независноста на Косово ниту, пак, ќе го разгледуваат ова прашање до крајот на мандатот на актуелниот Совет на министри, односно владата, порача денеска босанскиот министер за надворешни работи, Игор Црнадак, откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика БИХ да го признаат Косово. Причината е несогласувањето на Република Српска, која е еден од двата федеративни дела на...

Тачи тврди дека Косово ќе добие своја војска до крајот на годината

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека до крајот на оваа година Косово ќе добие своја војска. Тачи, во интервју за „Радиотелевизија Косово“ изјави дека во формирањето на косовската војска очекува силна поддршка и соработка од САД и од НАТО, вклучувајќи ги и измените на косовскиот устав, како неопходен услов. „Војската ќе биде воспоставена оваа година во соработка со НАТО и со...

Владината програма на Харадинај наиде на остри критики

На вонредната седница на Собранието на Косово, свикана од опозицијата, новата владина програма презентирана од премиерот Рамуш Харадинај наиде на силни критики. Шефот на парламентарната група на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, ја критикуваше владината програма, велејќи дека е сигурен дека тоа е дело на самиот премиер Харадинај, бидејќи според Коњуфца се работи за многу сиромашна програма од содржински аспект. Коњуфца...

Косово изгласа нова влада

Со 62 гласа „за“, во парламентот на Косово беше изгласана нова влада, предводена од лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај. Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници. Пред гласањето салата...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Македонија да знае дека Косово не смее да биде дел од Интерпол и од УНЕСКО, порача Вулин

Властите на Македонија треба да ја водат политиката на својата земја, но треба да знаат дека нам многу ни е важно Косово да не биде член на УНЕСКО и на Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин. - И Македонија и секоја друга земја треба да знае дека нам прашањето за УНЕСКО и прашањето за влез на Косово...

Уапесен косовски државјанин со лажна германска виза

Полицијата вчера го привела 40-годишниот Џ.Ш. на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје поради лажна германска виза која, како што изјавил, ја набавил од непознато лице во Германија за 1.000 евра. Како што соопшти МВР, претпладнето, при пасошка контрола за излез од Македонија, полицискиот службеник се посомневал во исправноста на визата на Џ.Ш. за постојан престој. Џ.Ш. бил повикан на дополнителен...

Кој за што, Дачиќ за името: Србија може да го смени ставот за признавањето на Македонија

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека Србија би можела да го промени ставот во врска со примената на уставното име на Македонија, доколку официјално Скопје го смени својот воздржан став и го поддржи влезот на Косово во УНЕСКО, пренесува српската државна телевизија, РТС. - Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

Срби и Руси уапсени на Косово за илегално минување на границата

Полицијата на Косово уапсила 11 лица, од кои пет се државјани на Србија, а шест на Русија, поради неовластено преминување на граничната линија. Лицата се уапсени во близина на Подујево, по добиени информации дека планираат илегално да влезат на Косово. Граничната полиција презела мерки и ангажирале патроли, кои околу 13.45 часот во близина на границата запреле две возила со српски регистарски таблички, во кои имало 11...

Судот во Гњилане го ослободи од вина Нацист за нападите во Скопје и во Тетово

Судот во косовскиот град Гњилане го ослободи Лирим Јакупи - Нацист, член на герилските групи на етничките Албанци во Косово, Македонија и во Србија, осуден за нападот врз македонската полиција во Тетово во 2004 и на полицијата во Скопје во 2014 година, јавува „Балкан инсајт“. Основниот суд во Гњилане вчера одлучи дека Јакупи не е виновен за вооружениот напад врз...

Четириесет жени од Косово се во екстремистички групи во Сирија и во Ирак

Според податоци на Центарот за анализи на безбедноста во Приштина, 40 жени од Косово се членови на екстремистички групи во Ирак и во Сирија. Центарот додава дека и 37 деца од Косово се во тие конфликтни зони. Според пласираните податоци од косовската полиција, 316 жители на Косово се заминати да се борат во војната во Сирија, најголем дел во периодот 2013...

Брнабиќ: Ако биде принудена, Србија ќе ја избере ЕУ, не Русија

Доколку Србија биде принудена да избира помеѓу блиските врски со Русија и членството во Европската Унија, ќе се одлучи за ова второто, изјавила премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во интервју за американската новинска агенција „Блумберг“, пренесува српската државна телевизија РТС. Брнабиќ во интевјуто рекла дека како премиерка ќе го продолжи патот кој го почна нејзиниот претходник, сега претседател на Србија,...

Двајца македонски државјани фатени во Косово со фалсификувани евра

Косовската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Хан Елези - Блаце, на косовско-македонската граница, поради поседување 4.190 фалсификувани евра. „Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од 50 евра,19 банкноти од 20 евра, три банкноти од 10 евра и шест банкноти од 5 евра, за кои постои сомнеж дека се фалсификувани“, соопшти косовската полиција. На уапсените им...

Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна и дека дијалогот мора да продолжи само за една точка - признавање на Косово. Според него, погрешна била одлуката на косовските институции  со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово. – Дијалогот со Србија е поставен на погрешни рамки, бидејќи...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...