fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Вучиќ: Ако идејата е дека Србија мора да го признае Косово, тогаш – фала, довидување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Давос изјави дека ако идејата на дијалогот меѓу Белград и Приштина и на процесот за нормализација на односите е само Србија да ја признае независноста на Косово, „тогаш - фала, довидување“, притоа истакнувајќи дека се потребни отстапки од двете страни. Вучиќ, кој учествува на Светскиот економски форум во Давос, пред новинарите изјави...

Тачи: Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик

Во интервју за „Дојче веле“, косовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците. - Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење -...

Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.

Вучиќ на Косово: Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите живеалишта на Косово, а дека за тоа ќе има понатамошна и поголема помош од државата. – Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од...

Вучиќ утре во посета на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре ќе престојува во посета на Косово, каде ќе разговара со политичките претставници на Србите и со граѓаните јужно од реката Ибар, соопштија денеска од неговиот кабинет. Како што се наведува, Вучиќ посетата ќе ја почне со обиколка на манастирот Бањска, по што ќе се состане со српските претставници на Косово на Техничкиот факултет...

Утврдено потеклото на возилото користено во убиството на Оливер Ивановиќ

Истражните органи на Косово потврдија дека со помош не меѓународните организации го утврдиле потеклото на возилото кое било користено во убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на Србите на Косово. Заменик-директорот на регионалната полиција „Север“ на Косово, Бесим Хоти за „Радио Слободна Европа“ изјавил дека преку меѓународните организации, кои на барање на косовската полиција излегле во пресрет, е...

Македонската влада изрази жалење за убиството на Ивановиќ и повика на разум

Македонската влада денеска изрази длабоко жалење за бруталното убиство на Оливер Ивановиќ, еден од политичките лидери на Србите на Косово. „Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално...

Делави: Ќе има последици ако се укине специјалниот суд на Косово

Амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави денеска изјави дека пратениците во косовското собрание кои ја поддржаа иницијативата за укинување на специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), како и политичарите кои ја ја предводеа, ќе се соочат со последици доколку иницијативата успее. Обраќањето на Делави во врска со специјалниот суд е одржано...

Обдукцијата покажува дека Ивановиќ бил убиен со шест куршуми

Обдукцискиот наод покажува дека косовскиот политичар Оливер Ивановиќ бил убиен со шест куршуми од пиштол марка М70А, познат како „долга деветка“. -Постојат шест влезни рани и четири излезни. Два куршума се задржале во телото. Повредите се во пределот на горниот дел на градниот кош – изјави Милан Ивановиќ директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица. Од таму додаваат дека обдукцијата траела...

НАТО го осуди убиството на Ивановиќ, за Русија тоа е кукавички чин

НАТО го осуди убиството на Оливер Ивановиќ и апелираше сите страни да покажат воздржаност и да им овозможат на правосудните органи да спроведат сеопфатна истрага. „КФОР продолжува да ја гарантира безбедноста, сигурноста и слободата на движење низ Косово“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лонгеску. Таа додаде дека НАТО во целост го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во посредство на ЕУ...

Харадинај закажа седница на Советот за безбедност на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за попладнево, во 18 часот, свика седница на Советот за безбедност. Како што наведуваат медиумите во Приштина, Советот ќе расправа за безбедносната состојба. Утринава во Косовска Митровица беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Убиството е причина за закажување на седницата.

Вучиќ: Убиството на Ивановиќ е терористички акт, бараме учество во истрагата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, е терористички акт и дека Србија ќе бара да учествува во истрагата на Косово. - За Србија ова е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него - изјави Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност на Србија. Тој...

Во Митровица е убиен Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби

Лидерот на иницијативата „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ утрово е убиен од огнено оружје во Северна Митровица, на Косово. Ивановиќ им подлегнал на повредите откако утрово околу 8.15 часот во него било пукано од огнено оружје пред неговата канцеларија во Северна Митровица, потврдил неговиот адвокат Небојша Влајиќ за „Радио Слободна Европа“. - За жал, лекарите во болницата во Митровица во 9.30...

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Косово, почувствуван и во Скопје

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска напладне бил регистриран во Косово. Епицентарот бил на 30 километри западно од градот Пеќ во Косово на длабочина од 10 километри. Земјотресот беше почувствуван и во скопското епицентрално подрачје.

Стејт департментот бара од Косово да не се укинува специјалниот суд за воени злосторства

Американскиот Стејт департмент изрази длабока загриженост поради обидите на косовскиот парламент да го укине законот за новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за злосторства извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Вчера и Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека го оценува како прогрешен...

САД и ЕУ ја критикуваат Приштина за укинувањето на специјалното обвинителство

САД и Европската Унија соопштија дека се спротивставуваат на каква било акција од страна на косовското раководство да изврши притисок за ставање крај на судот за воени злосторства поврзани со борбата за независност од 1998 до 1999 година, нарекувајќи го ова „ужасна идеја" што ќе доведе до изолација на земјата. Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека таквиот потег...

Заев предлага заеднички компании со Косово за струјата, железницата и авиосообраќајот

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Приштина со бизнисмените од Косово, потсетил дека Македонија и Косово покренале иницијатива за формирање на заедничка економска зона, царинска унија и олеснување на граничните процедури и порачал дека двете земји имаат заеднички интерес за формирање заеднички компании и оператори за менаџирање на енергетската мрежа, железничкиот и авио-сообраќајот, се вели во официјалното соопштение...

Заев со владина делегација утре во официјална посета на Косово

Премиерот Зоран Заев со владина делегација утре ќе претстојува во официјална посета на Република Косово, соопшти владината прес-служба. Делегација, што ќе ја предводи Заев, ја сочинуваат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми. На агендата, во рамките на посетата, предвидени се неколку...

Заев и Харадинај ќе разговараат за меѓународната истрага за „Диво Насеље“

Најавената меѓународна истрага за целосно расчистување на настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година, не била тема на денешната официјална средба меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и на Косово, Оливер Спасовски и Фламур Сефај во Скопје. Ова, одговарајќи на новинарско прашање, го соопшти косовскиот министер за внатрешни работи и додаде дека за ова...

Протест во Приштина, се бара ослободување на осудените во „Диво Насеље“

Неколку стотици лица денеска протестираа во центарот на Приштина во знак на поддршка на 19 Косовци кои се осудени во Македонија како дел од кумановската група во случајот „Диво Насеље“. Протестот го организираа семејствата на осудените Косовци, а беше поддржан од ветераните на ОВК и од други слични организации. Од протестот беше испратен апел за нов судски процес, Македонија итно да ги...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...