Работнички се сели во трета лига


Скопје, 7 ноември, 2014 - 18:36 (META) 

Работнички се исклучува од тековното натпреварување и следната сезона се префрла во најнизок ранг на натпреварување поради самоволното напуштање на теренот и одбивање на повикот на првиот судија играчите да се вратат на теренот.

Натпреварот е регистриран со 20:0 за МЗТ Скопје Аеродром, а Работнички не го добива бодот наменет за поразениот.

Тимот од „Градски парк“ заработи и казна од 30.000 денари поради фрлање димна бомба и тврди предмети на теренот, како и поради плукање на службените лица.

Претставникот на КК Работнички најави дека клубот ќе достави жалба до Арбитражната комисија на МКФ, за одлуката на комесарот.

Истовремено, клубовите-членки на Здружението на прволигаши едногласно се произнесоа дека не се за исфрлање на Работнички во третата лига и побараа нивниот став да се достави до Арбитражната комисија на МКФ.


Диксон си заминува од МЗТ


Скопје, 6 ноември, 2014 - 12:03 (META) 

Дион Диксон не успеа да се наметне кај стручниот штаб на МЗТ Скопје и до крајот на оваа седмица ќе ја заврши својата авантура како член на македонскиот шампион. Уште минатата седмица беше најавено дека со Диксон не е потпишан перманентен договор, туку американскиот бек се наоѓа на проба. Сепак, овој кошаркар не успеа да се снајде на натпреварите со Цедевита и со Работнички, постигнувајќи пет поени на дуелот од АБА-лигата и не запишувајќи се меѓу стрелците на вечното македонско дерби.

МЗТ Скопје веќе в недела го очекува гостување кај српскиот гигант Партизан, дуел на кој Диксон нема да биде во тимот на тренерот Врбица Стефанов.

Србинот Цветковиќ поради повреда не настапи против Работнички. Тој во последните денови се наоѓаше на терапии во Белград, но се очекува да биде подготвен за настап против „црно-белите“ в недела.


Атлантна без Антиќ загуби во првиот натпревар од новата сезона


Атланта, 30 октомври, 2014 - 12:23 (META) 

Екипата на Атланта, на гостувањето во Торонто, со пораз ја почна новата сезона во НБА-лигата и загуби со 109-102, а во тимот на гостите немаше место за македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Антиќ, по одлуката на тренерот, не доби шанса да настапи на првиот меч во новата НБА-сезона.

Мајами славеше против Вашингтон со 107-95, на дуелот во кој доминираше Бош кај Мајами со 26 поени и со 15 скока, а го следеа Кол со 23 поени и Двејн Вејд со 21 поен.

НБА-РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Милвоки 108-106

Индијана – Филаделфија 103-91

Бостон – Бруклин 121-105

Мајами – Вашингтон 107-95

Торонто – Атланта 109-102

Мемфис – Минесота 105-101

Њујорк – Чикаго 80-104

Денвер – Детроит 89-79

Јута – Хјустон 93-104

Феникс – ЛА Лејкерс 119-99

Сакраменто – Голден стејт 77-95

Портланд – Оклахома 106-89