fbpx
Таг: кошарка

таг: кошарка

Работнички исклучен од Суперлигата

Комисијата за натпреварување го исклучи Работнички од понатамошното натпреварување во Суперлигата и тоа поради два порази со службен резултат, пишува „Спортмедиа“. „Центарци“ викендов одбија да играат против Карпош соколи, меч кој денеска беше регистриран со 20-0 за „соколите“, што беше втор „жолт картон“ за тимот од „Градски парк“, кој на почетокот од сезоната загуби на „зелената маса“ и од МЗТ...

МЗТ Скопје го совлада Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ја совладаа екипата на Куманово со 81-74 и со тоа се зацврстија на челната позиција на табелата во првата македонска кошаркарска лига, пренесува „Екипа“. Клучна за победата на МЗТ беше третата четвртина од натпреварот, во која тимот од Аеродром со доминантна игра успеа да создаде предност, која ја задржа до самиот крај. Најефикасен во тимот на...

Петар Наумоски, кандидат за претседател на кошаркарската федерација

Од Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) потврдија дека Петар Наумоски ќе биде кандидат за претседател на федерацијата. Зад кандидатурата на Пеце Наумоски застанаа 21 клуб од вкупно 27 кои имаат право на глас во собранието на МКФ. - Имавме средба со Петар Наумоски, кој прифати да биде кандидат за претседател на МКФ откако актуелниот би бил...

Кливленд по продолжение го совлада Сан Антонио

Ноќеска, на гостувањето кај шампионот Сан Антонио, екипата на Кливленд по продолжение славеше победа  со 128:125. Предводник до триумфот беше Кајри Ирвинг, кој постигна рекордни за него 57 поени. Ирвинг реализираше и тројка за изедначување (110:110) и со тоа избори продолжение. Претходно негов рекорд беа 55 поени против Портланд во јануари годинава. Ова, воедно, е и рекорд за екипата на Кливленд бидејќи...

Србија сака да биде организатор на ЕП во кошарка 2017 година

Кошаркарската федерација на Србија сака да се пријави за организација на една група на ЕП 2017, доколку ФИБА го задржи овој систем на натпреварување со повеќе организатори, пренесе „спорт365.мк“. Србија беше кандидат за организација на Еуробаскет 2015 година, но поради големи финансиски трошоци на челниците на КСС, се откажа од кандидатура. Последен пат нашиот северен сосед го организираше ЕП во 2005...

МЗТ Скопје ја совлада Струмица со 62 поени разлика

Кошаркарите на МЗТ Скопје, во натпревар од 15. коло во Првата лига, го совладаа тимот на Струмица со резултат 107-45. Дури петмина кошаркари од победничкиот тим постигнаа двоцифрен број поени. Најефикасни на натпреварот беа Стефан Синовец и Марко Симионовски, секој со 18 поени, Урош Лучиќ додаде 16, а Предраг Самарџиски натпреварот го заврши со дабл-дабл од 11 поени и со исто...

Кошаркарите на Работнички триумфираа во Купот на Македонија

Кошаркарите на Работнички триумфираа во финалето на Купот на Македонија, кое се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“, совладувајќи го тимот на Кожуф со 74-66. Клучна за победата на Работнички беше третата четвртина од натпреварот, кога тимот од Градски парк направи двоцифрена предност, откако првиот дел помина во незивесна и резултатски изедначена игра. За најкорисен играч беше прогласен играчот на победничкиот...

Филм за југословенската повоена кошаркарска репрезентација

Вистински спортски настани повторно ќе се овековечат на големото платно, преку продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“. Овојпат приказната е посветена на југословенската кошарка. Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ ја следи приказната за четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион...

Кошаркарскиот клуб Работнички го избра новото раководствo

Нов претседател на кошаркарскиот клуб Работнички е Ристо Гапиќ, а за нов извршен директор е избран Васко Кичевски. - Главна цел е да го задржиме сјајот на најтрофејниот клуб во Македонија, КК Работнички, и со тоа да успееме да ја вратиме титулата дома, во „Градски парк“. Големо задоволство ми е што на чело на стручниот штаб го имаме „докторот“, Марин...

Феникс санс со шеста победа по ред

Откако ноќеска славеа на гостувањето во Лос Анџелес кај „лејкерс“ со 116:107, кошаркарите на Феникс санс ја извојуваа шестата победа по ред. Резултати: Кливленд – Детроит 80:103, Сан Антонио – Хјустон 110:106, Далас – Оклахома Сити 112:107, Портланд – Њујорк 101:79, Денвер – Торонто 102:116, Шест натпревари се на програмата вечерва: Шарлот – Милвоки, Индијана – Чикаго, Бруклин – Сакраменто, Орландо – Мајами, Хјустон – Вашингтон, ЛА клиперс – Јута. Пласман Источна конференција: Торонто 24-7 (победи-порази), Атланта...

МЗТ загуби од Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањетo во Хрватска, од Цибона го доживеа осмиот пораз во регионалната АБА-лига (70:61). Најефикансен кошаркар кај МЗТ беше Диксон со 18 постигнати поени, а најдобар поединец на натпреварот беше Лалиќ кој уфрли 20 поени. Македонскиот интернационалец Владо Илиевски забележа пет поени и три асистенции.

Џастин Тимберлејк на кошарка со баба му

Пејачот Џастин Тимберлејк на социјалната мрежа „Инстаграм“ постави заедничка слика со баба му, Сади Бомар, на кошаркарски натпревар помеѓу „Мемфис гризлис“ и „Мајами хит“. Тој на сликата напишал дека нивниот фаворит, тимот од Мемфис, победил со 16 поени разлика затоа што баба му им донела среќа.

Кливленд со осум победи во низа

Кливленд вчеравечер на свој терен го победи лидерот на Источната конференција, тимот на Торонто. Со тоа ја извојува осмата победа во низа. Торонто има резултат од 16 победи и од шест порази, додека Кливленд ја забележа 13. победа во 20 одиграни натпревари. Резултати на ноќешните дуели: Кливленд – Торонто 105:101, Детроит – Портланд 86:98, Мемфис – Далас 114:105,Њу Орлеанс – Њујорк 104:93, Оклахома Сити –...

МЗТ – Скопје му гостува на Унион Олимпија во Љубљана

Во рамките од 10. коло во АБА-лигата, МЗТ - Скопје денеска, со почеток во 21 часот, ќе му гостува на тимот на Унион Олимпија во Љубљана, Словенија. Ова е трета средба на Унион Олимпија и на МЗТ во рамки на Јадранската лига, а досегашниот резултат е 1-1.

Перо Антиќ и Аталанта ја извојуваа осмата победа во НБА

Со победата на домашен терен против Њу Орлеанс од 100-91, Аталанта ја извојува осмата победа во НБА-лигата . Перо Антиќ оствари пет поени, два скока и една асистенција, а на паркетот помина 21 минута. Најдобар во домашниот состав беше Тиг, со 26 поени. Атланта се наоѓа на петтото место, со осум победи и со шест порази. НБА-резултати: Портланд – Мемфис 99-112 ЛА лејкерс – Минесота 119-120 Денвер – Феникс...

НБА: Торонто ја забележа шестата последователна победа

Совладувајќи ја Атланта со 126:115, Торонто ја забележа шестата последователна победа. Перо Антиќ одигра 17 минути и забележа пет поени, три скока и една асистенција додека прв стрелец во тимот со 24 поени беше Џеф Тиг. Во Торонто, Де Мар де Розан постигна 27 поени, а Лу Вилијамс-22. Сан Антонио ја продолжи победничката серија совладувајќи ја Индијана со 106:100. НБА-резултати: Шарлот - Портланд...

Работнички останува во Прва лига

Арбитражната комсија ја укина одлуката Работнички да биде префрлен во трета лига
Арбитражната комисија на Кошаркарската федерација на Македонија ја укина одлуката на комесарот Бобан Јосифовски, КК Работнички да биде исфрлен во трета лига по прекинот на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во „Градски парк“. Членовите на комисијата ја уважија жалбата на Работнички и повторно му го вратија случајот на решавање на Комесарот на натпреварувањето чија одлука сметаат дека е нејасна и...

Коби Брајант рекордер по промашувања

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, почна да руши и негативни рекорди. Тој од синоќа е рекордер по промашени шутеви во НБА-лигата. Брајант во поразот на Лејкерс од Мемфис го сруши негативниот рекорд кој досега го држеше легендата на Бостон, Џон Хавличек, промашувајќи по 13.418. пат во кариерата. Натпреварот го заврши со 28 поени, седум скокови и со шест асистенции. -...

МЗТ со нов пораз во Белград

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА-лигата откако синоќа загубија од Партизан во Белград со 65:50 (11 : 15,18 : 14,21 : 11,15 : 10). Ова за „металците“ е трет пораз по ред. По оставката на тренерот Врбица Стефанов, натпреварот го водеше неговиот помошник Боби Митев. Освен првата четвртина, која им припадна на кошаркарите на...

Лестер Бо Мекејлеб се сели во Валенсија

Кошаркарскиот клуб Валенсија покажува сериозен интерес за Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб и, според шпанските медиуми, договорот би можел да биде потпишан во наредните денови. Тренерот на Валенсија, Велимир Перасовиќ, е заинтересиран за Мекејлеб откако екипата ја напушти Двајт Бајкс, кој се врати во САД. Валенсија ја забележа првата победа во Евролигата откако во четвртото коло славеше над Лаборач Куча...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...