fbpx
Таг: кошарка

таг: кошарка

Пет навивачи приведени на вчерашното кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ

Вчерашното кошаркарско дерби меѓу МЗТ-Скопје и Работнички во спортската сала „Кале“ во Скопје им создаде полни раце работа на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пет навивачи биле приведени, од кои еден бил малолетник што агресивно се однесувал кон полицајци и физички нападнал еден од нив додека полицаецот извршувал службени дејствија. Четири други лица се приведени поради...

Учениците од гимназијата „Никола Карев“ победија на европското средношколско првенство во кошарка

Во неизвесна игра до самиот крај, со само четири бода разлика, учениците-кошаркари од скопската гимназија „Никола Карев“, денеска во финалето на Европското првенство за средношколци ја победија екипата на Чешка, од училиштето „Бохумил Храбал“. Под покровителство на Федерација на училишен спорт на РСМ, за прв пат во историјата на државата беше одржано Европско првенство во кошарка за средношколци (машки...

Повторното играње фудбал во канцеларија е мајтапење на Груби со јавноста на која ѝ се извинуваше

Само една недела по иритацијата врз голем дел од јавноста со играњето фудбал и баскет во канцеларијата на Артан Груби во која учествуваа уште пет колеги министри од ДУИ наречени „дрим тим“, вицепремиерот Груби повторно објави фотографија на својот официјален профил како игра фудбал со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос. Со тоа Груби, де факто се мајтапи со...

Контраспин: Дури ни Груевски не си дозволи пи-ар „рекреaција“ во канцеларија како Груби

Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар или се „рекреираше“ со...

Со кош од своја половина на Димитријевиќ во последната секунда, Северна Македонија го доби мечот против Данска

Со победа на гости против Данска, Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги започна претквалификациите за Европското првенство. Пресуден за победата на македонскиот тим беше погодокот од половина терен кој го постигна Ненад Димитријевиќ во последната секунда од мечот за конечен резултат 70-73. Димитријевиќ, кој инаку игра за рускиот клуб „Уникс“, поради истекувањето на времето стрелаше од огромна далечина, што на...

По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов период. Во машкото финале во...

„Специјална олимпијада“ со кошарка и музика го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Со песната „Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“ - Специјална олимпијада Македонија го одбележува 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост. „Ударот кој што го зададе пандемијата со ковид-19 сериозно го намали квалитетот на живот на атлетите на Специјална олимпијада Македонија, но и генерално на лицата со попреченост глобално, така што...

„Тројка за МЗТ“ – Аеродром ги кани сите заинтересирани на партија баскет во маало

Скопската општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават за учество на турнир во баскет насловен  „Тројка за МЗТ“ на [email protected]. Првиот маалски натпревар ќе се одигра на 3 јули во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. „Сите турнири ќе се одржуваат според правилата на ФИБА за игра 3 x 3 на реконструираните спортски игралишта на отворено на ниво на...

Heat Check – Стигнав до половина милион претплатници правејќи видеа од истата соба каде и спијам

"What's up everybody, my name is Stefan and this is Heat Check, let's get into it". Со оваа реченица Стефан од Аеродром ги започнува своите Јутјуб видеа посветени на НБА кошарката. Неговата пасија кон најпопуларната кошаркарска лига во светот се претворила во снимање видеа на оваа тематика и денес тоа е неговата единствена работа. https://youtu.be/RKPHjbsFaGE Стефан Нанев е сопственик на Јутјуб...

Со кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка, загина и тричлено семејство

Во хеликоптерска несреќа загина НБА-легендата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант која се сметаше за негова наследничка во кошарката. Помеѓу жртвите во несреќата се и семејството Алтобели, бејзбол-тренерот Џон, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за академијата „Мамба“ и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс. Според извештајот на полицијата на...

„Карпош соколи“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите

Кошаркарскиот клуб „Карпош соколи“ ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Кошаркарите од Карпош ќе одиграат три квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат...

Перо Антиќ ослободен од обвиненијата

Откако обвинителот ги отфрлил сите обвиненија против македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, кои беа дел од немила случка пред неколку месеци, во ноќен клуб во Њујорк, судот воопшто не го почна процесот. Тогаш Антиќ беше притворен заедно со Сефолоша, кој при апсењето доби скршеница на ногата, поради давање отпор на полицајците за време на приведувањето.

„Евробаскет 2015“: Македонија загуби од Грција со 65 – 85

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Грција со резултат 65 - 85, во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Македонските кошаркари во поголемиот дел од натпреварот беа резултатски близу со противникот. Грците клучната разлика ја направија во последната четвртина, која ја добија со 15 - 26. Најефикасен...

Почнува „Евробаскет 2015“: Македонија денеска игра против Грција

Со почетокот на натпреварите во групната фаза, денеска почнува 39. Европско кошаркарско првенство „Евробаскет 2015“, на кое, првпат во неговата историја, домаќини се четири земји, односно Германија, Хрватска, Летонија и Франција. Репрезентацијата на Македонија, која игра во групата „Ц“, денеска од 18 часот го игра првиот натпревар против тимот на Грција. Покрај Македонија и Грција, во оваа група се уште и репрезентациите...

Македонија ја совлада Украина на кошаркарскиот турнир во Охрид

Македонската репрезентација во кошарка ја совлада репрезентацијата на Украина со резултат од 81:51. Со оваа победа, нашата репрезентација го осигура првото место на подготвителниот турнир за Европското првенство. Турнирот во Охрид завршува утре, со мечот меѓу Украина и Израел.

МКФ му даде отказ на селекторот Џикиќ

Четириесетина дена пред почетокот на Европското првенство во кошарка, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) му врачи отказ на селекторот на репрезентацијата, Александар Џикиќ. „Македонската кошаркарска федерација со консензуална одлука на Комисијата за итност и со одобрување од телефонски консултираните членови на управниот одбор, го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација, Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во органите на Федерацијата,...

Џикиќ останува на селекторското место во македонската кошаркарска репрезентација

Александар Џикиќ останува на селекторското место во македонската кошаркарска репрезентација, пренесе „Македонски спорт“. Она што новиот предводник на МКФ, Петар Наумоски, го најави денеска, се реализира на состанокот во Белград. Џикиќ веќе го има составено поширокиот список, а на него се и Перо Антиќ, Предраг Самарџиски и Лестер Бо Мекејлеб. Во следните неколку дена и официјално ќе бидат обајвени имињата на...

Перо Антиќ бурно поздравен од навивачите на Олимпијакос во Атина

Страсните навивачи на грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос не ја заборавија љубовта и почитта кон македонската НБА-ѕвезда Перо Антиќ. Антиќ, кој викендов се најде во Атина за да го проследи натпреварот меѓу вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, беше френетично поздравен и испратен од навивачите кои верно го следеа две години додека играше за црвено-белите во Пиреа. Во моментот кога заминуваше од салата...

Вечерва почнува финалето на македонскиот кошаркарски плејоф

Вечерва, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 19 часот, се игра првиот финален натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродорм и Куманово од борбата за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија. Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродорм одбраната на титулата ќе ја почне на домашен терен, што е голема предност врз основа на резултатите на тимовите одиграни досега. За МЗТ Скопје...

Здружение на кошаркари: Спортскиот интерес е пред кој било друг

Здружението на кошаркари на Македонија со соопштение се обрати до јавноста со апел проблемите што поскоро да се надминат во интерес на спортот во државата. Во соопштението на македонските кошаркари стои: „Сакаме да ѝ се обратиме на целокупната спортска и поширока јавност и да го изнесеме нашиот заеднички став. Ова е став на сите македонски играчи од сите клубови што учествуваат во Суперлигата, без...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...