fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Корупцијата ѝ штети на економијата

Корупцијата предизвикува значителни штетни последици врз развојот на економијата со попречување на долготрајни странски и домашни инвестиции. Ова денеска го изјави министерот за правда Аднан Јашари, на денешната конференција „За усогласено управување и превенција на корупција во приватниот сектор“, во рамки на проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, финансиран од ЕУ. Според амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, искоренувањето...

Европскиот парламент даде условена препорака за Македонија

Со 404 гласа „за“, 74 против и со 29 отсутни, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија, што ја поднесе европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл. Документот што беше усвоен денеска во Стразбур содржи уште една, седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија. Сепак, препораката е условена. Во...

Заев на средба со Хојт Ји, се разговарало за Договорот од Пржино и за фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент задолжен за европски и за евроазиски прашања. Како што соопштија од СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија, за имплементацијата на Договорот од Пржино и за обезбедување услови за слободни, фер и демократски избори. Заев...

Јанева и Хојт Ји разговарале за предизвиците со кои се соочува СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, придружувана од неколку обвинители од нејзиното обвинителство, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот државен секретар за европски и за евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, и со заменикот амбасадор на САД во Македонија. На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочува СЈО во реализација на своите законски надлежности, како...

АЕК префрлала пари за аква-паркот, панорамското тркало, мајмуните и за „Сокол“

Презентација на студии на случаи со ризици од корупција се одржа денеска во хотелот „Холидеј ин“. Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) со поддршка од „Македонски центар за меѓународна соработка“ и од „Транспарентност Македонија“, презентираше четири студии чија цел е да се подобрат политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретни случаи. Александар Колекевски заедно со Ана...

Македонија е на 66. место по индексот на корупција во 2015 година

Македонија е на 66. место од 168 земји по индексот на корупција во 2015 година, покажува најновиот извештај на „Транспаренси интернешнал“. Индексот се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор, врз основа на неколку фактори, како тоа дали владини лидери во една држава се сметаат за одговорни поради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните,...

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на почетокот од октомври поради истрагите што се...

Специјалната обвинителка на Црна Гора го завршила мандатот без ниту еден процесуиран предмет

Случајот „Маѓар телеком“ беше повод Црна Гора да формира специјално обвинителство. Меѓутоа, назначената специјална обвинителка сè што било политички проблематично го сместувала во фиока. Ова го вели црногорскиот антикорупционер Вук Мараш од Мрежата за афирмација на невладинот сектор во Црна Гора на конференцијата за корупција и за јавни набавки што се одржува во Белград. - Од претходно имаме специјално обвинителство....

Банката „Ју-Би-Ес“ под истрага поради корупцијата во ФИФА

Швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ е под истрага поради поврзаноста со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), чии челници се осомничени за корупција. - Во „Ју-Би-Ес“ се истражуваат сметките на ФИФА и на другите фудбалски сојузи, органи и поединци – соопшти најголемата швајцарска банка. Истрагата се води против поединци и организации, меѓу кои се и сите наведени во обвинението на американските правосудни органи од 20...

Путин повикува на формирање глобална коалиција против корупцијата

Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата, оцени рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа е еден од најголемите глобални проблеми. „Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството“, рече Путин, во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј...

Платини призна: Примив пари по усен договор

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, призна дека имал потпишано договор кога примил пари од Сеп Блатер, претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Блатер минатата недела изјави дека му уплатил два милиони долари на Платини во 2011 година, на основа на „џентлменски договор“. Платини, за францускиот весник „Монд“, рече дека договорот бил направен меѓу нив двајца и оти мислел...

ФА ја суспендира поддршката за Платини за претседател на ФИФА

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека ја суспендира поддршката за претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во неговиот обид да стане претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА), пренесува „Би-Би-Си“. Против претседателот на УЕФА во моментот се води истрага поради 1,35 милиони фунти или околу 1,8 милиони евра што Платини во 2011 година ги примил од актуелниот претседател на ФИФА, Сеп...

Се трупаат барањата Јанева да биде „Катица за сè“?

„Маѓар телеком“, „Монструм“, „Куманово“, „Сопот“, „Кампања“ и сите нерешени случаи и корупција во државата да ги решава Специјалното јавно обвнителство. Ова се барања од аналитичарите и од помалите политички партии до специјалното јавно обвинителство. Вчера во медиумите се појави шпекулација дека министерот за правда Аднан Јашари, на средба со новата специјална обвинителка, побарал таа да го преземе и случајот „Куманово“. Портпаролката на Министерството...

Тасева: Корупцијата во „Телеком“ е потврда за договорот за ненапаѓање меѓу политичарите

Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност Македонија“ вели дека последните наводи изнесени за корупција во „Маѓар телеком“ се само уште една потврда дека нашите институции не сакаат да го истражат овој случај. - Не зборувам за тоа дали има капацитет или нема, нема потреба од многу капацитет за ова да се истражи затоа што сè е документирано. Поразителен е фактот дека...

Премиерот на Малезија осомничен за вмешаност во корупциски скандал

Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и документи, а со себе однеле и неколку компјутери за понатамошни проверки. Премиерот Разак ги отфрлил обвинувањата...

ТМ: „Скопје 2014“ е бунар без дно!

„Контроверзниот проект „Скопје 2014“ продолжува да функционира како финансиски „бунар без дно“ во кој исчезнуваат парите на граѓаните на Република Македонија. Од денешен аспект, оправдано се поставува прашањето дали на ваквото нерационално трошење на државните пари некогаш ќе дојде крај, бидејќи сега е веќе 2015 година, а проектот продолжува да троши милионски суми евра за нејасни и неоправдани цели“....

Движењето за реформи во ДПА: Во владата на Груевски, ДУИ била партнер за криминал

Движењето за реформи во ДПА, реагирајќи на денешната прес-конференција на СДСМ, оцени дека јавноста имала можност да ја слушне вистината дека досега разни државни механизми ја штителе ДУИ од компромитирање и дека граделе лажна слика за оваа партијa во очите на Албанците. „ДУИ дојде на власт преку крвта на Албанците, но ќе побегне од власт поради корупцијата, криминалот, финансиски злоупотреби...

ДУИ: Обвинувањата на Заев се извадени од контекст

ДУИ преку соопштение  ги демантира сите обвинувања искажани на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и нагласува дека станува збор за „обвинувања кои ги има само во неговите најави“. „Самиот факт што разговорот на претседателот на партијата со претседателот на разгранокот од Чаир, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје, (а за што ќе...

НДП: ДУИ е длабоко навлезена во корупција и во криминал

На Албанците одамна им било јасно кое е вистинското лице на ДУИ, на нејзиниот лидер и на неговите функционери, но сега веруваме дека и другите го видоа вистинското и реално лице на лажните патриоти, кои во јавност пред народот се продаваат како патриоти а во природниот свет се „покаур од каурите“, пишува во соопштението на Национална демократска партија. Во реакцијата...

Романскиот премиер осомничен за корупција

Романското обвинителство покрена истрага против премиерот Виктор Понта, за наводна вмешаност во фалсификување, перење пари, конфликт на интереси и во затајување данок. Локалните медиуми јавуваат дека премиерот утринава бил забележан како влегува во канцеларијата на Обвинителството задолжено за борба против корупција. Јавните обвинители изминатите месеци спроведоа серија апсења на високи функционери поради корупција.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...