fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Осомничените од „ТНТ“ денеска на распит

Осомничените во предметот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, денеска треба да бидат сослушани пред судија на претходна постапка во врска со мерките за обезбедување на присуство. Нивниот распит минатата недела беше одложен на барање на одбраната која побара дополнително време за увид во доказите. За сите четворица осомничени СЈО побара да се применат мерки за обезбедување на присуство, односно...

Шилегов: Пешевски во анкетниот лист не ја пријавил компанијата на Кипар

Криминално-корупциските скандали се секојдневие за владата на ВМРО-ДПМНЕ. Се отвори нов корупциски скандал по признанието на Владимир „дил-ориентед“ Пешевски дека се уште е директор на компанија од Кипар, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Пешевски го криел овој факт. Не ја пријавил компанијата во анкетниот лист, а директорската позиција ја криел и во неговата биографија. Спротивно на Законот...

Заниери: Жичените огради и затворените граници нема да ја решат бегалската криза

„Кревањето ѕидови и огради не е решение ниту за бегалскиот проблем ниту за кој било друг. На Европа и на Балканот им е потребна поголема соработка и заедничка развојна стратегија за подобро справување со бегалската криза“, порача генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниери, од Атина, говорејќи за безбедносните предизвици од бегалската криза на конференцијата „Миграција, бегалци и европска безбедност“, организирана...

Денеска во 18 часот повторно ќе се протестира пред СЈО

Денеска, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, граѓаните обединети во „Шарената револуција“ ќе протестираат против, како што велат, самоволието и авторитарното и корумпирано владеење. „Ние, македонските граѓани веќе не чувствуваме страв, туку само огорченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење! Како и минатата година, и сега режимот покажува дека не знае како да се справи со протестите! Се...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира против корумпираните институции

Темата на денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе бидат корумпираните институции. Протестот ќе почне во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. „Денеска, како и претходните денови, тргнуваме од СЈО. Оваа институција има цел да го почне расчистувањето со широко распространетата корупција на највисоко државно ниво. Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели, како режимот користи инспектори...

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата. Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на...

Лазаревик: Санкциите на ЕУ треба да бидат насочени кон индивидуи, а не кон државата

„Меѓународната изолација на Македонија како мерка против сегашната влада и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не е адекватно решение за решавање на големата политичка криза и за граѓанските немири. Наместо да ја обесхрабри, таа ќе ја поттикне владина реторика против ЕУ и НАТО. Од изолацијата на Македонија единствено корист ќе има Владата, која, всушност, макотрпно работи да ја оддалечи земјата од ЕУ и...

ОМД: Македонија да се обедини против корупцијата, непотизмот и анархијата

Обединтетата македонска дијаспора (ОМД) строго се спротиставува на создавањето на засебни и полуавтономни федерални тела во Република Македонија засновани на јазик, етничка припадност, религија или слично. „Оние кои ја застапуваат федерализацијата, не стојат на страната на најважните интереси на Македонија. Вакви движења единствено водат кон дестабилизација на државата. Нова политичка организација не е решение за фундаменталните прашања со кои Македонија...

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта, обвинуваат од СДСМ. „Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов - да биде партиски независен....

Во Кина досудена смртна казна за корупција

Властите во Кина осудија на смрт лице обвинето за проневера или земање мито поголемо од три милиони јуани (460.000 долари), јавуваат денеска локалните медиуми, повикувајќи се на правосудни документи. Кинескиот Врховен народен суд и Врховното народно правобранителство заедно ја донеле одлуката како додаток на ревидираниот кривичен закон од 2015 година. Смртната казна може да биде сменета во доживотен затвор без можност...

Платформа на граѓански организации упатија јавна реакција против одлуката на Иванов

Платформата на граѓанска организации за борба против корупцијата денеска упати јавна реакција против одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица за кои постојат докази и сомневања дека сториле кривични дела поврзани со политичката криза. Оттаму велат дека претседателот е должен да го штити интересот на граѓаните за безусловно...

Стејт департмент: Загрижени сме од одлуката на Иванов за помилување на функционерите

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува лицата што се предмет на истрага за скандалот со прислушуваните разговори, пишува во реакцијата на американскиот Стејт департмент. „Ако се спроведе, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционерите и ќе ги лиши граѓаните на Македонија од правдата. Таа, исто така, уште повеќе ќе го поткопа владеењето на...

Заев ги повика граѓаните да не учествуваат на нелегитимните избори на 5 јуни

СДСМ и коалициските партнери ја потпишаа платформата за демократска Македонија, за враќање на слободата и на демократијата. Со потпишувањето на платформата, партнерите се обврзаа заедно и бескомпромисно да дејствуваат, како што велат, во одбрана на правдата, вистината и на иднината. Од партиите велат дека платформата ги содржи демократските начела и принципи во кои тие веруваат и велат дека нема да...

Путин: Нема корупција во „Панама пејперс“

Во „Панама пејперс“ нема корупција, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тие имале цел да ја натераат Москва на послушност. - Нашите противници, пред сè, се загрижени заради единството и консолидацијата на руската нација, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да нè протресат однатре, да нè направат попослушни - тврди Путин. Истовремено, Путин рече дека е горд на пријателството со...

Дебата на „Метаморфозис“: Граѓанскиот сектор и медиумите го поттикнувааат доброто владеење

Граѓанските организации имаат важна улога во поттикнувањето на граѓаните да бараат отчетност од државните институции и да бидат вклучени во креирањето на јавните политики е заклучокот од тркалезна маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. На тркалезната маса се дискутираше за доброто владеење, медиумите, граѓанското учество, транспарентноста и...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

Ванхауте за „Мета“: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред. За постигнатото...

Корупцијата ѝ штети на економијата

Корупцијата предизвикува значителни штетни последици врз развојот на економијата со попречување на долготрајни странски и домашни инвестиции. Ова денеска го изјави министерот за правда Аднан Јашари, на денешната конференција „За усогласено управување и превенција на корупција во приватниот сектор“, во рамки на проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, финансиран од ЕУ. Според амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, искоренувањето...

Европскиот парламент даде условена препорака за Македонија

Со 404 гласа „за“, 74 против и со 29 отсутни, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија, што ја поднесе европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл. Документот што беше усвоен денеска во Стразбур содржи уште една, седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија. Сепак, препораката е условена. Во...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...