fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Стевче Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за претседател, Стевче Јакимовски и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се најдоа на црната листа на САД. Во соопштението на Американскиот Стејт департмент како причина се наведува дека двајцата биле инволвирани во коруптивни активности. „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и...

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода и безбедност меѓу Европската комисија...

Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата...

„Смрди“ кога стратешки инвестиции од 800 милиони евра се носат по скратена постапка

Јавноста се најде затечена од расправата што се води деновиве за законите за четири стратешки инвестиции во енергетиката во вредност од околу 800 милиони евра не по нејзина вина, туку по вина на Владата. Намерите за инвестициите се искажани од страна на Владата уште во 2021 и во 2022 г. и тие намери биле реализирани преку јавен повик и...

Анкета: Kорупцијата, ниските приходи и криминалот се најголеми проблеми за граѓаните

Корупцијата, ниските приходи и криминалот се трите најголеми проблеми со коишто се соочува Македонија според граѓаните, вели новото истражување „Перцепции за најголемите проблеми на граѓаните и државата“ спроведено агенцијата Проспект М по нарачка на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, чии наоди беа презентирани денеска. Од испитаните, 18 отсо се изјасниле дека корупцијата е клучен проблем, 15,5 отсто рекле дека...

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери

Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада. Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското Министерство за надворешни работи и...

Контраспин: „Кокошката“ на ДУИ не несела коруптивни јајца

Наспроти впечатокот што Османи сака да го креира во јавноста – дека во ДУИ се „вакцинирани“ против корупција и дека холандскиот амбасадор не ги критикувал, туку барал поддршка од интегративците за борбата со корупцијата, тонот на пораката на Јан Коп по средбата со Ахмети го говори токму спротивното. Во објавата на холандската амбасада прилично јасно е наведено дека се...

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството. Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето на Системот за национална интеграција...

Куќен притвор за поранешниот албански премиер Сали Бериша

На поранешниот албански премиер и лидерот на опозициската Демократска партија Сали Бериша денеска му беше одреден домашен притвор, известува Данас. Тој е под истрага за корупција. Судијката Ирена Џока од Специјалниот суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на обвинителот да се стави 79-годишниот опозициски лидер во куќен притвор откако тој прекршил претходни рестриктивни мерки кои го обврзувале...

Во собраниска процедура влегува законот за одземање имот стекнат со корупција

Министерството за правда соопшти дека во собраниска процедура влегува предлог-законот со кој се овозможува одземање имот стекнат со корупција, без да биде процедурално утврдена кривична одговорност. „Законот за канцеларија за поврат на имот влегува во собраниска процедура. Со новиот Закон,чиј предлагач е Министерството за правда , АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за...

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата ќе го вклучи и граѓанскиот сектор

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, кое се формираше со владина одлука со цел да се зајакне соработката меѓу надлежните институции заради унапредување на политиките и механизмите за превенција и справување со корупцијата, денеска ја одржа првата официјална седница. Со конститутивната седница претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На седницата детално...

Контраспин: Без трета опција шансите за прогрес на земјата се многу помали

Конкурентноста е лек за многу проблеми во економијата, но и во политиката, лек кој може демократијата да ја направи пофункционална. Инсистирањето на доминација во пратеничкиот состав и доминација во власта, можеби носи механизам за побрзо носење одлуки, но исто така и опасност од автократија, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ѝ се обрати на...

Сали Бериша обвинет за корупција во Албанија, одземен му е пасошот

Поранешниот премиер Сали Бериша е обвинет за корупција, одземен му е пасошот и доби забрана за патување во странство од страна на албанското обвинителство, пренесува Порталб.мк. Бериша има обврска редовно да се пријавува во полиција. Бериша е осомничен во истрагата на обвинителството поради сомнеж за корупција при приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизани“. За истото прашање вчера беше уапсен и неговиот зет...

Грковска-Кежмах: Не смее да има солидарност за судиите кои го рушат имиџот на професијата или се корумпирани

Судиите мора да ја чуваат својата независност и во таа насока не смее да има солидарност за оние кои што го рушат угледот на професијата или се корумпирани,  порачаа денес заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и потпретседателката на словенечкиот Судски совет, Уршка Кежмах кои имаа работен состанок во Љубљана. Тие на средбата...

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски

Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Досега не се вратил, поради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Гласот на Америка“, дадено по неговото обраќање во ООН. „Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа е...

Османи: Од медиумите дознав дека фирмата „Еуровиа“ е донатор на ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема ништо незаконско во случајот со фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во Скопје што ќе се одржи во декември. За случајот, постапка вчера почна Државната комисија за спречување на корупцијата. Османи уверуваше...

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

Многу е важно инспекторатите кои сè уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на координативниот состанок со претставници на сите државни инспекторати, а на кој присуствувала и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска. Тема на состанокот била динамиката...

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

И Орце Камчев се најде на црната листа на САД

Бизнисменот Јордан Орце Камчев заврши на црната листа на Министерството за финансии на САД, соопшти институцијата денеска. Потсекретарот на министерството, Брајан Е. Нелсон рече дека Камчев ја злоупотребил својата позиција ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија. „Бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев интензивно се занимава со корупција, вклучително и...

Од 30 предмети за струшкиот градоначалник Мерко – само една условна пресуда

Комисија на Јавното обвинителство извршила вонреден надзор над работата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, како и во предметите поврзани со работата на општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Разгледувани се вкупно 30 предмети поврзани со струшкиот градоначалник, кој се најде на црната листа на САД како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...