fbpx
Таг: Коридор 8

таг: Коридор 8

Автопатите на Коридорите 8 и 10д може негативно да влијаат врз шумскиот фонд

Сѐ уште не постои оцена на влијанието врз животната средина за првиот дел од автопатот Гостивар-Букојчани, каде што има пространство на шума. Заради недоволната јасност и прецизност на одредбите од Законот за животната средина, се поставува прашањето дали воопшто е започнат процесот за оцена на влијанието на делницата Гостивар-Букојчани. Ова се дел од заклучоците на Македонското здружение на млади...

Хелсиншки комитет со иницијатива до Уставен за законските измени поврзани со „Бехтел и Енка“

Хелсиншкиот комитет за човекови права доставил иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Според Хелсиншки, ваквото законско решение претставува...

Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид. Тој се надева дека за главниот...

Покрај ЕУ, за третата фаза од пругата кон Бугарија средства размислува да даде и ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) информираше дека ја разгледуваат можноста да одобрат нов заем во висина од 175 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија, меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир. Кредитот би бил одобрен на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на РСМ, а со овие средства би се изградила пругата...

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на Коридорот 8. На настанот присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. Сите тие заедно извршија непосреден надзор над...

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за...

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со...

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од...

Коридорот 8 вметнат во мапата на главните коридори во рамки на ТЕН-Т мрежата на ЕУ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските...

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...

Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]

Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, Македонија пред неколку години...

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор за предложените измени на Законот...

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на 115-тата седница закажана за...

Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира

Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со Коридорите 8...

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на...

Коридорите 8 и 10д и договорот со Бехтел и Енка – главна тема на пратенички прашања

Изградбата на коридорите 8 и 10д и договорот со „Бехтел и Енка“ беше главна тема на денешните пратенички прашања во Собранието. Пред пратениците најдолго образложуваше премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека „овој проект значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните 5 години“. На седницата за пратенички...

МТСП: Работниците на Коридорите 8 и 10д ќе потпишуваат изјава ако сакаат да работат прекувремено

Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, а доколку не сака, нема да биде принуден со сила, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а во врска со ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д. „Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден. Законите постојат за да ги штитат граѓаните....

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...