fbpx
Таг: Коридор 8

таг: Коридор 8

Џафери очекува автопатот Гостивар-Кичево да се заврши во 2027 година

Техничкиот премиер Талат Џафери заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на Коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево. Од локацијата во Горна Бањица тој рече дека станува збор за мегапроект кој се реализира во последните 30 години и чие завршување се очекува...

Ковачевски на пуштањето на патот Крива Паланка – Деве Баир „искара“ двајца бугарски премиери

На денешното свечено пуштање во употреба на реконструираната и рехабилитирана патна делница Крива Паланка - Деве Баир, македонскиот премиер во заминување Димитар Ковачевски ги искритикува поранешниот и сегашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков и Николај Денков дека не ги завршиле своите обврски за подобро сообраќајно поврзување на Северна Македонија и Бугарија. Делницата Крива Паланка- Деве Баир од државниот пат А2...

Ковачевски: Анексот за изградба на Кичево-Охрид мора помине низ Собрание

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека за било каков анекс за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид од кинеската компанија „Синихидро“ ќе мора да се изјасни Собранието. Тој додаде дека било каков договорен анекс со „Синохидро“ мора да биде одобрен во Собранието на РСМ, бидејќи овој автопат се прави со договор кој претставува закон и секој досегашен...

Иницијативноста за довршување на патниот и железничкиот Коридор 8 – белег на 2023

Решителноста на македонската влада да работи интензивно на изградбата на оската исток-запад, односно на реализацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 кој минува низ нашата земја е белегот на инфраструктурната 2023 година. Изминативе 12 месеци, изјавите на политичарите, невладиниот сектор и останатите субјекти во општеството, но и конкретните потези што беа преземени, му дадоа приоритет во јавноста на Коридорот...

Кинески „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид

Ноемвриските најави на премиерот Димитар Ковачевски оти е можно да се раскине договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградбата на автопатот Кичево-Охрид не се реализираа. Владата на денешната седница сепак одлучи да потпише анекс на договорот со изведувачот за да се продолжи рокот за изведба на градежните работи, но притоа нема да има ново финансиско задолжување за доградбата и...

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка сè уште...

Се чека извештај за автопатот Кичево-Охрид, а потоа ќе има одлука за „Синохидро“

Владата допрвo ќе донесе одлука дали кинеската компанија „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, а министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски уверува дека овој проект ќе биде завршен. Во текот на неделава треба да биде доставен извештајот на надзорниот орган и извештајот од ФИДИК-експертите до Јавното претпријатие за државни патишта и до Министерството за транспорт и...

Над 560 милиони евра обезбедени за пругата кон Бугарија и заеднички железнички премин со Србија

За изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија меѓу Крива Паланка и Деве Баир се обезбедени 500 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изјави дека над 560 милиони евра се обезбедени за реализација на значајни крупни инфраструктурни проекти во железничката инфраструктура. Освен за пругата кон Бугарија, обезбедени се и 7,5 милиони евра за изградба...

Бочварски: До крајот на годината јавен повик за изградба на третата фаза од пругата на Коридор 8

До крајот на годината очекувам да го распишеме јавниот повик за изградба на третата фаза на пругата на Коридор 8, односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Исто така очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски институции и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел...

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот на С.Македонија на...

ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид

По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја префрли во неспособноста на менаџментот...

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние...

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

Откако премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави, Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека ќе се изврши ревизија во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но и дека ќе се бара чаре за решавање на проблемот со 11 нови свлечишта кои се имаат појавено долж целата траса и кои ќе треба допрва да се санираат. „Во овој момент, во...

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – Ќафасан. „Недозволиво еден автопат од...

Пуштен во употреба реконструираниот пат од Струга до преминот Ќафасан

Реконструираниот пат Подмоље-Струга-Ќафасан денеска беше пуштен во употреба. Градежниот зафат чинеше скоро 8 милиони евра, а со неговото завршување ќе се подобри патната поврзаност меѓу Македонија и Албанија. Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп...

Желките и натаму побрзи од пругата кон Бугарија [видео+галерија]

Бавно тече изградбата на пругата кон Бугарија, која е придружена со протести на месното население од Куманово и нетранспарентност кон новинарите од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. На дел од трасата, степенот на изведба на железничката делница меѓу Куманово и селото Бељаковце изгледа идентично како и пред три години, кога Мета.мк последен пат излезе...

Автопатот Прилеп-Битола се гради, денеска и Ковачевски ја минираше трасата

По гостиварското село Горна Бањица, каде што пред неколку дена со минирање на теренот започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, денеска беше организиран и настан на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10д. И тука со чин на минирање беше означено интензивирањето на градежните работи на оваа делница што ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Овој пат на настанот присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, заедно...

„Еуровиа“ подизведува и за „Бехтел-Енка“, за опозицијата шокантен податок, за власта нема ништо спорно

Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Порталот А1он.мк деновиве објави дека фирмите „Еуровиа“, „АК Инвест“ и „Стентон градба“ се фирмите што се избрани за подизведувачи, додека вицепремиерот Артан Груби на вчерашната свеченост воопшто не го демантираше изборот на подизведувачи. „Целосната надлежност за подизведувачите е во рацете...

„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри. „Со почетокот на градбата на овие автопати почнува нова ера, во која наместо...

Со автопатите на „Бехтел-Енка“ се нарушени контролните точки што обезбедуваат интегритет во одлучувањето

Корумпираните актери прибегнуваат кон озаконување на коруптивната пракса за да осигурат дека дури и со непредвидлива иднина ќе ја избегнат правдата. Или накратко, од злоупотреба на воспоставени правила, корупцијата се преместува во доменот на воспоставување правила. Ова е еден од заклучоците од анализата на Институтот за демократија, која се фокусира на системските пропусти поврзани со изградбата на коридорите 8 и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...