fbpx
Таг: Коридор 10

таг: Коридор 10

Иницијативноста за довршување на патниот и железничкиот Коридор 8 – белег на 2023

Решителноста на македонската влада да работи интензивно на изградбата на оската исток-запад, односно на реализацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 кој минува низ нашата земја е белегот на инфраструктурната 2023 година. Изминативе 12 месеци, изјавите на политичарите, невладиниот сектор и останатите субјекти во општеството, но и конкретните потези што беа преземени, му дадоа приоритет во јавноста на Коридорот...

Воспоставен сообраќајот на пругата Велес-Гевгелија

Од денеска во 14 часот повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија. Испитувањата и техничкиот прием на санираниот мост на Црна Река кај Стоби се завршени, по што е ставен во функција товарниот и патничкиот железнички превоз, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин поради...

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура...

Мостот на Црна Река ќе се поправа 60 дена, за да тргнат возовите кон Гевгелија

Темелот на еден од столбовите на железничкиот мост на Црна Река кај Стоби е во многу лоша и очајна состојба. За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој најави дека ќе биде потребна поголема и потемелна санација на железничкиот мост пред да тргнат возовите на Коридорот 10. Бочварски вели дека нуркачкиот тим што бил обезбеден од...

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ. Тој изјави дека...

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

Нов прекин на патничкиот и товарниот железнички сообраќај на пругата Велес-Гевгелија поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско. Од вчера во целосен прекин е сообраќајот од 15:25 часот, а за патниците се организира автобуски превоз, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Согласно информирањето од Македонски железници дека поради напукнат бетонски столб...

Автопатот Прилеп-Битола се гради, денеска и Ковачевски ја минираше трасата

По гостиварското село Горна Бањица, каде што пред неколку дена со минирање на теренот започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, денеска беше организиран и настан на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10д. И тука со чин на минирање беше означено интензивирањето на градежните работи на оваа делница што ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Овој пат на настанот присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, заедно...

„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри. „Со почетокот на градбата на овие автопати почнува нова ера, во која наместо...

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна сигнализација за информирање на...

Со автопатите на „Бехтел-Енка“ се нарушени контролните точки што обезбедуваат интегритет во одлучувањето

Корумпираните актери прибегнуваат кон озаконување на коруптивната пракса за да осигурат дека дури и со непредвидлива иднина ќе ја избегнат правдата. Или накратко, од злоупотреба на воспоставени правила, корупцијата се преместува во доменот на воспоставување правила. Ова е еден од заклучоците од анализата на Институтот за демократија, која се фокусира на системските пропусти поврзани со изградбата на коридорите 8 и...

Автопатите на Коридорите 8 и 10д може негативно да влијаат врз шумскиот фонд

Сѐ уште не постои оцена на влијанието врз животната средина за првиот дел од автопатот Гостивар-Букојчани, каде што има пространство на шума. Заради недоволната јасност и прецизност на одредбите од Законот за животната средина, се поставува прашањето дали воопшто е започнат процесот за оцена на влијанието на делницата Гостивар-Букојчани. Ова се дел од заклучоците на Македонското здружение на млади...

Хелсиншки комитет со иницијатива до Уставен за законските измени поврзани со „Бехтел и Енка“

Хелсиншкиот комитет за човекови права доставил иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Според Хелсиншки, ваквото законско решение претставува...

Пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 8 до 14 часот до 10 јули

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура информира дека пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 26 јуни до 10 јули во периодот од 10 до 14 часот поради изведба на санациони работи. Патничките возови Скопје-Велес и Велес-Скопје, кои поаѓаат од 9:15 часот од Скопје, односно од 12:10 часот од Велес нема да сообраќаат овој временски период, освен во недела...

Се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија, возилата се движат по стариот пат

До април наредната година ќе се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија во должина од 15 километри. Делницата во правец од Гевгелија кон Скопје е затворена за сообраќај веќе неколку недели, а возачите се пренасочуваат на стариот пат меѓу Демир Капија и Неготино. Проектот за рехабилитација чини 9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта. Премиерот Димитар...

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за...

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со...

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од...

Од Владата најава за изградба на четврти блок во РЕК Битола и брза пруга кон Србија

За земјава да ја постигне енергетската независност од руски гас, клучно е во претстојниот период да се изгради интерконективниот гасовод од Неготино до Грција. САД даваат огромна поддршка на земјава, а од Владата повикуваат што поскоро во Собранието да се одблокира донесувањето на законот преку кој Електрани на Северна Македонија ќе биде во можност да влезе во инвестицијата за...

Ковачевски на камен-темелник за Коридорот 10-д: Доста беше зборување, да се фатиме за работа

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Прилеп присуствуваше и се обрати на настанот по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д. Вицепремиерот Артан Груби, овојпат облечен во бела маица на која е отпечатен бројот на Коридорот 10-д, рече: „Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози...

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...