fbpx
Таг: координативна средба

таг: координативна средба

Координацијата прекината, партиите на дополнителни консултации

Парламентарните политички партии поради дополнителни консултации, ја прекинаа координативната средба за собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата и со преговори ќе продолжат во 13 часот. На координативната средба, парламентарните политички партии треба да се договорат кој ќе биде претседателот на Комисијата за избори и за именувања. ВМРО-ДПМНЕ бара претседателот на комисијата да биде член од нејзините редови бидејќи...

Во 11 часот продолжува координацијата за Комисијата за избори и за именувања

Денеска, во 11 часот, во Собранието продолжува координацијата на парламентарните политички партии кои треба да се договорат кој ќе биде претседателот на Комисијата за избори и за именувања. Два дена партиите не можат да ги усогласат ставовите и цврсто остануваат на своите претходни изјави. ВМРО-ДПМНЕ бара претседателот на комисијата да биде член од нејзините редови бидејќи има најголем број пратеници, додека СДСМ...

Партиите на пауза, нема договор за претседател на Комисијата за избори и за именувања

По неполни два часа, претставниците на парламентарните политички партии заминаа на пауза без да успеат да ги усогласат ставовите за тоа кој треба да биде претседател на Комисијата за избори и за именувања. Координативната средба ќе продолжи во 15.30 часот. Вчера партиите се договорија само околу бројот на членови на Комисијата, па ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест членови, СДСМ – пет, а...

Напладне продолжува координацијата за Комисијата за изборите и за именувањата

Денеска напладне продолжува координацијата на партиите во Собранието за избор на претседател на Комисијата за избори и за именување. Партиите вчера се обидоа да постигнат договор за избор на претседател на комисијата, но не успеаја да се договорат дали претседателот ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. На вчерашната координација парламентарните партии успеаја да постигнат согласност само околу бројот на...

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6, СДСМ – 5, а ДУИ и Беса по 1 член во Комисијата за избори и за именувања

Претставници на парламентарните политичките партии на денешната координативна средба во Собранието постигнале договор за составот на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата како услов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница. Партиите се согласиле шест членови во комисијата да бидат од ВМРО-ДПМНЕ, петмина да бидат од СДСМ, а по еден член да имаат ДУИ и Беса. Претставниците на парламентарните групи моментално...

Партиите напладне ќе одржат координативна средба во Собранието

Политичките партии што имаат свои претставници во парламентот, денеска напладне ќе одржат координативна средба за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година. Иницијативата за продолжување на конститутивната седница, во име на 67 пратеници, во петокот ја поднесе генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски. – Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедувањето...

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Утре напладне...

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...