fbpx
Таг: конзервација

таг: конзервација

Започна првата фаза од конзервацијата и реставрацијата на скопскиот Аквадукт

Еден од главните симболи на македонскиот главен град - Скопскиот аквадукт од денеска влезе во процес на конзервација и реставрација. Министерката за култура Ирена Стефоска, придружувана од директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов и директорот на Конзерваторскиот центар - Скопје Коле Чапкановски, денеска ја презентираа реализацијата на првата фаза од овој проект, информираат од Министерството...

Ќе се конзервира иконостасот во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп

Иконостасот во прилепската црква „Свето Благовештение“ годинава конечно ќе се конзервира. Министерството за култура го прифати барањето и проектот на „Завод и Музеј- Прилеп“ и одобри 300.000 денари за заштита на ова ремек-дело на зографот Петре Гарката, изработено пред 180 години, кога е и градена оваа црква во Прилеп. Според стручњаците, иконостасот – резба во дрво, е со непроценлива вредност,...

Џамијата „Али-паша“ во Охрид се реконструира и се конзервира

Директорката на Завод и музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, денеска на прес-конференција изјави дека џамијата „Али-паша“ ќе остане во постојниот габарит, не се гради нова џамија, туку се врши само конзервација и реконструкција. Со оглед на тоа што деновиве во јавноста се дискутираше и се бараа одговори околу конзервацијата и реконструкцијата на џамијата, Паскали-Бунташеска рече дека од Управата за заштита...

Изложба за Борис Чипан, основоположник на заштитата на македонското градителско наследство

„По трагите на еден модернист“ е насловот на изложбата за познатиот македонски архитект Борис Чипан, по потекло од Охрид. Вечерва во 20 часот, во  Музеј на град Скопје, изложбата ќе ја отвори проф. д-р Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет при УКИМ. Изложбата се содржи од материјали од професионалната оставина донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје. „Збирката...

Канческа-Милевска и Бејли ја претставија реставрираната „Св. Богородица Перивлепта“

Со свеченост на која присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, денеска во Охрид беше претставен на јавноста комплетно конзервираниот и реставриран фрескоживопис во црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Конзервацијата траеше точно три години, додека истражувачките работи на архитектурата и на фрескоживописот се почнати уште во 2010 година. Во овој период,...

Конзервација на Саат-кулата во Неготино

Во Неготино во тек е реализацијата на проектот за конзервација на Саат-кулата. Во согласност со предвидениот план и динамика, стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот, на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период. По извршените испитувања, во рамките на активностите за конзервација и за реконструкција на кулата, ќе...

Конзервација и реставрација на Магаза во Охрид

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на културното наследство и музеј Охрид, ќе работат на санацијата и на реставрацијата на фасадата на објектот наречен Магаза, лоциран на улицата Климент Охридски во Охрид, на источната страна од старата Охридска чаршија, во непосредна близина на Чинарот, односно на плоштадот Крушевска Република. Санацијата и реставрацијата на објектот изграден...

Конзервација на фрескоживописот во храмот „Св. Ѓорѓија“ во Струга

Како дел од програмата на Министерството за култура за заштита на културното наследство, во тек е конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, значаен споменик на културата од 19 век. Конзервацијата се одвива во неколку фази и е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект. Претходно, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид, извршија...

Санација на бедемот на летната сцена Долни сарај во Охрид

Со средства од Министерството за култура, во Охрид во тек е завршната втора фаза од реализацијата на проектот за конзервација и за санација на оштетениот јужен бедем на летната сцена Долни сарај. Поради староста на малтерот на ѕидините кои се надвиснати над Охридско Езеро, во изминатиот период честопати доаѓаше до одрони, што претставуваше голема опасност за минувачите што се движат...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...